Крива е оти полицијата не си ја врши должноста како шо треба. Наместо тоа, сите чекат само како да си одат дома побрзо. Оти никој не сака да си го ризикува животот за мочани 30 000. Толку зимаат полицајците во мојот крај, за во друг незнам.
Некој близок и познат најчесто ќе подлажне дете. Мош сум досадна мајка, ама на детево често му повторувам да не тргне никогаш со некој кој ќе му каже: “татко ти или мајка ти ме пуштија да те земам од училиште”. Ниту пак да си оди со родители на другарчиња. Знае кои личности само може да го направат тоа. @fana Детево има активирано find my phone и го покажува точно на локација која може да биде со радиус најмногу до 5м. Не ми штима нешто во прикаскава?
Во право си. Полицијата е никаква. Може има исклучоци. Имавме еден случај, не се замараа, а други беа виновни. Јас тоа се би набркала. Во полиција треба да имаш доверба.
Во училиштето кај што учеа децава класните се јавуваа на крај на часовите. Или во текот на денот. И овде е така. Почнав да мислам дека девојчево некој го следел. Ако е насилно однесена некој ќе реагирал. Има народ таму.
А како сфативте дека не си ја вршат должноста? Мајката напиша дека досега цело МВР работеле на случајот.
Тоа што некои полицајци не работат правилно, не значи дека сите се такви. Има и такви кои одговорно си ја извршуваат должноста.
Се отепаа од вршење на својата должност. Мајкава на Пино се отепа од притисоци, викање медиуми, снимање, па и на Италијанска емисија ја имаше. Па приватен детектив и ај, некако, проработија. Ама битно тој соучесникот на таа што наводно го убила, никогаш не го најдоа, ако не се лажам. Див запад.
Кој си немал работа со полиција за такви работи и слични незнае. Јас во фамилија имав полицајци, знам шо правеа и како правеа, а богами и за нивните колеги. На никого не му е гајле. Само се исплашени да не добијат некоја казна од тие шо се погоре од нив.
Епа нека побараат таму ете кај броз. Таму и е телефонот. Го знаат ова во полиција, дека ајфон може да се лоцира и исклучен не ни текна нас сега
Јасно ми е дека кај нас полицијата не работи како што треба, ама не значи и дека сега е случај. Мајката кажа да не се напаѓаат, дека засега се на ниво на должноста. Штом она вели така, значи така е. Не мешајте други случаи. Туку само да не е киднапирана, девојката има шанси и да не е во државата веќе. Нека е од близок, одмазда, што и да е, само да не грабната за продавање. Тогаш не верувам дека ќе ја најдат, па макар и ЦИА би дошла на помош. Научени сме на плукање само.
Не знам не ми е нормална реакција ако некој не ти го пронашол детето да се заблагодаруваш на полицијата дека си ја врши работата.
Последниов случај не верувам дека има врска со киднапирање. Партизанска, околу Силбо, ~8часот наутро, некој насилно да те повлече/пикне во кола и никој да не примети, тешко. Башка имаше коментар дека на надзорните камери се видело како влегува во бела кола.
Зошто чуден? За дете се работи, сигурно никој не е рамнодушен од МВР. Телефонот може и да биде фрлен, или сокриен таму, не мора да значи дека телефонот е со девојчето.