Нема за шо уз игра, ќе го седните детето со вас на маса за доручек, со вас за ручек, со вас за вечера и ќе јадите заедно, иста храна. Можеби на почетокот ќе биде тешко, нема да има желба, концентрација, ама со тек на време ќе се подобрува.
Тоа во теорија е така ама еве некои мајки пишуваат како децата не им јадат веќе 3 години. Претпоставувам го пробале ова во толку долго време и не функционирало за жал. Секој мора да најде начин што функционира за детето.
Сите знаеме дека тоа не е правилно. Ама сега мислам дека на членката поважно и е да почне да јаде само парчиња, да престане да пасира. Па, со тек на време да стане свесно дека јаде и што јаде. Помалото зло е тоа во случајов.
Не туку е влегување од еден проблем во друг. Верувам дека ти е пробано, не зборувам на памет, и јас имам тригодишен нејадач, ама никогаш не се случило тој да игра, јас да трчам по него со тањирот ниту пак да му пуштам да гледа нешто за да јади. Така се гради нездрав однос со храната и можеби моментално ќе ја добиете посакуваната цел да јади, ама долгорочни проблеми со храната вака се прават со механичко јадење.
Јадењето со цртани, игра и слично, не го решава проблемот. Напротив остава големи проблеми со пробава во иднина. Свекрва ми јадела од мала со книга, вика на едно јадење по 1 викенд романче читав, немаш контрола колку јадеш бидејќи само пикаш механички и после некое време ти е тешко и мачно. И мене малото не ми јаде секогаш лесно, прекинувам и продолжувам подоцна, некогаш директно застаната пред него лице во лице да јаде и ми успева. Понекогаш едноставно не им е фокусот во јадењето, во играта им е.
Ако нешто си го поставив како правило е дека нема трчање со чиниите по ќерка, јадење по улици, додека трча и слично. Е сега се случува да јаде во парк, ама седната на клупа, во количка и слично. За дома гледам да е во хранилка, по гости барем кај мене или на столица седната. Може фактот што јаде скоро се ми олеснува, во спротивно би стоела и на глава само да јади. Во секој случај ако гледам дека станува, губи интерес, прекинувам со хранење и толку. Најчесто ако има некој наоколу, баба, дедо, прави повеќе глупости ама во секој случај не се молиме. Секако нема да остане цел ден гладна.
И јас мислев така ке терам, ама и некако од старт му се наметна играта/трчањето од другите членови мислам. Беше добар јадач нечекаше да голтне, сега ако треба и глден ке седи бес да чепка нешто или гледа вистински колички на тв. Со нас на маса јаде кратко и малку, а се собираме само за ручек.
Некако не сфаќаат бабите и дедовците дека ја отежнуваат работата и не се од помош колку што мислат. Јас пред нив имам куп оброци истурено кога ќерка после само 3-4 залаци ќе почне да збеснува, за да игра или да ја носат некаде. Ретко ако се појават кога јади, да речат нека заврши дете со јадење, па ќе дојдеме. На друг спрат се инаку, не дека поминуваат 100км. Друго, колку што јас се трудев здрави ужинки, толку тие летово го пустат тоа. Во 2-3 часа што ја чуваат обавезно јаде парче овошје, што секако си го јаде, овошен јогурт, пудинг. Е после кога јас ќе се приберам не сака вечера да јаде многу. Е нормално дека нема да сака кога е преполнета со шеќери. Не дека јас пазам толку, и јас знам да дадам и пудинг, јогурт, ако ние јадеме сладолед да касне неколку лажички, не во еден ден ова сето. Ама на толку свежо овошје и зеленчук летово, да се прејадува пудинзи стварно не е во ред.
Барам што да правам за јадење веќе сваќе. Досадно бе. Иако ја префрлив скоро на наша храна. Се давам што јадеме. Она кој види дека јаде, одма му се мести до него. Па рецептот уште од бато тука . Да не се чудиш што те лајкам. Инаку полесно ми е вака. Сега ќе направам макарони салата и надвор ќе одиме, уз возење ќе и давам. Ќе седнеме негде и давам. Каши манџа понекогаш уште давам, ама генерално јаде парчиња. Уште да ја научам да јаде сама. Ќе и ставам во тањир, ќе се уплеска цела, ќе го преврти тањирот и после од земја ќе си собере што јас не сум успеала да раскренам. Некни ја гледам морков цело парче збутнала у уста, грашак зрно не варено, а ваму ми се мршти на тањирот на пржено јајце. Абе ајт таму лигле.
Ме врати назад сваќе 4 год, си ги видов друшките од генерацијата тогашна, како се дружевме неколку членки тука потоа и приватно продолживме, убави сеќавања ми врати има многу идеи тука, иначе и мојов е скоро префрлен на наша храна, не сака веќе каши, сака парчиња, лепче исто иначе ако јади сам ништо нема во пајнцата се ќе биди поземи затоа сега пр му оставам 1 парче го става в уста па друго му оставам и така
Така правам и јас. Едно по едно. Ако оставам повеќе, или ги растура или сите во уста. Ама после некое време губи интерес. И се храниме по повеќе од пола саат, мене искрено ме фаќа склет, ама тоа е. Си велам во градинка може ќе научи од другите деца побрзо да јаде. Со лажиче сме многу многу далеку. Ќе пробувам јас до ноември, бели ќе успеам колку толку бар да знае што е. Инаку ќе ми седи гладно дете у градинка. Ама и нека поседи, да научи барем. Вака ептен и е згодно, абе така се лагано си тера. Она нигде не се брза. Има деца на годинка одат, трчат, јадат само, неа бе мува не ја лази. Такво си е. Уште не е јадена ко што треба. Еве ручек 4 саати веќе како јаде. Ќе касне ќе остави, ќе касне ќе остави. 10 пати така ми иде мам мам две усти и неќе веќе. Кога нешто не и е слатко, додека не е нош до коска, не јаде. Мене инат ме фати, не нудам друго, нема лигавење.