Стари дртала, сите заедно 500 години имаат, на дете ли нашле да се силат.. Ај тој Велешанецот, имале нерасчистени работи, ама со Вања што имаа, што им згреши Вања за да ја убијат.
Ајде МВР ,се наспавте,испивте кафе?! Уште се трага по палчо,не бил тој вториот што го однесоа во суд преку подрум.
Човеков што го донесоа во обвинителство сношти е тепан цел, отечен беше во лицето, дали е можно во станица да го тепале за да признае?
Да кажат дали навистиба тој Палчо убиецот бил пријавуван за семејно насилство ја тепал жена му и ќерка му со години ги малтретирал. Ако да, тогаш оставки затоа што пуштиле таков силеџија на слобода. И мислите они не ги знаат сите овие лица дека се такви? Само нема закон кај нас
Ајде да се секираме за него што е тепан. Дај Боже така секој ден да им поминува во затвор. Затоа што смртна казна ќе им биде прелесна.
Во колку ќе има пресконференција? А за оставките.. Веќе е откриено. Нема ни потреба. Се надевам дека сторителите ќе добијат најстрога казна.
Девојчето е убиено уште во 10 часот сабајлето. За жал не е нешто што можело од страна на МВР да се спречи, многу брзо било. Вината на МВР е што не се заангажирале повеќе за велешанецот, па може така ќе се откриело со време и ќе се запрела трагедијава. Ама мислам што било и како било, сите моментално тропаме, нагаѓаме, жално е и ужасно. Поука ми е мене ова да уживам во мојот обичен живот, кај што не се занимавам со бизниси и паришта, што немам коцкари во фамилија, па барем да се спие мирно. Поука да не завидуваме на навидум богати и среќни фамилии, кои којзнае какви страшни тајни и ризици носат в кревет секоја вечер. Кутро дете, не заслужило да плати со живот за својата ненормална фамилија.
Не се заинтересирале затоа што фокусот им беше на ебаниот самит. Самит за БЕЗБЕДНОСТ. Од партизанска за да стигнеш до Бразда треба да поминеш низ Палас, каде што врие од полиција. Значи они со покрадена кола која се бара со денови успеале киднапирана девојка да им пренесат пред очи. А притоа камери има на секој чекор. Како не ја најдоа колата??? Ако ова е неспособност онда не знам што е. Завршува самитот и они за два дена го решаваат случајот. @MandyLane прашуваше зошто баш Бразда. Телото и колата биле оставени кај прочистителната станица. Местото тука е навистина страшно. Не е одржувано, има висока трева, грмушки. Често и исфрлаат отпад тука ама стварно нема никој. Овој Љупчо по потекло е од с.Глуво, во Глуво и имал куќа/викендица. Бразда и Глуво се едно до друго. Местото му било познато .
Немам кај да го слушам пресот, во меѓувреме откако ќе искочи и ќе дадат дополнителни информации тагнете ме ве молам. Неам нерви да читам коментари по фејсбук, пре од тука ќе се информирам. Тенкју.
Припрема за во затвор, може да му се лизне сапунот додека се тушира, па и двоцифрен да стане во затвор. @KateKane во 9ипол ќе даваат на сител
Што и да кажеме, детево и човекот нема да ги вратиме. Ни пеколот не е место за убијците. Татково… немам збор ако е се вистина што се збори. Луѓево што се мешаат у вакви работи треба да бидат свесни дека цела фамилија до 10 колено ја вмешуваат со нив. Не сум спиена цела вечер.. жално, прежално.