Само не ми е јасно зашто ја убиле? Која е логиката?? После 2 часа од грабнување да ја убијат ако мотивот бил изнуда на пари? Што вели Миленко можда настанало расправија во меѓувреме па некој од психопатите бил поимпулсивен и пукал.
Па Панче се водеше за исчезнат. Како не го барале? Од Велес колата ја наоѓаат во Бразда во Скопје. И не го пребарале местото. Не е битен Панче така? Ок. Тогаш не велете дека се способни.
Според МВР наводно поради паника дека мајката пријавила во полиција, но и раната реакција на народот. Меѓутоа јавноста не знаеше за ситуацијата се до околу 12 кога мајката напиша статус на фб.
Да а ќерка му го пријавила и него и колата дека ги нема. Кружеше слика од колата низ сите портали. Па на 27ми имаше вест дека ја нашле колата запалена во Бразда. И толку. Се прекршија од работа.
Паника ги фатила во 10 часот дека во 12 ќе дознае јавноста, па брзо ја убиле??? Мора да биле видовити. Притоа на пресот известија дека мајката не добила никакви барања за откуп нити повик.... А планот им бил да ја убијат прво па после да батаат пари. А пари не побарале..... Од 7 ипол до 10 што правеле? Многу нецелосно ова објаснето од страна на ретардираниот Оливер и компанија.
Не дека е толку битно во целава оваа збрка, ама СЕКУНДАРНО е нешто што е второстепено, второ, што оди после примарното (првото). Чисто добронамерна забелешка за сите оние кои користат секундарно (за во ист момент) и морално (демек нешто морало).
На 3ти декември се најдени двете тела, откако некој од амебиве пропеал. На 27ми само возилото е најдено, не и телото на девојчето. Односно локациите на телата ги дознале пошто им ги кажал некој од овие.
Психопативе дознаваат дека Вања е пријавeна за изчезната во 8.30 h Сигурно паничат ... Таткото монструм е во контакт со нив после 10 часот можеби го губи контактот со нив па во 11 пријавува и тој ... И секој ден оди во полициска станица и крие инфо ... Немам коментар
Глупиве убиле човек, чекале со денови да се распространи веста, да се дознае кој е и каква кола има, и со истата кола тргнале второ злосторство да извршуваат. Додека бил само жежето не им тргнале во трагот, ама второ исчезнување за неколку денови и во патеката на движење од домот на втората исчезната ја гледаат колата на првиот исчезнат….собрале два плус два.
И јас помислив дека пријавил во 11 за да има алиби. Ако пред тоа бил нешто присутен во дејствието, па потоа успеал тек во 11 да се загрижи и упати во станица. Ама па не ми држи вода до толку ова... Ако Вања посветила честитка за благодарност на татко ѝ и го сакала, значи биле во добри односи, да кажеме бил грижлив татко. Дали е тој наседнат на монструмите или нешто свесно има учествувано... Само прашалници само три точки сме, неверување без крај, болка голема, страв, недоверба во служби. Во толку мал народ, толку многу криминал. Не можам да поверувам дека таткото нешто свесно презел знаејќи ја бандата. Дали сакал да прави уцена врз некој од потесните членови, со цел да ги смири бандитите, а имал можеби и историја и позадина со нив, па да се сокрие да не биде издаден, прифатил некоја ваква местенка, неочекувајќи ваков исход. И откако разбрал дека го сториле злочинот, отишол лично да пријави. Не може не смее таткото свесно да е вклучен во ова. Ако е така ова е најголемо предавство, каква казна заслужува овој грозоморен чин??
Таткото е виновникот. Овие убијциве будали тешки безмозочни под влијание на Палевски го убиле детево од што немале грам памет. Затоа и ги фатија за една недела.