Се е било нормално и затоа никој ништо не забележал и да ја виделе виделе девојче што се качува во кола на татко,брат, дечко итн. Да е било насилно, гурана влечена накај колата и таа да цркала е тогаш некој ќе е помогнал. На вести спомнаа нешто? Не сум слушала вести многу одамна.
Еднаш се погодив во присуство на една девојка која се гледаше дека има некои попречености или едноставно многу ниска интелигенција, не знам не сакам да шпекулирам што, ама девојчево едноставно се гледа дека има нешто... и луѓе околу мене ја прашуваа дали има момче, рече зборувала со некој од Скопје месец и пол и дечково дошол во нашиов град кај што живее за да одат на кафе. И после кафево со другар негов ја терале да влезе во кола да ја однесат до дома, или да ја повозат не знам, при што она одбила и си заминала дома. После тоа, не тој, туку другар му негов почнал да и пишува и да ја убедува да оди некаде со него во колаи кажуваше девојчево дека и пишувал безобразни работи.. девојчево какво-такво, сфатило дека нешто не е во ред и ги блокирала двајцата. Иначе она има околу 20 години, а и овие двајцата исто од прилика. Јас се наежив, познавајќи колку е наивна и нема некое критичко размислување сепак не ја прелажале, а сигурно мислеле дека нашле лесна мета, и не верувам дека тука застанале, сигурно ова е добро разработана шема.. Секој ден учете ги и повторувајте им на децата да не влегуваат во ничии коли, освен на најблиските, да не влегуваат во коли ни на пријатели на родителите, ни нивни подалечни роднини, ни познаници никој.. има многу злобни луѓе на светов, повеќе од што мислиме ние. Дај Боже да се најде што побргу девојчево и да е некоја тинејџерска глупост, бегање од дома по расправија или не знам што, да е добра, здрава и жива.
Ако не се лажам законот ни е таков да приватна камера не смее да снима улица, туку само сопствена територија, што најчесто е само влезот. И тоа е проблем, нека се смени законот, токму камерите најлесно и најбрзо може да решат вакви случаи. Од вчеравечер константно го мислам девојчето, језив случај ептен. Се надевам ќе се реши во најбрз можен рок.
Прочитав некој беше пишал расправии, бубачки ја фатило, ама колку време помина и ноќта пример каде ја преноќила на ова студено време. Не верувам дека е такво нешто, ми мириса на нешто лошо, киднапирање. Се надевам дека не е тоа жива и здрава да ја пронајдат.
Да, имаме по некој глупичок закон така. Реално, тие камери за кражби, киднапирања и слично многу би помогнале, ама кај нас испаѓа законите ко за криминалци да се праени.
Леле ова со камерите ме потсети во викендичката кога ми влегоа крадци имав камера ставено значи не беше црно бела, убаво се гледаа двајцата што влегле и знаете што ми кажа полицијата? Не можеме да ги најдеме и покрај тоа што им се гледаа лицата!!! Значи, нема камера у сред центар, мизерија тешка, дали некој ги плаќа пол. или веќе не знам што човек треба да мисли ова не е нормално што се случува, па како утре ден човек дете да има во државава?
Она што јас со овие години не можи да го разберам е како можи за девојче од 14-16 години па и постаро до полнолетство да се пишува такви погрдни коментари какви што вчера читав на фб? дека била курва,мајка и дека се продавала па ја уценувале зеленаши па затоа детето и го украле Зошто бре луѓе и што семка ве создаде за такви шпекулации? Иначе тажно ептен, посакувам побргу да ја најдат!
Jaс искрено се гадам од коментари секогаш. Многу прост народ сме, онака генерално зборано. За жената што беше силована од мажот прочитав работи кои ми беа испод ниво да ги читам, а очекував и за ова дека ќе има, само не прочитав, а не ни сакам. Како може, девојче малолетно исчезнало, тие со глупости да се занимаваат. За греота, да не им си во кожата, најголемиот кошмар родител што може да го доживее тие го преживуваат, место да се организираат потери, поддршка да се дава... малограѓаниве комплекси лечат по ФБ. Гнаси!
Јас мислам дека полицијата е замешана со сите криминалци. Или одредени полицајци се под закана од "силава" или се заедно со нив. Пишав на друга тема, нас во Сабота, на пладне, на голема гужва во Сити Мол ни ограбија кола, не ни беше обиена, туку со апаратче што ги фаќа радио брановите од клучот кога ја заклучуваш, ни ја отворија, човекот што беше за тој половина час на тој дел, ни рече бил на пауза и не измалтретираа на толку камери, не измотаа, да на крај ни го изменат записникот и излезе дека дур да успеавме да дојдеме до снимките, они ги бришеле. А мм им отиде на обезбедувањето и ги молеше буквално да вратат снимки, они демек неможело така му викаа, не се враќале наводно и по наше си претпоставуваме дека и обезбедувањето е замешано, т. е. ништо чудно и они да се. Од тогаш моја нога еве веќе 3 години во Сити мол нема стапнато нити па имам намера. За девојчево искрено се надевам дека е избегана од дома своеволно и дека е здрава и жива, одбивам да мислам на најлошото, за греота.
Штом досега не се појави девојчето речиси е сигурно дека не избегала сама туку се случило нешто. Читам коментирате како брзо реагирала мајката,тргнувам од себе,сите си ги познаваме навиките на нашите блиски,мм да не го добијам и после 3 ѕвонења на тел не би кренала паника бидејќи знам дека си го приостава телефонот и не се замара,ама да не ја добијам мајка ми после 3 ѕвонења богами ќе почнам да паничам,така да мајката сигурно си ги знае навиките и карактерот на девојчето а сигурно и gut instict-от и работи,а да бидам искрена не ми мириса на добро работава,а и не дека е тешко да киднапираш некого со опијат,неколку секунди се потребни,имаат пракса.... Дај Боже да грешам...
Aми и мене ако си го пуштам детето сабајле на училиште, па класната ми се јави дека ја нема, и ако не ми крева на телефон, ќе реагирам. А каква мајка би била ако не изреагира одма?
Јасно...ама нели дека и во тоа одма теории зошто толку брзо реагирала,па чудно ќе беше ако не реагираше! Господ сила да им даде,да не си им во кожата.
Да не реагирале класната и мајката веднаш, сега тука ќе се коментираше како се неодговорни и неправилно постапиле. Сега се коментира дека прерано (?) реагирале. Не се погодува никако. Според мене скроз нормални и исправни се реакциите, нема ништо сомнително. Други работи може да се сметаат за сомнителни, на пример немањето апсолутно нккаква трага. Или пак може има, не дознаваме сè во јавноста.
Дај некој да јави позитивни вести за девојчето Двете од Струмица ги најдоа, плавото девојче од Скопје го најдоа, ај и ова да е позитивен случај
Такви коментари со претпоставки и шпекулации никому не помагаат. Арно рече некоја поназад, можеби семејството на девојчето чита форуми од очај и надеж дека некој ќе сподели нешто ново. Поради тоа, немојте. Фокусот треба да биде на тоа дали некој ја видел. А, знаеме колку скапан народ сме. Колкумина и да видат нешто или некој, кога ги прашуваат негираат.