Хлороформ. Платно со хлороформ или слична хемикалија на уста и нос, жртвата СЕКУДНАРНО губи свест, нема време ни да врисне.
Да имавме подобро истражувачко новинарство и да не дремеа моралистите по фб и социјални мрежи, оваа беше од почеток случај за чешлање. Неколку точки: Пријавува мајката не оти тоа секој го прави одма туку дека знае дека е киднапирана! Цело време се прашуваше кој е таткото, ама народот бил љубопитен! Две пријави има, една на мајката друга на таткото. Фатено е возилото и приведени се неколкумина. Друго, ќе се дрзнам ама ќе кажам, мајката избрза со објавувањето на случајот во медиумите. Требаше да разговара само со полицијата. Од почеток знае дека е киднапирање и тоа не се открива со рандом лица од улица. Се било организирано и тоа од таткото. Следно, да престанеме да изиграваме морални полицајци. Нема зошто паника и страв, ова е таков случај што немало како да се заштити детето. И не, не пишувам лаички. Само сакам да кажам, како што пишав и порано, многу работи не беа логичини и за жал укажуваа дека близок е вклучен и дека се работи за случај во семејството. Прифатете дека секакви монструми има.
Убиецот е монструм. Ама таткото е над сите. Ако постои по никаков,по страшен збор од монструм, тогаш тој збор е за таткото. Какво куче е тоа, сопствената ќерка да ја киднапираш за пари, па дали тој размислил кој стрес на девојчето ќе му го приреди, какви трауми ќе имаше да останеше жива. Дали мааалку, еден грам мозок имал тој? На него мајката треба да му пресуди, никој друг. И не со смрт. Смртта е ништо за клошаров. Жив, да го мачат цел живот. Во физичка и психичка болка да живее. Да умре не. Премалку е тоа за него. Џабе што сме напредни во некои други работи. Ние , целава планета сме за назад во камено време.
Рекоа дека таткото не учествувал во грабнувањето, туку само давал насоки. Штом била грабната од влез и пикната во кола, тоа било насилно. Како побогу никој не приметил? Бесилка за сите! Проклета држава сме. Нека почива во мир девојчето
Низ каква агонија поминала Вања.... Татко, сопствен татко кој треба да те заштити, сака и чува да те предаде вака. Се надевам ќе го доживеат самиот пекол, да молат Бога да умрат побрзо. Душава ми гори.
Во сред бел ден,строг центар на градот! Монструми , а за таткото,не секој заслужува да биде родител...
Затоа реков, и јас имам доста информации кои сфатив дека се дезинформации, така да да не шириме да се воздржиме.
Mислам во моменти на татква паника, никој не размислува трезвено. Мајката раширила со надеж да се најде побрзо. Паника е тоа во моментот не играчка.
Епа затоа зборувам. Прво наоѓаш кола (која сте ја фатиле во движење дента на 27ми низ Скопје) во Бразда и ти треба недела дена да на истото место најдеш тело кое е поврзано со таа кола. За мене ова не е способност и брза реакција на полицијата.
Главниот јавен обвинител е исклучително елоквентен и координиран, министерот исто така. Новинарите како чавки сите у еден глас - чест на исклучоци. Сеуште не можам да верувам дека таткото е директно инволвиран, иако не ме чуди. Знам каков татко имам јас и знам каков татко имаат моите брат и сестра, па не сум со розеви наочари. Чичко ми се занимава со лихварство и исто е политички активен. Не ме чуди ништо, ама зарем ова не можеше да биде спречено на ниеден начин у пичку матер? Каква презумпција на невиност за таткото? Негирал дека е поврзан. Па такво говедо не признава. Вања ја нема веќе, низ што поминува сестричката сега. Ова се трауми за цел живот.