И јадачите не јадат со стомачен вирус. Ориз, банани, двопек да грицка, соленки, супи, компир варен...
Најдобриот совет од нашата докторка- Дур е дете болно и не сака да јаде- не го храни. Ама, инсистирај на течности, многу течности, и ако мислиш дека се многу понуди и осигурај се дека ќе испие уште. Нека минува лесно и брзо
Ќе надокнади, и мојот е соленка ама се тешам дека е здрава соленка, со нормален имунитет. Јас како дете памтам дека кога бев болна храната што ми ја нудеа потоа ми беше одбивна. Кај нејадачи ако им ја нудиме омилената храна со надеж дека ќе јадат може да им створиме аверзија и кон тие малку избори што ги имаат. Затоа, понудете но не инсистирајте, ден два ќе поминат брзо, иако на мама ѝ се чинат како месеци
Адаптирано млеко да почнам да давам? Денес му е 4ти ден ,полека столицата се нормализира, до сега не давав
Добро жени ајде помош, до сеа супер се снаоѓавме со кашите, ама како потпорасна скроз се погубив со јадењето. Ќерче е година ипол, каши гледам дека веќе несака. Што давате за доручек/вечера на таа возраст?
Истото што јадеме и ние. За појадок овесна каша, лепче со некој намаз, јајце, палачинки солени/благи, проја. За ручек давам тоа што има за нас само што сега готвам со помалку сол.
Голема е за каши веќе, може да јаде се што јадете вие само помалку зачинето Кришка со путер, со намаз, сиренце,јогурт, јајце варено, парчиња краставичка,тарана... За ручек истото како за вас... ако е манџа претежно вадам настрана за неа пред да правам запршка и додавам зачини, и само го посолувам малку нејзиното. Тоа што не може да се оддели го правам поблантаво и за нас ради неа.
Појадоци:тортиља со пржено јајце, палента со сиренце/јогурт, овесна каша со овошје и јатки, лепче со путер и џем, палачинки, варена пченица со мед, лепче со кремче, пржени лепчиња со јогурт, мафини со зеленчук, проја, пита со спанаќ... Вечера: се од ова плус макарони, супи, печен компир, батат, тиквички, брокули, моркови, домашни пици/пити..
А зашто да не? Ова педијатар ви препорачал? АД не е тетрапак млеко, туку адаптирано млеко за бебиња најблиску до мајчиното и сосема е во ред да се дава при стомачен вирус. Ако на 3 месеци бебе што е на АД има стомачен вирус што ќе му правиш? Јас го давав со електролити. Можеш и кисело млеко и јогурт со бело лепче ако сака и кога сака, не форсирај, ќе надокнадат се.
Да, по препорака од педијатар и во аптека прашав да земам адаптирано без лактоза ми рекоа не му давај никакво.
Ако имаш таква препорака ОК, мене никој не ми спомнал такво нешто, сепак е адаптирано млеко и е погодно за бебиња од прв ден. Дури и кога прашав педијатар за која храна , рече било што, што и да прифати давај. Генерално ништо не јадеше мојава , ама АД и вода прифаќаше, секако откако престана да повраќа, а тоа беше по еден ден, до тогаш само електролити и вода.
Мајки кажувате како да го натерам детево 18м. да почне да џвака? јаде буквално се нема храна што не ја јаде,ама само бленфано и пасирано и тоа го држи во уста и голта не џвака. И никаква храна неќе да држи во раце апсолутно ништо,ќе ја фати и одма ја фрла. Више пукнав незнам кај да се обратам
Пробај да му ставиш прво вода во чашка да брцка со прстињата, па во водата додади краставичка сецкана да ја фаќа па лебче, а за блендирано ок е сам ке смени највеќе што можеш е зборување и грицкање краставичка и џвакање пред него..и не го форсирај нема потреба
Ќе фрлиш блендер и ќе почнеш да даваш парчиња. Грешката си ја направила од старт со почетокот на дохраната. Бебе не треба да се храни со каши, туку со пасирана храна, да има текстура, ќе џвака со непца и забите ќе си ја преземат улогата кога ќе пораснат. Ако сакаш да научи да џвака ќе бидеш упорна, иако тоа значи дека нема да јаде количински доволно на почеток. Имаш проблем ако дадеш храна на парчиња, ќе се засркнува, оти е научено да голта директно, затоа внимателно. Пробај пасирано да даваш, да ја осети текстурата, да стане свесно дека треба да ги користи забите.