Дај му зошто да не. Алерген е кравјото. Со што да се борам против вируси во градинката? Зголемив на семиња, брокула свежа (лимон и портокал не сака), овошје секакво микс, манџи со зеленчук, свежи салати.
Искрено со вируси со ништо не можеш да се бориш. Градат имунитет и толку. Некои повеќе се разболуваат некои не и нема некоја врска со храна ако мене ме прашаш.
Од што свежа салата даваш и како ја јаде? Си ја џвака ? Моево се дави,па затоа ми е чудно. И обично ако јаде,а јаде малку,не сака да му мешам јадење.
Јас од свежи салати давам цвекло и морков, рендано на ситно во тоа сецкото од делимано на тубо, значи ептен ситно исто и зелка давам така. Пробав и марула да исецкам во тоа ама не успеа, дали дека е мека некако и само се искина и залепи некако и спласна ептен. Пробав и рукола со спанаќ, има едни готови вака мешани и спакувани, со нож само ја исецкав на поситно ама некако нејкеше да ја јаде. Чудна му беше текстурата, иако џвака цело време цврста храна и грицка, ова не успеа да го совладата му бегаа ливчињата низ уста и неможеше да џвака убаво, како да немаше за што да се “фати” па оставив и тоа за понатаму. Планирам летово да удиме ептен на салати. И домат исецкан на ситно му давам со исецкана моцарела. Со маслиново и сол. Ако се рачуна за салата
На 19 месеци можам да кажам дека е сештојад, има мерак и мерка, обожава цвекло, нудлс, супи, а веќе јаде сама и е пресреќна кога брца со лажицата. Од недозволени шеќери, ѝ имам дадено да проба киндер, Животинско царство и обични смоки. Минимум, за да знае дека не може да ги јаде кога ќе посака. Имаше денови кога ѝ растеа заби, па јадеше помалку и гризеше само леб, јаболко, или ладно кисело млеко. Не е маанџика, со задоволство јаде и фаќа со прибор, боцка со вилувче и уживање ми е да ја гледам кога ужива.
Зелена салата и давам ситно сецкана зелка со ситно сецкана краставица или шопска ситно сецкана, таратур и давам и брокула салата. Ги јаде само со маслиново и малку сол штом додадеш лимон одбива. Исто и тесто јаде со јогурт една апка тесто една лажица јогурт. Манџа - салата.
Салата на ренде му правам јас, крставица, цвекло, морков малку маслиново, лимон и сол, јади и сака моево.
Орев и мед нема да ти помогнат за анемија. За анемија ти треба внесување на повеќе железо и витамин Ц за да се врзе железото и повее фолна киселина за крвните зрнца. Значи се што содржи витамин ц (цитрони, пиперки, брокула) и се што содржи железо (месо, жолчка од јајце, мешункасти растенија, спанаќ - иако ова многу малку содржи искористливо железо).
све му давам на два денс спанаќ, брокула скоро на секоја манцичка, жолка, месо по еден цеден портокал на ден пие и сидерал гоцце веќе две дози амс пак хемоглобинот низок...
прочитав на интернет некои јадења за слабо крвни деца па содржат орев и мед затоа ме интересираше дали да воведам 13 месеци е...
Ти можеш да пробаш да воведеш ореви и мед и да следиш ситуација со дерматитот. Ако му се влоши ќе прекинеш. Ќе воведуваш како што се воведува нова намирница кај бебе (три дена по малку). Ако нема реакција тогаш продолжи со давање. Инаку сега се сетив дека таанот е богат со железо и фолна. Можеш и со тоа да пробаш, иако месо, жолчка и витамин ц е подобра опција според мене.
Направи хумус каков пекмез (имаш само шеќер и ништо друго во пекмез). За хуму купи тегла леблебија и зиблендај ја заедно со водата од теглата и малку лук. Потоа додади таан и малку цеден лимон (колку за вкус) и ете ти хумус. Имаш и таан богат со железо и витамин ц од лимонот за да се врзе железото. Дај му го како намаз на леб и/или нека брцка парчиња зеленчук ако јаде така зеленчук.
@happygirl има убав рецепт за печена пастрмка.Уште го немам пробано,ама на to do листа ми е. Ќе ти го пише кога ќе види,и јас не ја знам постапката убаво.
Јас пастрмка давам еднаш неделно, обично за викенд ја спремам за да јадеме сите 3ца риба. Свежа бела или црвена пастрмка, ги мијам убаво со вода, за да им падне тоа лигавото од кожата, ги редам рибите во тавче, внатре им ставам сецкан лук,и одоколу ставам сечкан зеленчук: компир, морков, брокула, малку кромид. Зеленчукот го посолувам со сол, и сушен зачин на Био Космос. Некогаш врз рибите ставам и лимонов сок. Ставам масло одозгора во тавчето и малку топла вода (не да ги облие). Печам првин со фолија, а по 10-15мин и без фолија. Превкусен оброк за целото семејство
@happygirl на гости кога ќе ме викнеш? Еве и од мене едно откритие https://moirecepti.mk/post/индиска-салата-ориз-авокадо-индиски-о
Кога сакате ајде бујрум со Емили Поканата важи за сите друшки од екипата П.С. можете ли да замислите да се запознаеме во живо, и децата да се здружат ? На толку муабети, ќе биде ко цел живот да се знаеме Си направив филм јас, готово.