Сум кажала многу пати и пак ке кажам - не заслужува секој родител дете!! А најбитната одлука у животот - на кој ке му родиш дете. *превземено од фб страната Глуварче
За конкретно овој случај не знам зошто би требало оставки, полицијата имала 0% шанси да ја спаси, башка во рок од 1 недела ги пофатија...
Му го поставија ова прашање на пресот. Како да излеземе безгрижно од дома кога убиец имате на слобода пуштено. Знаеш што одговор даде? Значи убиецот не шета овде туку е надвор од државава (како да се бугарите помалку битни ако скине некој од нив) плус ќе (???, значи не е) се издаде потерница по него, тамошните власти ќе добијат информација и нема да може така слободно да шета. Мене некој ме заебава дека полицијава наша е способна за нешто или?
Епа баш и до толку не сум знаела,од многу луѓе сум слушнала што продале имот и слично,знаеме и многу луѓе што имаат пари,ако се плашевме така нон стоп кај ќе ни беше крајот,момент е тоа,на крај памет не би ти паднало вакво нешто.
Мајката има уште едно дете за кое мора да живее, скршена и завиена во црно цел живот. Се надевам нема да направи такво нешто. Заради другото дете.
Во Тетово има многу случаи, не завршени со убиство, ама кражби и во секој од тие случаи учесник е член на фамилија. Еден најтазе случај беше каде синот пренел дека татко му дома има голема сума на пари и ги ограбија.
Во шок сеуште… Да не и е човек во кожа на таа мајка. Како што сфатив, тројца се фатени и во притвор. Двајцата велешани, овој Манев и тој каратистот ваљда, и штипјанецот. Организатор и тој кој го притиснал копчето на пиштолот е во бегство. Другите двајца кои беа на разговор и се пуштено се сопственици на реното кое возело позади цитроенот на Жежето. Но колата била дадена на употреба за партиски цели и немаат никаква поврзаност со настанот. Двајцата со цитроенот влегле во влез, врзале раце/нозе на девојчето и ја пикнале во вреќа за спиење, најверојатно во несвесна состојба и во гепек. Третиот во реното ваљда кружел пред влез и давал инфо дали во таа минута е “чист”теренот. Женава, мајката, во 08.30објави на ФБ или само се јавила во полиција? Девојчево е убиено во 10.00 поради паника од страна на убецот. Толку аматерски, толку глупи. Комбинација од монструми и ниско iq.
Панче најверојатно го убиле зошто не прифатил да го направи ова со нив. Им должел пари, си рекле еве да се искупи нека учествува, колата ќе ја искористиме. Човекот сигурно не прифатил, и го убиле за да нема плус сведок… Таков пресврт, толку лица вмешани… Луѓево се со низок интелект, мислејќи дека служат на некоја кауза, потпаднале под дотичниот Палевски, а кога веќе еднаш ќе тргнеш нема назад. Прежално.
Затоа што запалената кола со која ја однеле Вања, е најдена на 27ми- пред недела дена во Бразда. На истото место е пронајдена и Вања. Сосема логична претпоставка е да истиот ден кога ја нашле колата го пребарале местото затоа што газдата на колата се водеше за исчезнат. Никој не сака да верува дека само ја нашле колата и си заминале од местото како да е најнормално нешто.
Цел живот истото го зборам! Не секој заслужува да биде родител, татко или мајка! Не и не! Не е задолжително да се биде родител! За жал, најчесто на нашето поднебје, по пат на СЛУЧАЈНОСТ стануваат родители од што не сакаат да се заштитат при секс! Се бројат на прсти тие што ВИСТИНСКИ САКАЛЕ да бидат родители.