Мојата не сака мн крем супи. Па си варам пилешко, го мелам на машина и заедно со трчноста си мрзнам. Потоа по потреба вадам и си додавам мешан сув зеленчук плус свеж морков, пшканат, брокула, просо или хељда, некогаш плус фиде. Ако ја правам со печурки плус додавам и ситни сечкани шампињони. На крај зачинувам со малку сол, лимон и маслиново. Фактички ова и е цел оброк.
Мисиркино пропржувам со морков, кромид, сув зачин и свежи печурки, додавам топла вода да искрчка убаво, ставам малку сол и путер, блендам како крем супа.
@FreeMind @Lolipop23 @lackygirl До годинка не ми пројави реакција на ништо од тоа што имав дадено и затоа се опуштив па си реков ај ќе почнам со јаткасто,полека вметнував путер од кикирики, бадеми,индиско не пројави ништо, еден ден дадов тостирано лебче со семки и кашкавал(не беше прв пат знам) И така добро се исфрли по цело тело страв ме фати, ни дадоа шируп 5 дена ,ни рекоа алергија од храна ,што некогаш може да се појави после 10ти пат од внес на некоја храна не од прв. И сеа ми фуфка па да си прашам
Мене истото ми го направи на бадеми, само не исфрли туку образите црвени жар и станаа. А и имав неколку пати дадено претходно. И од тогаш бадем никако. Имам две кесиња отворено и сигурно од едните појави реакција али не знам од кој. Ќе почека некој месец. Инаку правам лазањи со свежи печурки како пица мастраф и така може за сите да јадете.
Јас сумљам на путерот од кикиритки, доста алергени се тие,ќе почекаат да не се брзаме има време ќе јадат. Кај него започна од ситни брунчиња и постепено пламнаа,најмногу на лице и нозе,два дена се чистеше постепено со ширупот за алергија.
Алергија класична. Кикирики ти се едни од најјаките. Јас смоки од стоби флипс и давам засега нема реакција, али путер не сум дала, ќе почека.
Шампињоните во главно не се алергени, ама сепак внимавај кога ќе дадеш првпат. Можно е да е од кикириките, тие се јаки алергени, велиш и семки имало на лепчето, сусамот и тој е јак алерген, можно и од него да е.
Памтам тоа утро за доручек дадов овошје со малку путер од кикирики, а за вечера лепче со семки и кашкавал,но не беше прв пат да јаде од тоа лебче, и тој вечерта се исфрли,така да можно и од сусамот да е,не знаев за него,ништо,тргнав се од тоа некое време. А за печурки ќе пробам деновиве,барем зеленчук ми јаде,со овошје почна да ми протестира @FreeMind тука нема стоби флипс па ја директ путер од кикирики дадов на грешките учиме
Мамички полека се ближиме и ние да ви се придружиме. Малата ми е 10+ и е на цицање. Прашање до вас На 12м ќе ја откажам од цицање (лични мои здравствени причини), дали да и давам кравјо млеко разредено со вода? Од домашна крава ќе е млекото. Битно ми е многу, бидејќи планирам полека да и ги скратувам дневните подои и да знам како понатаму. Фала ви
Се препорачува до 2 години да не се пие кравјо, си има АД за над една година. Ама јас лично давав АД до година, после кравјо тетрапак неразредено 2-3 пати на ден по 150-180мл. Може првите неколку пати да даваш разредено чисто да не и е тешко на стомакот, или ако пие количински многу во текот на денот.
Ќе почнеш со ад заедно додека ја одбиваш. Кравјото не е препорачано за деца, а најмалку пред 1,5 година не. Со него можеш да спремаш оброци, но не и во форма на пиење да се дава. Нема разредено кравјо, има кравјо со вода помешано али пак е кравјо. Разредено кравјо би било ад формула. Ако ти јаде млечни производи не е страшно за млеко.
И баба ми имаат крави дури 5 ама јас никогаш не дадов кравјо, еве 3 прај ретко пие млеко скоро па ич, кога ке донесеше за варење за детенцето јас пудинг си правев од него
@Spidy @FreeMind Роднини мои кои живеат на село на бебињата им даваа кравјо млеко после 8м. Ад нејќам да давам, немам некоја одредена причина, едноставно нејќам. За козјо млеко имате слушнато да можи? А за кравјо тетрапак можи, би ја одбрала таа варијанта. Од обичното трапак или со витамини?
Помеѓу домашно и тетрапак секако би одбрала домашно, но само од мои сигурни луѓе што знам дека ќе ми даваат млеко од здрава крава која не прима антибиотици, хормони за еструс фаза, стелна или не знам уште какви се не марифети прават Јас искрено имам ептен блиски кои ми даваат кисело, пресно само ретко за пире или пудинг давам и тоа почнав скоро на 1 ипол. И јас сум против прашоци, ама против сум и за кравјо пред 2 години и затоа уште си ја цицам. Мене искрено лошо ми го поднесува пресното млеко иако во мали количини го ставам исклучиво во јадење и многу ретко. Има почеста и потечна столица и гасови. Можеби има и интолеранција на лактоза и затоа не ни помислувам да ја одбијам за сега. Сепак на крајот ти си одкучуваш што ќе му даваш на своето дете. Ќе видиш што му одговара повеќе, формула или кравјо, ако веќе доењето не е варијанта.
Ако им давале твоите роднини не значи дека е исправно и така треба и ти да правиш. Но ако си решила слободно какво сакаш такво.