Ете така доколку при киднапирањето на стариот беа по агилни, се вклучеа уште одма во истрага да дознаат шо се случува можеби ќе спречеа уште едно убиство на Вања. Се гледа колку работи МВР ама овај стар е, не мора многу да се вклучуваме ќе се појави кога тогаш, ако е дете одма почнува народ да прај притисок па тие бараат по камери и ќе најдат, но итноста е дека е дете, но гледаш дека едното со другото е поврзано, за секој случај треба сериозно МВР да води грижа не само во одредени ситуации. Затоа мислам тие се најкриви. Уште не ми се верува Бог да ги прости, колку пари вредат два човечки животи, за шо конкретно се работи, ти дете да убиеш за долг.. И уште пожално е шо не е еден виновен петмина мафија сите со исто размислување дека треба да бидат убиени, психопати начисто.
Тргнало наопаку пошто не очекувале толку брзо класната да се јави кај мајката и мајката да пријави в полиција. Додека траат часовите претпоставиле дека никој нема да примети дека ја нема, а за отпосле кузнај шо мислеле. Планот им се сјебал кога мајкава сфатила дека детето го нема и пријавила во полиција. Отпосле и таткото што лично пошол да пријави било колку за камуфлажа.
Не знам за вас ама јас не можам да спијам, ништо не ми иде у глава, неверојатно ми е и нереално. Татко сам да договори да си киднапира ќерка за пари, мајкава избезумена пријавува уште од сабајле, најверојатно киднапериве мислеле дека до крај на прва смена нема да се знае за детево дека не е во школо, ама им се поматиле плановите. Друга луда работа, убиле друг човек па со истата негова кола (ваљда е истата, а не на таткото) која МВР ја бара стигнале до Скопје, и у сред центар сабајле киднапираат дете! Зошто ја убиле, господ знае....
Јас мислам дека и двајцата знаеле кој е, оти мајката уште во 8 ипол кога пријавила телефонски се сомневала на киднапирање. Ама сакам да верувам дека таткото ако има бар малку човечко во себе пробал да среди во меѓувреме, ама кога видел не оди пријавил во полиција. Се што правиме во животот на овој или оној начин се рефлектира на нашите деца и некогаш може да ги обележи за цел живот ни криви нит должни. Затоа кога имаме деца многу е битно да се трудиме и да сме добри луѓе.
Се надевав на позитивен исход. Страшно, страшно... Сега ги листав коментарите под статусот на мајката. Ми падна во очи еден на жена која кажува дека била силувана од зетот на убиениот велешанец. Дека се сомнева дека тој бил нарачателот. Во секој случај многу заплеткано. Жал ми е за мајката Жал ми е за детето Една недела се објаснувам со син ми како да се однесува со непознати. Да не се повтори...
Сирота мајка.. и отиде детето,и го нема веќе... Во целово лудило ,само таа знае како и е на душата.. Стана дете за во школо ,и не и се врати веќе дома. Срце да ти пукне.
А што би им сменало на психопативе ако го пријавеа покасно исчезнувањето? Тие сигурно не ни планирале да го остават живо кутрото девојче.
Возрасни мажи на 50 и кусур години глумејќи патриоти да извршат вакво дело , какви болни умови го дишат истиов воздух. Искрено се надевам дека сите ќе добијат доживотен затвор во најруинираната ќелија без да видат сончев зрак дур не скапат внатре.
Па и уште шпекулации побегнала со момче кое користело дроги, па не и било прв пат да бега…. Јадно детенце, затоа не ја забележале на камери, си влегла в кола и по два часа ја убиваат…. Нема сон ни за мене ноќва