Кој тогаш е виновен што без никаква грижа се отвараат коцкарници, казина на секој втор чекор насекаде низ Македонија? Кој е крив што лихвата е застапена насекаде низ Македонија? Достапноста на тие и слични девијантни средини ја зголемува стапката на криминал, сакале вие да признаете или не. И да, криви се МВР! Ништо не е под контрола, а приоритетите и вредностите ни се крајно пореметени.
Па отпосле преку камерите на safe city ја сфатиле траекторијата на движење, не е ЦСИ ова па ајде одма ќе сфатат се. И таа проверка на камери и еден куп други работи и процедури бараат време, тело не бараа на 27ми, ни од стариот, ни од девојчето. Луѓе од 27.11. до 03.12. има 6 дена, поекспресно никогаш ништо не е решено. Сум за критикување на полиција и ја критикувам (на пример, полицаецот што го уби Пале и што го пријавувала ама колегите го криеле) меѓутоа во овој случај НАВИСТИНА се ангажираа. Да го спасат девојчето, а ни дедото - не можеле, дедото своеволно се бафтал со овие, девојчето роден татко ја предал. И пак ќе кажам, јас лично имав ситуација мн. скоро да викам полиција, и тоа за неспоредливо поситна работа, и дојдоа, и бидејќи бев извадена од памет во место кое не го познавам и не знаев да објаснам точно каде сум диспечерката остана со мене на линија дур дојде полицијата. И полиција мати вода многу, ама кај што нивни лично битни се замешани или политика (оти Грујо им избега под толкаво обезбедување.. нели), ама за вакви цивилни настани кај што ни жртва, ни сторители не се политички/полициски битни, работат повеќето. Јас не сум никој и ништо и во секој наврат што сум имала потреба постапиле како што треба. Од киднапирано дете (што се испостави дека е киднапирано - интуицијата ми викаше дека е - пријавив сомнеж и стварно испадна истиот ден киднапирано) до нападнат човек кој не го познавам на улица (пријавив таблички на тепачите, ја видов колата), до други ситуации што мене ме засегале лично, постапиле. А не сум никој и ништо, обичен човек.
Абе како да се поврзат двава случаи, дај не лупетајте... И не се поврзани, ако гледаш така, го искористиле возилото и толку, возилото пронајдено, додека не се направи вештачење и најдат докази како ќе се има поврзаност. Башка кажаа, возилото прв пат се појавува на денот на убиството.
Зошто цело време кажуваат дека мајката изјавила за таткото дека бил добар и не знам таму што исто како и оваја Фросина која и да е. Колку што го пратев случајот мајката никаде не излезе јавно да даде коментар, а новинариве за клик и за пари може се и сешто да напишат….
Личи,на сликите на Линкедин е помлад само. И пак се политизира по социјлни мрежи. Било брзо или не било. Само со тоа се занимава народ,ко да е битен Спасовски многу. Детево од родител е настрадано.
Skopje e bezbeden da u odnos na Teksas Drugar dzandar vcera mi rece vise sme Teksas. Nie u odnos na drugi gradovi pogolemi da sme bezbedni Ama faktot deka sekoj koj stigne se sheta so pistoli Kidnapira srede bel den.. vikas bezbedni sme? Ne krevam paniki realna sum Sekakvi osobi shetaat megjunas
Ич не морало да се поврзуваат случаевите. Ако првиот се разрешил ич немало да дојде до вториот. Жежето е велешанец, двајца сторители се велешани, едниот и комшија, плус има поврзаност поради партии и потрага по злато нешто и со главниот од групава. Ваљда телефон ако се проверело ќе имало некои индикации…
И мене ми личи на истиот, само профилната слика му е убаво средена, како и сите наши профилни слики, а оваа другата е некоја рандом слика.
И не поминала кај Палас на 27ми сигурно, затоа што беа затворени и Илиндеска и бул. 8ми Септември во тој дел. Систина мислам работиш, верувам не помина преку 8ми септ. до работа. ПС моја грешка, не беа затворени на 27ми, на 28ми имаше генерална проба од 09-12, а на 29 после 12 беше веќе затворено.
Ama ima logika I da e pocinat. Zenava ima nasledstvo golemo Ama zosto ja ubile ako znaele deka pari ima Ili moze znaele deka zhenava ne e glupa i deka nema da ja zaebavaat kao stignat Mnogu zhalno ej A tek na devojcevo drugo kako mu e Toa najzalno
Абе ај не заебавајте. Татко дозволил детето да му го земат, тоа е знак на сериозно растројство и дека човекот не е нормален, не го направиле коцкарниците неточен, таков си бил сигурно. Не дека сакам да има коцкарници, ама тие не правдаат тоа што има сериозно болни луѓе, кои веројатно се такви и без нивните пороци. Пошто има и луѓе со пороци, ама не би наштетиле на ваков монструзен начин на своите деца. Многу пострашно и поголемо е ова татково што си дозволил без разлика на било кој порок.
Значи полека малку. на 24 11 е пријавен за изчезнат човеков, на 27 ми се случува ова. Не е дека поминало година дена па ајде да решеле еден случај немало да има друг. Таткото да не си ја дал ќерката немало да има убиство.
Ама пак не ми ја разбираш поентата на муабетот. Колата ја нашле самите полицајци на 27ми, запалена. Истата кола и нејзиниот газда Панче беа пријавени во полиција дека ги нема. Ја наоѓаш колата а не го пребаруваш местото? Ајде разбирам им требало време за вештачење и не успеале колата да ја поврзат со Вања. Ама колата е на Панче кој е исчезнат. Му ја наоѓаш колата запалена и си идеш од местото пошто што те интересира да пребаруваш околина не бараш тело. Го бараш Панче. Значи многу глупи одговори давате. И не, полицијата не го решила случајот затоа што убиецот е на слобода. Ќе биде решен кога ќе биде фатен и осуден. И не полицијата не го реши експресно случајот затоа што Панче е пријавен на 24ти а на 27ми ја наоѓаат колата и толку. Ги нашле Вања и Панче само затоа што гомнариве им кажале кај се. Не дека самите откриле. А биле на лице место на погувањето на самиот ден.... Колата од Велес е денесена во Скопје. Како ако не со возење. Камерите излеа им служат само за пишување казни коа треба. Малку поинтензивно да се посветеа на потрагата по Панче и автомобилот случајов со Вања или ќе беше спречен или ќе беше многу побрзо решен. Од оваа причина и мислам дека кога е најдена колата е пронајдена и девојкава ама е прикривано додека заврши самитот да не избие скандал дека за време на самит за безбедност пред нос на полиција им киднапираат дете со украдена кола која се бара....