I jas mislam deka se rab za kidnapiranje do sega da ne ja najdoa imase edni devojcinja taka se odvoile od klasot si se setale niz skopje sami, op posle gi najdoa za nekolku saata blagodarenie na mvr i na kamerite po trgovskite ama voa pominaa 24 h
Чул те Господ мила ❤️ И јас вака мислам мила. Страв му е оти ако кажат нешто, автоматски ќе мислат дека си вмешан во исчезнувањето, затоа си молчат.
Се изначитав на гнасни коментари под постот на мајката , па се прашувам дали како народ еднаш ќе направеме нешто добро, а не спротивното? Само ќе кажам, тие што пљукаат да не даде Господ да бидат во кожата на мајката, па тогаш ќе ги видам дали вака ќе коментираат. Море, ми се повраќа. Ни грам емпатија на вакви болни теми, психопати.
Трговија со органи и трговија со луѓе, проституција. Иако ние само на филмови го гледаме тоа за жал постои секаде па и кај нас. Само размислете пред колку години се јавуваат мајки на кои бебето им кажале починало на порагај а не им го дале да го видат. За жал ваков ланец постои во Македонија пред многу години, сега можеби не затоа што се излегува во јавност ама пак има лоши работи кои се случуваат во оваа насока.
Не знам искрено, ептен е сомнително. За оваа држава уште повеќе, оти срозана е од криминал. Нормално е да се сомневаш.
Да ти ебам полицијата шо за ништо не ја бива тамо во Мк!!!! До пред две недели се ширеа гласини дека низ мк шетат киднапери на деца па полицијата кажа дека не е точно. За сега да исчезне девојче. Па толку ли се неспособни, барем да кажат дека е така , да можат луѓето децата да си ги заштитат кога веќе полицијата неможе!! Многу сум вознемирана од овој настан, немам излезено два дена, секакви филмови ми се вртат во глава иако живеам на друго место. Таман се смирив, да не шетам со ножеви во мене ама пак ќе почнам, подобро киднаперот/силувачот/убиецот да умре отколку јас или моите деца!!! Дај боже да се најде девојчето
Киднапирања има буквално секаде, што можела полицијата да направи за да го спречи ова? Дај не претерувајте, тука не се ни знае дали воопшто е киднапирање, не па да го поврзеш со некоја стара вест што испадна дека е лажна. Во секој случај има две страни, една е таа што ќе ја прикажат во јавноста, друга е таа што што е во позадина. Нормално и дека нема сите детали да ги изнесат за медиуми. Само се надевам дека девојчето е добро и не се работи за најлошите сценарија. Во Дебар Маало, сабајле, раздвижено, луѓе....не можам да замислам дека се работи за било какво насилно грабнување зашто секако ќе било видено. Тоа што класната одма ѝ се јавила на мајката ми е исто така чудно зашто не се сеќавам некогаш моите наставници да се јавеле на домашните на сред час ако детето доцни. Ваљда би се јавила на крај на час, ама веднаш на почеток? И зошто родителите имале инсталирано апликација за следење на нејзиниот телефон? Секако, сѐ што кажуваме е шпекулација и има амилион можни варијанти што се случило.
Сомнително... Го одминала училиштето. Насабајле е раздвижено, луѓе одат на работа. Да била насилно качена во кола, некој ќе видел. Или пак е прелажана на фин начин да се качи во автомобил. А зошто не е лоциран телефонот, знае некој? Ајфон може да се лоцира иако е исклучен.
Како претерувам? Па Мк ја има најуназадената технологија шо постои. Со тие пари шо ги украдоа, можеа подобри системи да воведат, компјутери, камери итн итн... И нема ништо чудно во тоа шо класната се јавила на мајката, така треба секаде да биде пошто не се знае шо може да се деси. Во мојот град никогаш не се јавуваа на родителите кога учениците ги немаше на час, ама да снемало некое дете, сите ќе викаа дека требало да се пријави. Моја другарка на 15г избега кај дечкото, ја немаше цел ден и цела вечер, никој незнаеше кај е, добро шо била кај него иначе ако беше киднапирана никој немаше да ја најде. Го знам тоа чувство кога е исчезнат некој близок, затоа викам дека треба повеќе да се заангажира државата. Исто и народот. Ама кај нас се е лом. Никој ништо не видел, никој ништо не чул. И да видат нема да кажат од страв. Камера некои имаат, некои не, некои ќе ги скријат од страв. Ова е последица од шо полицијата не си ја врши доволно својата работа.
Правилото до 72 часа. ако до тогај не ја најдат жива ..нејќам ни да напишам. Колку сати имаат минато до сега?
Сменето е времето, скоро сите родители ја имаат таа апликација сега и со учителки од градинка па натака се на вибер
Па секако е била вистина, они објавиле само едно комбе кое киднапира деца, ама реалноста е дека они кога оперират, оперират повеќе души на повеќе места. А полицијата не сака да предизвика паника кај народот и кажува дека не е вистина.
Ако е фрлен таму ќе го најделе телфонот, асфалт е таму каде ќе оди мобилниот. Во канта освен ... Ама ќе се побунела бе си велам
Што е крива државата овдека? Исчезнувања на деца и возрасни има секаде. Веста со комбето е лажна. Да беше од нив киднапирана ќе имаше сведоци. Дај не тресете глупости, за некој исчезнат да се прогласе за мртив, треба да поминат години, не се сеќавам дали беа 3 или 5. Какви 72 часа.
1.Ајфон се тракнува и кога е угасен 2.да ја земел некој на сила во кола, сигурно некој ќе видел, или она ќе викала. Не е физички мала, 175 е, не можеш да ја ,,спакуваш”.. Кузнае кај е детево