Неговиот идентитет останува мистерија... Никаде ниту име, ниту професија не се обелодени. Се прашувам зошто
Сите претпоставки што ги кажавме тука испаднаа горе-долу вистинити, најмногу што беше сумливо за таткото дека го нема никаде па имаше низа реакции, ама ете. Жално за девојчето....многу жално, не можам око да склопам. Среќа во несреќа е тоа што не била сестра и' утрото со неа, и таа можеби ќе ја немаше сега...
Има такви луѓе...кумот наш има 40 год и никогаш не користел социјални мрежи,супер кул градски лик е,не ми е чудно за татково,а и веќе искрено и јас мислам да ги сведам на минимум.
Таткото останува вечерва во станица https://4news.mk/tatkoto-na-vana-se...L-TwArohKEwR8kJRy3QKRxqU2VmvwvgQXvJU2_Z725UPI
Ќе си реплицирам сама на себе, исходот за жал, не беше таков. Се укажуваше на поврзаност со родителите, каква-таква. Но, многу од вас се почуствуваа слободни да кажат дека ние кои ги согледуваме фактите реално сме “неедуцирани”… Отварајте очи, тоа имам да кажам, утре ќе биде друг на тоа место бидејќи во такво време живееме и ништо не е невозможно веќе.
Ова ни на филм го нема.... Јас се расплакав и многу се вознемирив, не знам како ќе спијам вечерва... А ако е вистина дека знаеле и ќутеле додека да помине самитот, шо не ме чуди, нека ни фрлат една бомба!
Боре Видевски од Велес е уште едно објавено име. Тој, Велибор и Кешишев се приведени. Палчо е во бегство. И уште еден има, велеа некој од семејството. А пред малку слушнав и двајца други ама не ги запомнив... тие двајца не биле приведени.