Мајки почнав да давам јајца од прпелица. Матичната ми рече по 1. Дали тоа значи дека секојнден смеам да давам? А кокошкино измеѓу деновите кога нема да дадам од прпелица? Дека месо баш не јаде. Џабе готвам
Tie gi varsi/przis? Za sto se dobri ovie jajca? Ja na mojata i davam regular jajca ic ne mi teknalo na ovie
Каков спанаќ давате. Од food bar гледам нема рок и ми се умириса уште неотворен. Сега е во фаза на нејадење зеленчук и месо, 18,5 месеци е, ама да се снабдам јас.
Од фудбар немаат рок, ама ако се како мрсулави- не ги купувам. Треба секое ливче здраво да биде, освен некое (1,2) ако се смачкало. Ако се како изгмечени е старо. Брзо се расипува и неотворен, еднаш заборавив дека го купив, после неколку дена беше скапан. Нема логика да ставаат рок на таков производ, како што нема на праски, домати. Генерално не траат долго, ама зависи и каде и како ги чуваш. Овошје и зеленчук сите си познаваме кога се за во канта за ѓубре. Инаку фала што ме потсети да побарам од нивниот спанаќ, во бременост редовно ми беше на мени, сега одамна не сум земала. Дали знае некој дали и колку се прска бејби спанаќ и овие комерцијални пакувања дали се многу третирани?
Синко е 12 месеци. До сега цело време му спремав тазе оброци веднаш да ги јаде. Ако нештото не го изеде го фрлав. Прашањето ми е - дали можам да направам ручек од вечер за да го јаде нареден ден? Дали истиот може да се топли, ако нема пример компир, спанаќ? Исто и дали може да му давам проја, мафини и сл. два дена пример или само тазе дента направени?
Јас правам пример леќа или грашок манџа навечер и стои во фрижидер, кога ќе се вратам од работа ја топлам и сите јадеме Исто и проја и мафини, ги правам, јадеме, што ќе остане стои во фрижидер за следниот ден 14 месеци е малото инаку
Прво намачкав на рачето, некаде на годинаипол, после 2ч немаше ништо и дадов следен ден во сокче од портокал.
Кога сме кај мед, се смета за воведен ако јаде Плазма? Јас заборавив дека има мед Плазмата, ќерка ми секој дека лапа.
Му направив на господинот за вечера сутлијаш со урми и банана ама се успа и ја преспа вечерата Да му ја чувам за утре за појадок порцијата или да ја изедам? Оти банана ставив и не сум сигурна..