1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исхрана 12+

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 5 мај 2017.

  1. something

    something Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    1.414
    И кај мене беше молби за каши, па плукање, па занимации, ништо не помагаше, ако изедеше една каша тоа беше чудо ама негде од кај 1 ипол год почна да јаде се со јадеме ние и ми е мн полесно, сакам да кажам наеднаш смени, може и кај вас ќе биде така.Претходно кога беше проблемов со кашиве, неќеше ни парчиња се задавуваше.Поздрав
     
  2. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.250
    Допаѓања:
    4.443
    Пол:
    Женски
    Да ја активираме темава. За 13++ дете. Со еден куп прашања. Цела наука ми испадна храната.

    Мед се дава на 1+ година или на 2+? Не консумираме ние често ама колку да има пробано ако е на 1+.

    Друго ќерка јаде се, веќе и парчиња, не прави проблем и за мазни каши, и пасирани, и било како. Во градинка исто не се жалат за јадењето, викаат си јади се, е сега дали пасираат таму или блендираат, не знам.

    Друго прашање - колку често во оброците се вклучува леб? Дали во сите оброци? Во градинка сигурно со ручекот даваат леб, за вечера знам да дадам проја мафини, крофнички од апарат, солени палачинки и слично. Да не испаѓа така многу "тесто"? Во спротивно ако не е ова, ќе сме заглавени на палента со сирење и јогурт, гриз со Ад.

    - Овошје кога е дома јаде со појадок и како ужина, кога е во градинка на попладне како ужина останува само.
    - Млеко, сеуште Ад пие 2-3 пати. Покрај ова во оброците или со појадок или со вечера вклучуваме грчки јогурт или павлака. Оброци/каши, сеуште спремам со Ад, така да крајво млеко е само тоа вклученото преку грчки јогурт или павлака, ептен ретко стандард јогурт. Назад низ постови зачитав за оваа возраст околу 500мл млеко треба, во случајов се смета Ад плус остатокот?
    - Дали се дава хумус? Низ видеа гледав како намаз на леб или пример за ужина зеленчук со хумус.
     
  3. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.024
    Допаѓања:
    12.757
    Пол:
    Женски
    Случајно ја видов темава и те зачитав @Miss_S :)
    Ќе ти одговорам јас како терам со моја ѕверка од година ипол
    1. Мед може од 12 месеци ама мене ме советуваа да почнам со ливадски оној жолт како проѕирен
    2. Во градинка во јасли групите им е пасирано
    3. Јас леб обично давам за доручек/вечера или некој мафин, палачинка и сл. Ручекот гледам да е зеленчук со компир, ориз или палента па леб не комбинирам со тоа. Освен ако нешто јаде од наши манџи леќа, грав итн па знам да и мацкам со лепче
    4. Овошје за викенди сабајлечки смути најчесто, а преку недела после градинка гледам да и дадам
    5. Мојата беше на цицање до 16 месеци. Од како ја одбив гледам да има секој ден оброци со павлака, грчки јогурт или кисело млеко ама многу многу не водам сметка колку внела. Инаку кравјо млеко пие/јаде само уз бисквити со млеко или некоја инстант каша. Така клод не сум и дала до сега да пие
    6. Е за хумус незнам да ти кажам. Тоа ни јас не јадам па ни останати по дома :D

    Се надевам дека малце помогнав
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.250
    Допаѓања:
    4.443
    Пол:
    Женски
    @V.N. , ти благодарам.

    До тргнување во градинка бев со цели шеми, да не е житарка во секој оброк, да е различна житарка, да не се повторува овошје, да не е вака или така.

    Сега ем јас на работа, ем кога е настината останува дома со баби/дедовци. Па тие се со стравови од давање парчиња. На ќерка класични каши не и се доволно веќе по оброк и повторно цели теории и дилеми.

    Сеуште не сме почнале со истото јадење како за нас, или готвам за неа посебно, или одделувам, па за нас ставам зачини.
     
    На V.N. му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.565
    Допаѓања:
    17.538
    Пол:
    Женски
    Мед после година мада ќерка еве уште не сака да проба од лажиче, онака само во палачинки

    Во јасли е пасирано

    Лебот ни е за доручек најчесто, или ако не сака принцезата од понудениот ручек. Ама за ручек ретко давам леб. Вечера палачинки, мафини. Не е многу тесто :)

    Овошје после градинка обавезно лапа нешто, за викенди од сабајле исто шмата. Смутиња не сака, ама добра опција се.

    За млеко не коментирам, не се разбирам колку треба ама грчки јогурт или абц намаз, или јогурт вака пие со нас од чаша. Кравјо само у каши, со бисквити или чоколино. Вака да пие не давам, шо ќе и е.

    Хумус не знам ни што е да бидам искрена, нит сум пробала, нит па ми звучи привлечно :worried::D

    П.с. и можеш да се опуштиш малку после годината :) Готви како за вас, па вие у чинија додавајте си зачини што сакате пример. Ние така правиме, а и намаливме од "лошите" навики. Пример јас јадев пресолена храна, мм со зачини од Индија некакви никакви, сега прстофат солца и оригано вршело работа :D
     
  6. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.250
    Допаѓања:
    4.443
    Пол:
    Женски
    Млеко кај мене пие за заспивање, сеуште даваме Ад, ноќе ретко кога се буди исто малку Ад пие. Кравјо не сум дала за пиење.
    Во градинка со бисквити или во Чоколино и даваат кравјо. Дома ретко и давам Ванилино и тоа со Ад, кога немам идеи за оброк, така да во тој дел баш и не консумира млеко многу.

    Едит - е на "теста" е фан. И мафини, и палачинки, во секој момент би јадела.
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.345
    Допаѓања:
    98.115
    Пол:
    Женски
    Бејби 14м, за некој ден, цица уште ко новороденче, тоа цицањето веќе не го сметам за ужинка, не знам за што да го сметам пошто цица ко дупнат. Среќа па не станува често навечер, едно до две макс му се станувањата, а неретко и преспива. Ќе пробам да ти одговорам по точки.

    • Мед 12+ но сеуште не сум му дала, чист мед, а сам си воведе плазма, крадло имам по дома па ровари по фиоки и дрпа што му е по ќеиф. Ти мислам дека имаш воведено со медолиното во градинка, ако не се лажам тоа е со мед.
    • Во јасли до 2г мислам им пасираат освен ако не побараш другачие.
    • Што е до мене леб ич не мора, ама мајка и во ужината му става леб, да се поправел, нема проблем. Јаде за појадок најчесто кришка, за вечера попаричка понекогаш. Појадок ако му е каша овесна или гриз со вода ја правам, не со млеко, не ми иде млеко и овошје некако. За вечера давам или тестенина со урда, палента со урда, лепче мачкано, сеуште не сум направила мафини, крофнички пошто сум преморена и не стигам искрено. Палачинки знам да направам понекогаш, ама со овес тие. Често јаде и мусли од ДМ кутија.
    • Овошје јаде со сите можни комбинации и во секој оброк мислам, овошје јаде нон стоп. Нема ред за овошје кај нас, окапав од купување овошје мислам дека. Неделно по 1500ден оставам за банани, портокали и јаболки, тоа не стига од сабота до сабота. Најмногу сака со ручекот да си касне и портокал, најсреќен е така. Пример риба со житарка и лажиче од јадењето, парченце мало портокал, ммка мислиш крај на светот е. Обожава да јаде овошје. На мисиркино и риба обавезно му капнувам малку лимон, дека најчесто со ориз го јаде и со брокула или тиквичка, е тоа е за него гозба. И сол почнав да давам уште малку пред годинката искрено, читав доста и дефинитивно се претерува со тие рестрикции, солта е потребна за организмот се разбира во нормални количини, прстофат сол е сосема доволно ем за вкус ем за потребите јод во денот.
    • Млеко колку внесува не знам, кравјо нема пиено, приметив дека од кравјо не кака и не давам. Пробав еднаш два пати со овес или гриз ама страв ми е ради историја алергии и интолеранции на брат му и прекинав. Тоа што цица плус намази, грчки, ете и павлака дадов, кисело, урда, јогурт обичен... Едино ќе одложувам максимално да дадам зденка, сите деца ја сакаат ама таа е само масти, ништо особено.
    • Хумус не сум дала зошто за нас немам направено, иначе јадеме и ние и баш ме потсети да направам да му дадам. Најубаво е на галета намачкано. Ама тоа мене не ми е оброк за нив тотал, тоа е ужинка.

    Јас би ти рекла да олабавиш бидејќи се сепак веќе поголемки, нема потреба да си создаваш стрес. Моево некни изеде корки од цела пица Мама Италиана, само корките, ги мавна за секунда. Не би дала газирани напитоци, не би дала нутела, бурек, тостови од сендвичари, помфрит, не би дала такви некои слатки кои му ствараат зависност само на организмот, ама некни на роденден сите деца пијат сокче, му нарачав и нему од јаболко, го измешав со вода, се напи. Сите деца јадеа мини бургери со компирчиња, он лепчето од бургерчето си го мавна и ич не му чуеше. На крај ние јадеме торта тоа гледа сирото, отвара уста, вика њами њами дај, му дадов од тестото едно залаче се залажа. Бирај помало зло од храната, јас така мислам, зошто баткото го ранев по списоци и со забрани, до 3г немаше пробано од нашата храна па беше цело време болен, сув, слаб, во прво одделение му се фаќаа работи за 4г дете, затоа олабавив со второво и некако поцврсто ми е и поедноставен ми е животот.
     
  8. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.250
    Допаѓања:
    4.443
    Пол:
    Женски
    За корка од пица сум дала, не дека не. Медолино немаат споменато да дале во градинка - така да не знам дали има пробано. Дома не сме дале.

    Инаку веќе знам да дадам и пудингче или сутлијаш дома направен. Прво од бебе готвач рецепт, сега и стандарден.

    Инаку кај мене воопшто не е слабичко дете, така да малку ми е и тука дилемата, да не е тоа што го јаде во денот премногу калорично, да не е само леб/тесто.
    Да е до баба и дедо само, цел ден ќе мези смоки, животинско, пудинг оти нели најлесно тоа за јадење.

    Вака морам јас да се замарам и некој баланс да правам.
     
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.669
    Допаѓања:
    29.153
    Пол:
    Женски
    Мед се дава на 12+ така што можеш да пробаш да дадеш чисто да знаеш.

    АД млеко не спаѓа во тие 500 милилитри зашто е прилагодено по состав за потребите на доенчиња и мали деца. Тие 500 милилитри се затоа што млекото и млечните производи се богати со калциум и може да предизвикаат проблем со апсорбција на железо плус заситуваат и детето не може да јаде други производи. А инаку дали даваш обично млеко или јогурт/кефир/кисело исто ти е. Единствената разлика е што киселите млечни производи немаат толку лактоза како обично млеко. По нутритивен состав се исти (освен лактоза). Теориите за млекото е зло ама јогуртот е злато се измислени од новокомпонирани „нутриционисти“ и инфлуенсери. Опушти се во тој поглед.

    Јас од кога почна во градинка и сега е во школо сабајле му правам смути за да внесе овошје (подоцна немам кога да дадам), ама ова е за дете нејадач. Ако твоето јаде нема што да се мислиш. Секако ќе внесе се што треба. Ако продолжи да биде јадач после 3 години ќе правите корекција во исхрана. До тогаш може и да смени а и да се „истенчи“ како што ќе се претбора бебешкото сало во мускулчиња и како што ќе станува физички поактивно детето (трчање, качување по се и сешто).
     
    На LiquidLuna и Miss_S им се допаѓа ова.
  10. jance

    jance Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    95
    20м. скоро уште пасирам или купечки каши. Човечко да речам јаде сака да џвака, ноо, кога јаде така внесува многу малку било да седи со нас било да е уз одење, а ако направам како каша, јаде доста повеќе...Се мислам грешам што готвам посебно и пасирам, но не сум задоволна од количината, а попарата си ја јаде цело чиниче.
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.345
    Допаѓања:
    98.115
    Пол:
    Женски
    На 20м да пасираш уште? Премногу е мајка. Почни пример пасирај месо и зеленчук, стави житарка или компир и да се навикнува да јаде повеќе текстури. Не дека цел живот ќе јаде пасирано, скраја било, ама подобро со време одвикне го.
     
    На Tiny Love му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    3.471
    Допаѓања:
    6.289
    Пол:
    Женски
    На 20 месеци да пасираш уште е претерано според мене.
    Ќе научи да јаде повеќе со тек на време нормална храна. Пасираното е лапни голтни затоа јаде повеќе. Дај му на дете нека гризе само, овошје, зеленчук, ќе се научи.
     
    На jance и Tiny Love им се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.345
    Допаѓања:
    98.115
    Пол:
    Женски
    Рајович имаше одлична поента во едно видео. Кога децата јадат пасирано не го користат нит јазикот нит вилицата, со тоа јазикот како непотребен орган се поткрева за цел сантим погоре и тоа е една од причините зошто децата не прозборуваат. Има логика, кај мене бато јадеше пасирано до 18м, прозборе на 3г, бебо јадеше до 7м, бебо збори ќе не продаде.
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.635
    Допаѓања:
    321.546
    Пол:
    Женски
    Грешиш, да.Моето јаде парчиња од 7 месеци.Никогаш не ми било битно количински колку јаде,туку што јаде.
     
    На Tiny Love и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  15. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    3.471
    Допаѓања:
    6.289
    Пол:
    Женски
    Не сум го знаела ова ама скроз држи логика.
    Малава исто до кај 6,7 и давав пасирано, почна да збори на година и некој месец мислам. Сега веќе на 3, од сабајле до вечер меле без прекин, ако не збори пее, дури малце напорно е :drunk:
     
    На Mother of 2boys, strelec231992 и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  16. jance

    jance Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    95
    Јаде и он парчиња сака да џвака, праска/цреша/круша, краставица, парлиџан..пример банана несака баш па со павлака јаде, месо плука. А ако е попара јаде буквално се.
     
  17. jance

    jance Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    95
    Кажува 3,4 зборчиња и кинески збори нешо. Ама па многу малку јаде парчиња.
     
  18. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.272
    Допаѓања:
    33.437
    Пол:
    Женски
    Јаде оти нема поим шо јаде. И не е во ред. Нормално е да пребира и да има работи шо му се допаѓаат и не му се допаѓаат.
     
    На Tiny Love, Tea SK и jance им се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.345
    Допаѓања:
    98.115
    Пол:
    Женски
    Точно, тоа понатаму создава и сензорни проблеми, со вкусови, со текстури...
     
    На Tiny Love и IRBBB им се допаѓа ова.
  20. jance

    jance Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    95
    Паа наше јадење јаде ама мн малку, треба се уз игра, ако не боље така ке терам него каши.