Имаше ваков сличен случај во Хрватска, во 2000 година. Со исчезнувањето на девојката било поврзано семејството. И таа девојка беше убиена. Какви изроди има. Страшно.
Каква поврзаност има менување на профилната? Можеби на претходната било и другото ќеркиче, па да не ја експонира.
Погреши човекот кој исклучително го ценам, сам се коригираше подоцна. Видел принтскрин од објавата и стоела слика на друга жена која го објавила. Страшно е ова што се случи. Вознемирена, тажна и гневна сум
Државата е пред целосен морален распад. Според официјалната верзија, ЗА ПАРИ, се коле човек, со неговата кола пет дена се возакаат, па киднапираат девојче од користољубие, код го убиваат по само два и пол часа. Прашања кои се наметнуваат? -Како МВР преку сејф сити пет дена не го забележува возилото Цитроен по скопските улици? -Што се случило за Вања да е убиена по само два и пол часа, а е киднапирана за изнуда? -Дали МВР имало информации дека детето е мртво а тоа се криело ради самитот на ОБСЕ? -Како се дозволи главниот осомничен да избега? Мојата ќерка е врсник со покојната и нејзината и безбедноста на сите деца ми е многу пред некакви си самити. И уште нешто, Вања е киднапирана пред самитот доста со “луциферијанци ја киднапирале” ЈАНАКИ МИТРЕВСКИ.
Бил заплеткан со нив, поради злато, пари. Откако го убиле, му ја зеле колата и со истата кола ја киднапирале Вања.
Не сменила профилна, се извини Елзесер. Видел скриншот од статусот првичен на мајката, ама се побркал со сликата на таа што го објавила скриншотот, а името и сликата на мајката биле кропнати. Отпосле приметил.
Не верувам дека си го возакале ситроенот,да не претеруваме сега,украден е со намера,сторено е делото и тоа е тоа,можда и откако го забележале така им влегле во трага.
Каков татко треба да бидеш за да си го убиеш детето и после тоа да молчиш да бидеш смирен цели 7 дена?
Он е колатерална штета, убиен е за да се прикрие ова киднапирање, сакале него да го наместат очигледно. Стар, близок им бил и еден од нив. Затоа.
Искрено, ова ми личи на многу лошо смислено сценарио, луѓево се класични аматери, глупо е да кажам, ама можеле и телефонот на девојчето да не го исклучат воошто колку се глупи..
Стигнале од Велес до Скопје со колата. Дајте таткото да го видиме кој е. Прашав пред некој ден ама ми се пуштивте.
Утре од 09:00 часот ќе биде отворена книга на жалост, на службениот влез на училиштето Песталоци. Се договараме за од 18:00 да одадеме почит со палење свеќи или положување цвеќе во училишниот двор.... Аххх... Очи не можам да затворам...
Уште ништо не е објаснето, ниту потврдено. Која е логиката 5 души да киднапираат и убијат дете? Или уопште да го испланираат сето тоа, зошто и како функционираат како група?