Овие од што се аматери ја зезнале работата. Ја убиваат оти дали не се одвивал планот како што треба, дали дека пријавиле. Ваљда ќе објаснат. Татково не верувам дека знаел за убиството. Уште од вчера кога веќе имаше приведени се знаеше дека има кривично дело и дека исходот не е добар. Веројатно го барале телото. Еве утре ќе разјаснат се.
Овие Љупчо Палевски и Велибор Манев осомничените што монструми ќе беа. Секој ден имаат постирано по фб, овој палчо држел и поткасти, дали се нормални луѓево, каква душа имаат
Нема да можат да ја воведат и да сакаат. ЕУ бара државите да ја немаат. И да сакаат да ја воведат, нема да важи за монструмиве за жал.
Ако беше побаран откуп ние обичните смртници немаше ни да знаеме за исчезнувањето,не е будала мајката на фб да ја бара ако некој веќе и побарал откуп.
Вечерва сите од нас со грутка во грлото ќе заспијат. Жално е премногу,имав верба дека ќе се врати жива. Почивај во мир ангелче невино. Одбивам да верувам дека таткото го планирал ова. Можеби е вмешан заради долгови,не сакам да верувам дека би си го убил сопственото дете кое го створил!!!
@нина122 Ама ако било така, и како што се збори дека таткото пропеал, ќе беше одма уапсен. А од обвинителство рекоа дека бил во станица на распит ама не е побарано притвор за него. За сега најверојатна е теоријата дека имал валкан бизнис со некого. Додека не се докаже нешто нема да знаеме.
Сигурно од 5орицата некој кажал оти на различни локации во исто време се пронајдени телата. А они го убиле и Панче така да...
Па тоа ми е чудно. Како да не го познаваш човекот со којшто имаш две деца возрасни веќе? Биле и во брак
Ниту знам како ќе спијам, ниту како ќе работам утре... Не знам утрешниот ден како ќе помине на училиште... Маливе како ќе ги заштитат... Како ќе му објаснам на детево мое, кога ќе види се тоа што ќе се случува. Ја мислам таа сирота мајка. Абе ќе ти падне пред очи и ќе плаче дека го боли, па срце ти се кине... На секоја тт трепериш и будно следиш... Го чуваш од парче месо... И некој ќе ти го убие, за пари... Пари!!!!! Уби го таму тој коцкарот. Вака пари пак ќе немаш, бел ден да не видиш!!!!
Јас мислам дека таткото знаел кој го киднапирал детето, бидејќи и сам учествувал во киднапирањето, ама не знаел дека го убиле одма детето..
Мислам дека кога мајката пријавила во полиција ги има испаничено и можеби тоа било пресудно да ја убијат. Само претпоставка моја.
Иако на прв поглед изгледа најсоодветна, мислам дека има многу "подобри" начини посурово да казниш вакви гнаси.
Не викам дека не го познавала, викам не знаела што се случува. Со неа бил, може очајувал, бил уплашен, плачел, кој знае што и' зборувал. Баш она не ми делува сумљива, зошто би пишала на фб воопшто, ние не би ни знаеле што се дешава.
Можеби од полиција ја натераа да објави на фејс?! И да ги остави коментарите. Сега пак пишуваат дека татково е приведен.