Колкава трагедија. Читам на фејс една од наставничките нејзини пишува дека за проект за Денот на благодарноста имале задача да и пишат на личноста на која и се најмногу благодарни,Вања му пишала писмо на татко и. Сирото дете.
Да имале немаа психопати да се, монструми гнасни. Најлоша смрт да си дочекаат, самите да молат да умрат што побрзо во пеколна агонија. Искрено, кај мене не се јавуваа. Знаело и по неколку дена да нема ученик и самите они не се јавуваа да прашаат шо, како, родител нели нормално ако извести, иначе воопшто не се замараа, ќе прочитаа кој е тука, нели ќе прозиваат, нема да се јави, отсутен и никому ништо. Ова зборам у погорните одделенија, за прво, второ, трето ваљда се грижеле, не се сеќавам баш, а од петто па натаму ич, големи сме биле, сами да си се чуваме, не биле они воспитувачки ниту дадилки. Се понашаа ко да немаат никаква одговорност, можеше слободно да се шлаеш кај сакаш, немаше да примети никој, не се замараа едноставно. Среќа ништо лошо се немаше десено бар ја коа учев таму. Денес одлично е што класовите си имаат групи на социјалните мрежи со родителите и класната па известуваат за се и добро што таа класна се јавувала на време, кога некој нема да се појави на час. Ама тука беше малце сомнително тоа што одма изреагирала мајкава како да се плашела дека нешто лошо ќе се случело, иако сосема природна реакција на родител е да испаничи ако ти го нема детето. Ете се потврди за жал дека се работело за нешто многу матно и опасно. Навистина све е измешано и комплицирано, да не знаеш веќе у што да веруваш. Толку е испреплетено и којзнае што се крие зад ова, тука има нешто и друго, ќе се дознае еден ден.
Мене лично ми е многу нормална реакцијата на мајката, нема да ми отиде може паметот дека татко и' и баграта негова стои зад се', ама сигурно ќе помислам дека некој манијак нешто и' направил, посебно во тие години. Не знам, пак ќе кажам, јас така би изреагирала, ако знам каде се другарите и очигледно не е со нив (верувам во комуникацијата измеѓу, класната ги прашала другарките дали имаат инфо). Ако никој релевантен не знае, сигурно одма ќе барам полиција. Да бидам искрена и за возрасен така би постапила, а не па за 14 годишно дете.
Случајов е скоро решен, навистина, зошто оставки? Ги најдоа и телата и сторителите. И притоа некако успеале да го натераат едниот да признае се'.
И оставки и што и да е, џабе е сега. Детето нема да се врати. Толку ли сум наивна што мислев дека нема шанса родител да му наштети на сопственото дете? За мочани пари...
Какви оставки нормални ли сте? Дај укључете главата малце. Пример вие сеа сте намислиле да убиете некого, го правите тоа и што после? Власта е крива? Дај не тропајте зелени. Ништо нема да го врати девојчето за жал, нека почива во мир. Убијци, манијаци, криминалци, коцкари, дилери, лихвари имало и ќе има. Системов во кој живееме од човек е направен и човек може да го сруши или да најде дупка.
Да, овој вториот. И мене ми личи на него. Во објавата пишува осомничен и за двата убиства. Што знам, досега не наидов на вест дека е пронајден, ќе видиме.
Може не се лихвари не е важно како ќе ги наречеме ама дека коцкар може да жртвува членови од фамилија е за жал позната пракса. Вања е колатерална штета ради таткото, факт.
Можеби девојчето и преку ноќта е однесено на таа локација со колата, не ми се верува на мене тоа да се има случено во 7 ипол и никој да не видел и у сред бел ден да пукаат и да ја закопуваат..
Јас не знам како успеав да отспијам 3 саати. Требаше да станам во 8, се разбудив во 6:45. Ужасно... Многу сум потресен. Многу ми е тешко. Немам зборови... Требаше убаво неделава да ми почне ама, за жал, и покрај сите нешта што ме очекуваат, не можам да сум среќен. Слушам и моите се будеа цела ноќ, и будни се одамна... Ова е многу тежок период за сите нас во државава.
На 27.11 е пронајдена значи Вања, во понеделникот. Бидејќи пишува опожареното возило е најдено на ден 27.11, а во близина е најдено телото на Вања. https://newz24live.com/hronologija-...r7zUQ0_s2AqP9bHk91S0WK2uLO8kU&mibextid=Zxz2cZ
Затоа треба да се врати смртната казна за вакви монструми, убијци на дете па уште треба и да ги раниш до крајот на животот.
Точно така, не знам зошто одма се повикуваат сите на оставки кога нема потреба, освен ако не гледаат од партиска страна па да го користат ова сега за препукувања. Ако е за оставки, тие се за уште многу од порано гледано, сите од горе до долу, ама не треба сега политика мешање. Случајот е решен, телата се најдени, осомничените се приведени, познат е и тој што избегал, познат е и мотивот. Од сега па натаму работата останува на судот да ја тера, МВР си го заврши своето и сепак е некаков успех што целово ова се разотокри, ги најдоа и жртвите и убијците. Беше формирано и посебно тело за истраги. Сепак значи ако се сакало можело да се работи. Ќе речеме касно заврши целово ова, да, ама има еден куп процедура додека се проверат информациите од секаков карактер, да се провери дали е точно сомнението, да се обезбедат докази за да се отпочни обвинението. И ФБИ да беше вклучена, за пократок временски период не можеше да заврши, реално. И најдобро е во корист на истрагата да не шпекулираме да оставиме истрагата да покажи, да видиме што ќе произлезе уште, затоа и државните органи пред време не кажуваат ништо, можеби има и други замешани во ова. Во 09.30 има закажано изјава на Министерот и јавниот обвинител.