Исхрана 12+

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 5 мај 2017.

  1. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.222
    Допаѓања:
    13.155
    Пол:
    Женски
    Како го направи сутлијашот? Колку урми стави?
     
  2. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    4.177
    Пол:
    Женски
    Исто како за нас со тетрапак млеко, без шеќер. На крај мал дел од порцијата изблендирав со 2 урми и додадов цимет. Можеш и банана да ставиш плус ако сакаш :)
    Уште е на АД ама во рецепти му ставам тетрапак откога наполни годинка.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Autumn Love

    Autumn Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    4.962
    Дајте рецепт за некои здрави колачиња/бисквити.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    4.449
    Банана и/или јаболко и овес. Ова од око види ги мерките ама отприлика 1-2 банани пасирани и 80 гр овес. Лажица може мерка да ти биде за големина, испечи ги 10-15 мин. на 170. Можеш и цимет, какао, семиња нешто плус да додаеш.
     
    На Autumn Love му/ѝ се допаѓа ова.
  5. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.280
    Допаѓања:
    33.448
    Пол:
    Женски
    1 гмечена банана, 1 рендано јаболко/круша, 5 големи лажици овесни снегулки, 1 гл маслиново масло и цимет/путер од јатки по вкус. Се формира со лажица како колачиња на хартија за печење и се печи 20тина мин на 180°.
    Направи дупла доза оти и вие ќе јадите.
     
    На Anaroz1, sani99, Kaja991 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Autumn Love

    Autumn Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    4.962
    Меки се?
    Овесни мелени или rolled?
     
  7. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    4.449
    Со роллед имам правено, можеш и да сомелеш. Меки поише ми беа со јаболко тие, ама имаа како коричка фатено.
     
    На Autumn Love му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.269
    Допаѓања:
    1.298
    Мелени овесни снегулки ?
     
  9. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.280
    Допаѓања:
    33.448
    Пол:
    Женски
    И со ситни и со крупни сум правела, нема разлика. Со овесно брашно немам пробано, ама мислам дека полошо би било дека без текстура.
     
    На Autumn Love и sani99 им се допаѓа ова.
  10. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.350
    Допаѓања:
    32.791
    Пол:
    Женски
    Ме мрзи да скролам страници наназад да видам што сме правеле со големиот, ама малово сеуште е со блендирана/ пасирана храна. Бебе е година дена. Главните оброци. Си јаде 180-200 гр по оброк и 100-120 гр ужинки. Ама оди дај му нешто што не е каша. Смоки јаде, кифличка може да проба,компирче печено јаде, ама леб да гризе нема шанси. Дури добива нагон на повраќање и веднаш повраќа. Барем ужинка да јадеше мафинка, палачинка, ама не.
    Почнувам по малку да се загрижувам, иако не ми е воопшто тешко што готвам, он си јаде се.
    Кога вашите деца ги исфрлија кашичките, како преминавте на тоа скалило.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Autumn Love

    Autumn Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    4.962
    Сам почна да бара ко ќе видеше дека нешто јадеме, отприлика после роденденот. Така почнав да му давам палачинки, лепче, овошје, варен/печен зеленчук, риба, бисквита…
    Јас за ништо не го форсирам, оставам сам ко ќе биде спремен. Еве дури сега на 20 месеци почна да става сам во уста по некое залче, до сега само нас ни даваше ако фати храна.
     
  12. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    5.701
    Пол:
    Женски
    Овесното брашно може и да горчи.
     
  13. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.280
    Допаѓања:
    33.448
    Пол:
    Женски
    Домашно мелени овесни никогаш не ми горчеле.
     
  14. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    5.701
    Пол:
    Женски
    Да знам дека така не горчи, но ако купиш овесно брашно од продавница може да горчи. Првиот пат мислев дека е расипано, па земав друго од друг бренд исто горчеше.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.350
    Допаѓања:
    32.791
    Пол:
    Женски
    И јас не форсирам за ништо, само кога ќе видам наоколу дечиња што јадат цели кифли, бисквити и сл, викам Божее каде грешам. Во иста фаза е и малово, прво јадење нам ни става во уста, само смокички си става сам. Е се друго што не е храна може да си пикне во уста :)
    Се надевам летово ќе се навикнеме
     
  16. Autumn Love

    Autumn Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    4.962
    Те сфаќам потполно. И јас едно време мислев дека има проблем и овде прашував, после сфатив дека некои работи ние уствари ги форсираме и не ги оставаме да бидат бебиња/мали дечиња.
    Ехее од син ми врсници и супа јадат со лажица и заби сами мијат, моево едно залче во уста не знае да стави две години ќе полни за некој месец :rofl:.
    Нека се живи и здрави само, сѐ ќе прават кога ќе се спремни.
     
    На LaDyDoLl и lia22 им се допаѓа ова.
  17. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.350
    Допаѓања:
    32.791
    Пол:
    Женски
    Јас ова еднаш го минав, ама тогаш немаше bwl i finger food начин на исхрана :) илинимаше ама до нас не беше стигнато. Тогаш иако прво дете, мислам дека не се замарав, битно ми беше да не го молам за јадење, да јаде она што е приготвено и фала му на Бога така и би. Еве го 9год он е гурман вистински.
    Се надевам и на брат му ќе пренесе нешто :)
     
    На Autumn Love му/ѝ се допаѓа ова.
  18. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.281
    Допаѓања:
    4.427
    Пол:
    Женски
    И ние сме со исти проблем а имаме 2 години...моево јаде се тврдо како чипс, ѓеврек, кифла, переци, леб и слично и толку..друго, ако не е каша завршува на под..овошје и зеленчук нема шанси...пробано се и гладен да е, и со занимации и со не знам веќе што...ај валда ќе пројаде некогаш (facepalm)
     
  19. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.842
    Допаѓања:
    19.574
    Пол:
    Женски
    Само што си ја видов иднината. 2 години? Мајко мила
    Јас ќе полудам. Ем пребира и не ги сака сите каши, ем цркнав веќе. Нешто јаде парчиња, нешто каша и треба мисли да читам дали ручекот денес го сака на парче или каша :fubar:
     
  20. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.281
    Допаѓања:
    4.427
    Пол:
    Женски
    :tmi: или треба да полудам или да го оставам скроз без јадење...се помирив јас...ама никогаш не беше ништо посебно заинтересиран за храна...можеби првиот месец и толку..никогаш не сакал да застани да види, да истражува, да касне нешто ново..па имавме проблеми со алергии, па многу работи покасно проба и незнам дали тоа имаше врска..и така...дај му лебче цело парче јади...пробај да намачкаш нешто и завршува на под и после не сака ни леб да проба зошто мисли дека нешто му увалуваш :worried: