1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исхрана 12+

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 5 мај 2017.

  1. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    1.013
    Пол:
    Женски
    Majki, orev od koga smeam da dadam? 12+ e malata, sakam da i svaram jabolko i kromid za kaslicata, ama se stava i eden orev, smeam?
     
  2. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.616
    Пол:
    Женски
    Мајки дали давате салати на 13+
    И како ги зачинувате?

    Имаме проблем со не блендирана храна
    Едвај јаде дете

    А сама јаде скоро се,освен месо
    Големи парчиња зема,голта или ако неможе плука
    Ја оставам без проблем да јаде
    А кога се работи за доручек,ручек и вечера и треба јас да ја нахранам се дави и има нагони за повраќање :?:

    Јас давам ѓумбир,скоро во секој ручек рендам ептен малце колку за вкус
    Досега не љутело јадењето
     
    Последна измена од модератор: 9 јуни 2017
  3. mac.mac

    mac.mac Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    652
    Сакам да почнам да давам ужинка за 12м , еднаш во денот или два пати?
    И предлози , што давате и колку количински? Бејби бел кашкавал може ли да почнам да давам со оглед дека е солен?
    И како почнавте со водедување сол во исхраната?
    Многу прашања се извинувам, ама не ми се јасни неко работи, после година кога се воведуваат ниви намирници по 3 дена или не мора?
     
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.582
    Пол:
    Женски
    После година попажливо воведував пошто тогаш тек воведов јаки алергени како мед,кива,јагода.На кива на 16 месеци ми покажа реакција со отекување на јазикот.

    На годината дека уште каши јадеше сол додавав или дур се вари зелечнукот или директно во кашата.

    Бејби бел давав и јас,има уште посолени кашкавали од него
     
    Последна измена од модератор: 9 јуни 2017
    На mac.mac му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mac.mac

    mac.mac Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    652
    Фала @joy1 секогаш несебично одговараш на прашања во врска исхрана на деца.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. dade123

    dade123 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.181
    Пол:
    Женски
    колку време се вари боранија ? вие обично колку време ја варите за во манџа
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.654
    Допаѓања:
    95.758
    Пол:
    Женски
    Јас преферирам за ужинка овошје, ако немам давам Лино флипс или Бејбилав путер бисквитки или оризови галети.
     
    На mac.mac му/ѝ се допаѓа ова.
  8. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    5.914
    Допаѓања:
    135.483
    Пол:
    Женски
    Мене цицањето ми ги пореметуваше ужинките и уште некогаш така да често поминувал денот и без ужинка. Инаку можеш по малку некое овошје, снегулки нешто така полесно. Сол по малку додека ти јаде и несолено и не мораш ќе внесува по малку ете преку кашкавалче сиренце...
     
    Последна измена од модератор: 9 јуни 2017
    На mal.ecka и mac.mac им се допаѓа ова.
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.864
    Пол:
    Женски
    Ние за една ужинка имаме овошје за дтруга нешто млечно (односно јогурт). Некогаш се случува втората ужинка да е банана место млечно ако пиел млеко во текот на ноќта.

    Јас после година по препорака на педијатар скроз се опуштив со внесување нови намирници. И пред тоа не го пазев баш многу строго правилото од три дена. Давав два дена по ред и толку. Мојот од старт ако имаше три дена по ред иста намирница третиот ден добиваше тврда столица. Не ќе да е од алергија тоа туку едноставно си сакаше промена. Цитрусни овошја внесовме на 10 месеци, исто и риба, за после година ни остана само уште мед,какао, јагоди и ептен понатаму јаткасти плодови. Јаткасти плодови уште немаме пробано ако не се бројат две-три обични смоки што некоја баба му ги дала на игралиште.
    Исто по препорака на педијатар во кашичките додавам солен путер и плус јаде кашкавал и АБЦ сир. Друго солено не му давам.
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Јас сол уште избегнувам, не посолувам јадење нејзино, а од млечни јаде домашно несолено сирење, урда и кисело млеко.
    Педијатарот не светуваше да избегнуваме сол колку можеме.
    Престанав сосема да пасирам и блендирам, јаде така парчиња си става во уста, месо сецкам на најситно, јаболко го гризе цело и го давам, лупено само. И печам лепчиња крцкави многу сака да грицка. Чололадо не и дадов, кога не бара ќе почекам. Јаде само лино смоки и хип бисквитки од такви некои работи.

    Се мислам сладолед да и направам. Од колку им давате таков, домашен?
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.654
    Допаѓања:
    95.758
    Пол:
    Женски
    Имаше скоро на 0м+ за улогата на солта, дека не треба да се изостави заради работата на тироидната, ради јодот. Јас ставам неколку зрна хималајска, само во ручекот, и тоа додека се вари. Иако има во многу намирници јод треба и солта да се внесе после годинка, максимум е 2гр дневно, ама она горна линија, јас мислам дека не сум ни на пола грам ама ете да не ми е на мисла. Смоки не пробал обични сем Лино флипс, ако ви се верува јас ги јадам на гости за да не му ги тутнат нему, не се разбираат луѓево од не, јас не знам што ќе се прави. Чоколадо има пробано, му донесоа животинско и ставам чат пат пола коцкиче од животинско во гризот за да направам нешто налик чоколино, сум пробала да му дадам и да грицне ама не е воодушевен и идемо даље, се живее и без животинско на 13+ месеци. Бисквити само Лино или Бејбилав, тие ги јаде, друго не. Овошје секогаш ни е бр1 избор за лапачка.
     
    На mal.ecka и RainBow им се допаѓа ова.
  12. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    195
    Мајкички колку често ставате којосово масло и цејлонски цимет? 15 месеци е :)
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.654
    Допаѓања:
    95.758
    Пол:
    Женски
    Цимет во зависност од тоа колку често јаде јаболче, засега ретко пошто веќе однемува од убавите домашни непрскани јаболки, ама ставам во кашите пример со гриз и јаболко ако јаде два пати неделно или почесто. Коко масло моментално немам ама кога имав секој ден ставав во сите оброци со житарки. Во зима циметот е многу добар, би го користела и секој ден.
     
    На Love86 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.864
    Пол:
    Женски
    Јас само да пријавам дека пробавме лешници. Не сакајќи ги проба во бебешко мусли. Не сме во МК во моментов и тука купив бебешко мусли мислејќе дека е како кај нас. Откако јадеше прочитав убаво состав и гледам на крај пишува мелени лешници. Така што и тоа пробавме. Сега останува уште само морски плодови и печурки.

    Кокосово масло немам давано зашто немав идеја со што да го мешам и плсу ми е некако помодарство кај нас извинете на израз. Со овошје нема потреба од масло, со зеленчук не ми оди, мачкано на леб исто така што до сега немам дадено. Цимет му ставав во тиква, јаболко.
     
    На Love86 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Ако даваш маснотии (маслиново масло, путер, ленено семе) барем еднаш во денот, нема потреба од кокосово. Иначе мене супер ми оди со палачинки, со омлети и во смути, дава убав мирис.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Што давате за ужинка најчесто кај 12+ ?
     
  17. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.243
    Допаѓања:
    72.624
    овошје, соленки, барни тортички, поретко и по малку животинско и сладолед
     
    На only44you му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Јас јаболко, банана, некогаш мафинче, некогаш некоја бисквитка од хип, некогаш и ништо не јаде цица само.

    Домашно свинско од кога се дава? Или тешко е многу?
     
    На M&M, only44you и simonka93 им се допаѓа ова.
  19. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Јас не сум за во оваа тема, но сакам да споделам нешто со кое неодамна се срернав и едно мислење од вас за истото.
    Запознав една пријателка која има бебе точно 12 месеци или 1 год. Таа веќе 4 год.како го променила начинот на исхрана и сега е веган. Не јаде ништо од животинско потекло туку само тоа што расте на земјата. Секаков вид Овошје и зеленчук и тоа исклучиво биолошко. Леб црн без глутен. Тестенини без глутен. Јадење само печено пржено никако. Значи во однос на исхраната ептен строга.
    Е сега за бебето или веќе детенце нејно ми беше зборот повеќе. Го дои и го храни исто како таа и маж и што се хранат значи го прави и него веган. Месо, млеко, јајца нема пробано детето и никогаш вика нема да му даде. Среќа и викам што имаш млеко и ја доиш инаку како ќе даваш какво млеко. Вика има сојно, кокосово, бадемово млеко, не доаѓа во предвид кравјо или козјо или не знам друго какво млеко од животинско потекло.
    Значи, зборот ми е, дали вие имате сретнато до сега ваков тип на луѓе кои се хранат вака и при тоа и децата исто ги учат на тој режим на исхрана? Јас искрено прв пат сретнувам вака некој на бебето да не му дава ни месо ни риба ни јајца....
    Колку би било добро за здравјето негово, имајќи во предвид дека сепак тоа е бебе кое треба допрва да се развива.
    И уште нешто ќе заборавев, нема примено ниту една вакцина до сега во овие 12 месеци не планира да го вакцинира никогаш.

    П.С. слибодно преместете ја во друга тема јас не барав да најдам ваква тема и затоа одма тука пишав.
     
  20. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    Во некои земји ова се казнува па дури и со одзимање на детето. Така барем педијатар ми има кажано.