За козјо тука на форумов читав дека на и педијатри препорачувале, јас кога сум била мала ми давале исклучиво козјо зошто баба ми чувала кози. Јас АД давав од 8-9 месеца некаде, кога почнав да намалувам подои, тогаш сметав дека е рано за кравјо. Ја одбив скроз на 11 месеци, го дотрошив тоа вештачко што го имав дома и префрлив на кравјо. Малата многу го сака, и го пие многу повеќе од АД и од молзено мајчино млеко, немаше проблем да го прифати. Давам секакво, не сум врзана за конкретна фирма, и малата немала проблем од ниедно млеко.
@TeddyGrey Да ќе видам како ќе прифати. @Milaaaa991 Да од најблиски роднини, проверено. Ќе биде или домашно кравјо или тетрапак. @FreeMind нормално, не ми беше тоа поентата. Гледав мислење како не за кравјо а тие даваат, како пример споредба праев. Нема збор дека секој си е своја приказна. @Spidy козјото би било најдобра опција, ама немам од каде. Фала ви мамички
Моето никакво не прифати, ни пресно, ни козјо, ни АД, ама баш никакво, само вода пие, а во каши, со бисквити, гриз, чоколино го јади, ама за пиење не, ни една голтка, одма плука. Иначе користам битолско или алпско. И не е некој проблем, доволно си внесува други млечни производи секој ден.
Колку вода пие твоето? И колку вкупно течности треба дете 12+ да внесува дневно??? Да знам, барем вода да ја учам повеќе да пие. Фала
Мојот вода многу малку пиеше отсекогаш. И сега на 4 години малку пие течности споредено со други деца што ги знам. И не му е нешто голем проблем од тоа што го гледам. На година дена преферираше јогурт да пие, млеко не баш. Сега од пред 3-4 месеци повеќе сака млеко отколку јогурт. И двете му ги давав со оброк, не како замена за оброк или за заспивање. Иако сега откако работиме од дома знае да се напие млеко со малку какао кога ние пиеме кафе (за да не се чувстува различно од нас). Инаку после година дена дете треба да внесе максимум 500 (од 350 до 500) милилитри млеко или млечни производи (тука спаќааат и млеко и јогурт и урда и павлаки и намази и се што содржи млеко) според Светска Здравствена Организација. При тоа 30 грама сирење/урда заменува 120 милилитри млеко/јогурт. Ако внесува повече од препорачана доза може да има проблем со абсорпција на железо. Млечните производи треба да бидат со полна масленост барем до 2 години, потоа може и со редуцирана. Над година дена може и кравјо или козјо (не мора АД).
Многу по 1 шише роса пие во денот од 1.5л, исто само ноќе пие до 250мл. Ама си пие цело време вода после 8 некаде почна по 700-800мл плус цицаше...ова колку што памтам, од прилика толку. Секое дете е различно, ти нуди го па колку ќе му се пие толку, со сила не врувам дека ќе пие.
@JoyJoy фала ти, многу убаво ми објасни. Информации за се што ми треба. @lackygirl браво! Супер си пие значи. Ќе купам нова чашка, таа со силиконско не ја сака, па ќе видиме како ќе биди со пиењето. На 10+ едвај 80мл. Плус цицање.
@Makedonka007 јас не би учела дете да пие млеко. Едноставно нема потреба од тоа, цицачите се створени да цицаат од мајката додека да ги одбие, понатаму не им е потребно никакво млеко, посебно не од друг нималку на себе сроден вид. Според мене пиењето млеко може повеќе проблеми да направи отколку што може да има бенефит. Кога ќе ја одбиеш може да и појачаш млечни производи во исхраната, по 1 чаша јогурт или кисело млеко дневно, сирење, кашкавал, урда, кремсир, павлака, за млечни масти путер итн, па и оброк со пресно млеко.... и со тоа организмот ќе биде покриен и повеќе од потребното. А за пиење вода, ништо поубаво нема.
Да. Уште подобро да не давам воопшто млеко, туку млечни производи. Само за заспивање навечер не знам како ќе правам. Иначе малата ми е страствен цицач.
Исто беше и мојот без цицање не заспиваше, со нишање, пеење...уште така заспива, многу ми е тешко заспивањето мене од ко прекина со цицање искрено.
Знам исто дека ќе биди. Ќе треба повеќе играње навечер, активна да е, или да шетаме па да умори повеќе за побрзо да заспие ама сепак без цицање ќе биди тешко на почеток.
Здраво, малечката моја има 17 месеци и до сега воопшто не сака да ни да проба леб со било каков намаз. Само сув го јаде. А голема е веќе блендирани храна да јаде за појадок.. Сакам да јаде тоа што ние го јадеме. Макарони јаде со виљушка, сама, јаде и едни што и ги пржам со јајце, брашно и сирење или и мешам и друг зеленчук. Јаде супа. Јаде кифли и ѓеврек.. Ама леб со крем сир не сака. И пире не сака... Јаде тарана и чоколино. 2 дена е на тоа.. Не знам за појадок што да и нудам...
Може не и се свиѓа не и бутај со сила Кај мене леб ретко јаде со манџи никако. Појадок за цела недела кај мене е вака: - проја со тиквица и јогурт -просо со тиквица и јогурт - кајгана со млад кромид, фета и печурки - мусли со млеко - житарици и сушено овошје - мусли од боровинка на хип со млеко - ѓеврече со путер - печено лепче со путер и кашкавал во релна - пржени кришки со фета - ако не и се јаде менувам на бисквити и млеко или јогурт и леб. Ако има остаток од вечерта може и мафини со сирење или спанаќ. Давам и готови на хип со житарици и овошје кога брзам негде. Воглавном појадокот го јаде. Овие ми се редовни појадоци тоа појадуваме и ние (без просото и пројата).
Здраво мамички За брзо ќе бидиме и ние дел од оваа група, се ближи роденденот на малата Сакам да знам кога можам да почнам да и ставам сол во јадењето, и кога се почнува со сирење кашкавал? 11м и 1н сме иначе Фала
Јогурт не пие, ако го јаде главниот оброк прилози не идат во предвид, и кисело млеко нејќе во последно време. Не знам веќе што да правам. Ќе чекам само кога ќе побара...
Синко 2 ипол е и Нема шанси да јаде лепче намачкано. Го лиже намазот ама лебот не го чепка. Јаде или сув или мацка кога има манџичка за ручек. За доручек јаде макарони, пржено лебче со јајце, палачинки со банана и путер од кикирики како намаз, обични палачинки со абц намаз, кифлички, проја, палента. Мојот и житарки со млеко не сака. Ручекот исто нема шанси повеќе работи салата не сака затоа често после ручек грицка Краставица така. Е супа му е редовно на мени и со супата доста работи проаѓаат. Кај синко и бојата на храната игра голема улога па се снаоѓам подметнувам некогаш ќе пројде некогаш не. Во мелено месо за мусака, пиперки или болоњезе сецкам ситно и ставам све што имам зеленчук дома.
Мајки дали некоја правела некои рецепти со бело грозје за во зимо. Мојот 16 месечен син многу го сака грозјето а не сакам да биде слатко полно шеќери. Замрзнување, тегли некоја опција?