Јас ќе ја организирам средбата да стане реалност си земам обврска. Прво идење доле ќе се собереме во Кавадарци како централен град. Ти ќе најдеш место каде да биде со деца (и дадилка ќе најдеш) и ќе поседиме. А може и без деца секако. Во 2021 морам да и продолжам пасош на госпоѓа па така да има време и корона да помине и добро да се организираме.
Здраво, АД млеко кога престанавте да давате? ќе полнат годинка за недела дена и ме наговараат на тетрапак да се префрлам... иначе, само за спиење им давам и во текот на ноќта еднаш.... а со обично млеко каши им правам...фала ви...
Дајте ми некоја идеја за тиквица, како да му ја спремам? Порано само му ја варев со компир/морков, ама сега сака вкусни јадења, не блуткави За нас ја правам или похована, или полнета со стек, ама на него не му давам така уште.
Јас во мусака ставам некогаш. Или печам зеленчук на крукчиња пиперка, тиквичка, модар патлиџан само со маслиново и сол.
А те барав за да честитам роденден тука негде паметам дека беа родени. Овде велат после 1,5 се дава кравјо тетрапак. Чим толку малку пијат можеш со ад да продолжиш или козјо или никакво ако јадат млечни. Кравјото не е соодветно за помали. Со него се прават каши само. Како им оди со цврста храна? Тиквица похована во релна многу ја сака (јајце, презла и сол). Тиквица во мусака. Тиквица во супа. Тиквица со просо и проја обавезно. Фактички тиквицата ми е основица за двајцата кога готвам богата со витамини.
@happygirl можеш и на тенки ленти да ја исечеш и свариш ќе му дојде како шпагети со болоњезе сос. Или наполни ја со мелено и со павлака прелив, со јајце. Можеш и со пилешко полнета. Можеш и како плескавица од зеленчук да ја спремиш претходно исцеди ја на хартија многу вода пушта. Ми помина времето за едит.
Да бе маче, пораснаа момиве, големи се веќе, едната ќе прооди кај и да е, се пушта сама од едно до друго место, уште малце и фали.... Јадат се фала Богу, не праат проблем.... викаат да уживам дур не почнат сами да си бираат храна... иначе сум ангажирана стално со нив, немам време ни за форум ни ништо, генерално...се занимаваме, играме, спремам храна стално, па дур се најадат па ова она ствварно се фул тајм џоб, едвај чекам сами да се заигруваат па малце раат да сум.... а мрднеш еднава плаче, мора бре некој до неа да има, карактери.... фала за советот за млекото ќе почекам малце... иначе, ѓаол ипол е 3ка АД, а овие за 2 дена го шмукаат добро што имам банкар маж заебавам, трошкови се трошкови ама ќе тераме.... вие како сте? како е принцезата, финтаџика како мама ??? се чувате ли? ситуацијава не мрдна сите...јас додуша скоро 2 год. у карантин сум, не ми мења ништо Тоа е, ќе се истрпи... поздрав и гушки до двете *
Богами пута два да спремаш оброци прашање е од кујна дали искачаш Ако ти е скапо менувај на козјо ем е многу поздраво ем е сигурно поефтино од ад. Или можеш и да го тргнеш нуди вода ако јадат млечни веќе добиваат калциум. Душички мали дури и тргнале да одат да ми ги изгушкаш најсилно на свет. Пофина е од мене поблага верзија очекувам
Здраво сакам да воведам риба ама од страв од Алергија уште не сум дала. Не ми се носи по болници ако не дај Боже јави некоја реакција. Дали вашите деца имаат јавено Алергија на риба и како се манифестира? Ако не е ништо страшно да пробам да дадам. Совет?
Нели се тука некаде нашите? Одамна почнав да давам риба јас, околу 10-11 месец мислам беше. Првин давав од капите на Хипп со морска риба или лосос, а после тоа и печена пастрмка со зеленчук. Еднаш неделно секако јаде риба синко. Не се мислев толку околу неа.
Да, туку се некаде дечките со возраста. Од страв немам дадено ни јаткасти плодови. Знам дека е задоцнето ама од пуст страв...
Јас во се ги ставам, во супи, манџи, печења со риба и со месо, болоњезе сос, мусака, тестенини... Многу се здрави и хранливи. Ако сакаш да ти се главна состојка можеш да му испржиш кромид, шампињони и јајце... превкусно е, со јогурт не знаеш колку можеш да изедеш (само ќе ги подинсташ малку подолго кромидот и шампињоните за да омекнат).
Со ориз во рижото со свеж зеленчук, супа со зеленчук и печурки, знам и во мусака да ги ставам, во сос со шпагети/тестенини, пица лазањи, поховани печурки.
@FreeMind и @Milaаа991 може ли рецепт за супата како ја правите? Јас не јадам домашни супи, и не знам дали правилно ја правам оваа за синко
Зеленчук ставаш да се вари и печурки (што сакаш се иде). На крај со пасатор пасираш и зачини. 15мин работа.