Сите се надевавме затоа што имаше издадено жолта потерница од интерпол. Сите верувавме дека е надвор од државава. Плус не беа побарани пари за откуп. А и се пишуваше како семејството било сосема просечно финансиски. Инаку сеа кажаа дека овој Палевски е избеган со автомобил со својот адвокат во Белград, и од таму во Бугарија
Јас сум прва што би рекла дека МВР се неспособни, ама вакви случаи некогаш и со години не се решени, така да една недела е и премија реално, критикување е излишно. Плус допрва ќе се формира случајот за пред суд со повеќе докази и информации, ма да се е јасно.
Се сложувам целосно. Не е да се брани или напаѓа полицијата, ама точно, во светот има сериски убијци кои со години не можат да ги откријат. Па овде плус родител е вклучен. Не дека имам аир видено од полицијата наша нешто, ама мислам дека случајов е ептен специфичен, како од крими роман.
Колку и да ми беа гадни старцине,не можам никако да споредам со гадоста од таткото!!! Татко еј!!! Карпа на децата,чувар од сето зло на светов! Бел ден да не видиш! Се изнаплакав
Ај дајте го сега таткото и сите вмешани на мајката, јавно на плоштад да му суди и легално. Ако се бара правда ова е најдобро!
Убаво пиша Божидар да го затворат "татково во кафез пред гробот на керка му да гледа клетиот што направи.. Да го ранат со парче леб еднаш неделно полека да умира да се мачи. Гнаса!!!!
Се надевав дека ќе има среќен крај на сево ова. Жалноо, не знам што би кажала. Нека и е лесна земјата
Еве го пред мене е планот, Прочистителна е поблиску до Ново Село отколку до Орман, има можеби и повеќе од 5км.
Чаршиските муабет за таткото се испоставија точни. Ја намамил во кола. Ке барале пари од мајката. Сега се е јасно. И зашто не врескала па не ја чул никој и зашто таткото го немаше никаде и зашто мајката веднаш рече киднапирање Ми се повраќа од се ова.
Каков Орман. Зборувам за прочистетлната станица во Бразда. Тука е најдена колата. Тука е најдено и телото. Не знам каков план гледаш. Станицава во Бразда е веднаш испод црквата. Порано имаше чувар 24h кој пазеше да не ја загади некој водата. Сега се прават само обиколки. Тука нема луѓе 24h ама поминуваат со трактори затоа пто има пат кој води према ниви. Има и луѓе кои исфрлаат шут и отпад на тоа место.
Грабната со кола по која се трагаше 3 дена оти е исчезнат човек со таа кола. Се возела низ Скопје колата, кога имаше 3 полицајци на метар квадратен. Или сите биле слепи, или неспособни. Срамота. Сите што кажавте дека е таткото, у право бевте. Убиецот седел на иста маса со мајката и полицијата, знаел дека ја убил ќерката и ќутел. Овој у кофа ќе го најдат. Што ако излезгла и помалата ќерка? Двете деца за пари ќе си ги убиел?
Татко...луѓе ТАТКО Татко кој што на сите ни е синоним на заштита, љубов... Родител за свое дете и жив во гроб би легнал, ама овој...овој си ја однел сопствената ќерка во гроб, и тоа за ПАРИ... Живи да не останат, сите до еден на плоштад да се прикажат и народот да им пресуди.
Уште пред 3 дена објавија дека 5 души се приведени, значи многу порано имаат дознаено за се ова, можда уште вториот ден кога исчезна. Значи одма се има знаено дека таткото е биден соучесник Мајката во статусот напиша немаме непријатели, мирно семејство бла бла, кој е кловн сега во ситуацијава? И само ако таткото го прогласат за невин, лелелеле