Чудно е што класната ѕвонила само 10 минути по започнувањето на часот. Може да касни дете, 10 мин не се ништо. Освен ако нема некоја најава од родител да реагира. Јас досега не сум сретнала некој класен или наставник да се јавува доколку ученик отсуствува. И овде не се јавуваат. Имаш апликација каде одма стои дека го пропуштил часот, ама и тоа е некаде оклу средина на часот или по завршување.
Имале договор со класната ако некое дете отсуствува родителот да извести.Имале прв час со класната и кога видела дека го нема девојчето а не и е пријавено свртела кај мајката.И среќа што така функционира негде барем.
Не би рекла дека така функционира, туку поради нешто се така договорени. Може па и дека се големи, бегаат од часови или имало некој проблем со девојчето и претходно. Ова е битно за истрагата, за да знаат во која насока да ја тераат. Ако имало нешто, веројатноста сама да ја снема е голема. И да не е киднапирана. Оти ако е, тогаш е пострашно.
Локацијата точно каде ја снемува или нема таму поставена камера или во тие мигови не работела... Морбидно е ако ова е планирано претходно...
Имаше изјава на мајката дека имале вибер група класната со родителите и отсуство најавувале...затоа класната реагирала, не било најавено
Ама тие локации не се полни со луѓе? Па некој ќе видел, ќе кажел, макар анонимно. Камерите мора нон стоп да работат.
Класната е за пофалба во случајов, вистински педагог и човек пред сѐ... треба и останатите педагози да го следат нејзиниот пример.
Имаше изјава дека на некоја камера се видела дека не влегла во училиште само продлжила по патот. Многу изјави која е вистина не се знае.
Токму она што ни е пред очи, некогаш не го гледаме... Реков, голема веројатност има девојкава да го познавала оној со кој заминала... А, за камерите и да мора да работат, не го фаќаат секој агол, место од локацијата,не знам, ете некој кој се движи во тој реон може да рече сигурно дали има или нема камери и колку си ја вршат функцијата тие...
Значи и своеволно да се качила со некој, претходно ќе се има договорено и некаде ќе најдеше полицијава повици, пораки (фејсбук, на бројчето нејзино може да се извади детална). Страшно во секој случај. Ако туку така почнаа да киднапираат луѓе во сред бел ден, што ќе биде понатаму, хорор Скопјево..
Камери со поголем опсег, но и едукативни часови во училиштата за децата и тинејџерите да се воведат треба... Да се учат децата и тинејџерите преку настани вистинити за исчезнати личности што треба да сторат доколку се најдат во ваква ситуација. Да се учат да не веруваат секому... Можеби не се објавува сѐ јавно од полицијата, би ја загрозило истрагата.
Језиво стана дури. Кога девојчињата од Струмица се изгубија имаше слики од камери. Реаонот каде што се движела го врвам баш тој перод накај работа и е ненормално фрекфентен со луѓе. Значи нема шанси некој да нема забележно нешто необично. Плус мечос има такси станица и ќе ја виделе таксистиве, или кај Броз.. Моја претпоставка е ако е киднапирана, киднапирана е од некој кој го познава и нема бурно реагирано. Да било насилно ќе викала луѓе ќе ја виделе.
Скопје save city нели имаше камери, така се виде убиството на ракометарот пред диското... На тие фрекфентни места и главни улици мора да има, збориме за сред центар!!! Иако ако се работи за киднапирање и другата страна се штити и гледа каде би го извршила тоа...
Прегнасни коментари на објавата на мајката, се прават сите детективи, па уште и и се јавуваат за да се распрашаат...Ние реално може, а и треба, само да пријавиме ако забележиме нешто и да ја следиме ситуацијата. А сигурно во истрагата се дознале многу работи за кои не ја известуваат јавноста ама што и да се случило малолетно дете е исчезнато и мора да се најде, небитно дали по своја волја заминала некаде или дали претходно имало некаква историја.
Да му се слоши на човек од коментарите. Инаку да имавме аослен народ ќе излезевме одма сите да ја бараме ама не подобро е на фб Господ златен и богородичка ќе помогнат..
Работев во близина, поточно една улица подолу. Често поминував покрај тие улички. Има раздвиженост. Објектите имаат и камери. Најверојатно не фаќаат се. Се си мислам дека ова е поврзано со некој што ја познава.