Исчезнати лица

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од friendy, 4 август 2017.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.399
    Допаѓања:
    90.539
    Пол:
    Женски
    Мене некои црни филмови ми се вртат не дај боже да испадне така.
    Не за киднапирање туку да не посегнала по својот живот.
     
    На Lilik му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.079
    Допаѓања:
    6.572
    Пол:
    Женски
    Аниса изчезнала четврток, најдена е сабота. Терав инфо да најдам позитивен пример.
    https://fokus.mk/tatkoto-na-anisa-s...o-za-detsata-no-ne-znaeme-shto-nosi-zhivotot/
     
    На sureinlove и Milkiway им се допаѓа ова.
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.819
    Допаѓања:
    40.922
    Пол:
    Женски
    Зошто некој би ја скрил камерата од страв?
    Може, киднапирањата не мора да се филмски со насилно пикање во комбе, туку најчесто тие што се занимаваат со трговија на луѓе си имаат тактики и жртвите сами си доаѓаат. Ама секако не мора да значи дека е тоа.
     
  4. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    4.679
    Пол:
    Женски
    Какви луѓе сме и да видат ќе завртат глава... За жал мидлам дека дојде време да паднеш на улица да ти се слоши никој нема глава да сврти а не па да ти пријде..
     
    На Anyshka, Skorpija25 и bicycle им се допаѓа ова.
  5. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    1.263
    Пол:
    Женски
    Нормално е дека полицијата нема да изнесува детали во јавност додека е во тек потрагата. Сигурно дека нас ни текнало да се лоцира ајфон, а нив не.
    Ама нема да излезат на тв да кажат: еј еве сеа го лоциравне на граница, тргаме по нив…
    Барем до толку имаме општо познавање дека така ќе се загрози целата потрага.
    Или ако имаат инфо за некоја кола каде влегла или слично нема да го кажат тоа на тв ако се на пат да и влезат во траг.

    Незнам, немам стручни познавања ама ова општа логика…

    Исто и реакциите на наставничката и мајката незнам што ви се сомнителни и чудни. Денес сите функционираат така сп групи на социјални мрежи. Секаде околу мене децава ако ги нема на почеток на час ѕвонат да прашаат ако немаат најавено отсуство. Па кај нас во градинка ако те нема пола саат после прием те бараат, а не ни иде само детето.
    Исто и мајката, го пратила на школо и ѕвонат не е таму, ја бара и исклучен мобилен…како мајка одма ми се превртува желудник. Не е прерана реакција ама ич
     
    На sunshinebabe, Harper, Waverly Raven и 20 други им се допаѓа ова.
  6. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.242
    Допаѓања:
    19.026
    Ова девојче беше избеганато, со уште едно што ја бараа така?
    Ако се тие, памтам групи навивачи албанци, плус рандом луѓе многу народ се собираа по соц мрежи. За разлика кај нас само Ловечко друштво некое имаше апел за барање, каде се навивачките групи од Скопје и општо луѓево во поголеми групи да се соберат? Стварно сме само за на фб и за по форуми...
     
    На VDT2906, SV1911, felisitas и 3 други им се допаѓа ова.
  7. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    824
    Допаѓања:
    5.651
    Пол:
    Женски
    Не е така... Двапати ми помогнале туѓинци, првиот пат непознат онесвестена ме внесол во поштата и повикал Б Помош... Вториот пат, неодамна, туѓинка ми пријде и праша дали сѐ е во ред со мене... Благодарна сум им, од срце...
    Постојат добри луѓе,иако во помал број, да не ја губиме вербата во луѓето....
     
    На Skorpija25, TarantulaA, Tajnaotrovna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    3.472
    Пол:
    Женски
    Веста дека влегла во бела кола колку е точна? Дали може да се работи и за повозрасен дечко да има избегано со него?
     
  9. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.162
    Допаѓања:
    118.314
    Пол:
    Женски
    Епа гледа дека СЕ ОБИДУВААТ да ја најдат, даваат се од себе.
    Цела полиција е на нозе сите го бараат девојчето.

    Па викаат на некоја камера од локал било забележано тоа и дека потврдена информација е
     
    Последна измена од модератор: 28 ноември 2023
    На sunshinebabe, Bratot, Stressed Out и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.424
    Допаѓања:
    20.933
    Пол:
    Женски
    Многу трубат со тие дезинформации, да не знаеш на што да веруваш.
     
    На nextredstyle и Just.do.it им се допаѓа ова.
  11. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    2.601
    Не е тешко ниту чудно, само кај македонциве и народон у ЊуЈорк имам забележано да ќутат кога луѓе околу нив се во болка, неволја или аргумент. Секој се прави ко да не гледа и никој неќе да се меша.

    Не сфаќате дека многу криминал се дешава токму сред бел ден пред наши очи, заради тоа што се блендира со околината и не изгледа сомнително.
    Не е ситуација каде некој те грабнал на сила, знаете ли како работаат дечкиве? Со мед и млеко зборови, ќе си помислиш ау овој душа чоек е, ај ќе поминеме време заедно, следно нешто гледаш други типци во соба влагаат.
     
    Последна измена од модератор: 28 ноември 2023
    На sunshinebabe, *Amethyst*, christinnn и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    6.904
    Допаѓања:
    11.297
    Пол:
    Женски
    Ова беше во Автокоманда нешто така, под мостот кај фершед тука некаде мислам ја најдоа, па сега имаат ставено светла од коа се деси тоа… прежално е што треба нешто да се случи за да се превземе нешто за безбедност…
     
    На sunshinebabe, tanjita, sparklie и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.434
    Допаѓања:
    183.398
    Пол:
    Женски
    Уф… ајде и јас со моја теорија. :bandit:

    До сега не ми е ништо посебно сомнително во делот на комуникацијата на релација родител-наставник. Во какви неизвесни времиња живееме, секако подобро е да се преземе се што се може околу следење и обезбедување заштита особено кога се работи за деца.

    Изјавите дека не е булингувана и дека не била во конфликт како со домашните така и со надворешен фактор (ако се вистинити) одат кон тоа дека не се работи за одземање на сопствениот живот. Пак ќе кажам ако се точни тврдењата.

    Па вака ми личи на класично киднапирање. Веројатно се работи за профил на човек нарцис и манипулатор кој некое време стекнувал доверба во неа. Не го знае долго, ама цело време и докажувал определена лојалност. Така што не се работи за класично насилно киднапирање (кое би било препознаено евентуално и познато на јавноста до сега) туку своеволно одлучила да прескокне часови и да замине со друга личност, доцна дознава дека паднала во мамка.

    Верувам дека мвр има траг, и нормално дека нема се да споделат со јавноста. Ништо чудно белиот автомобил да е само пренасочување на внимание, за полесно следење на оној вистинскиот. Не можеме како јавност да очекуваме да ни биде се кажано, до нас како граѓани останува доколку го забележиме девојчето да ги известиме органите.

    Дури и да се работи за своеволно бегство, не можела сама да го испланира. И во двете сценарија замешани се повеќе луѓе.

    Се надевам дека ќе се расветли случајот што поскоро и дека жива и здрава ќе се врати дома. (fingers)
     
    На sunshinebabe, Harper, Limpan и 31 други им се допаѓа ова.
  14. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    43.292
    Пол:
    Женски
    Треба ептен добро и филмски да е испланирано да на место каде што има камери на секој чекор, на ниедна да не биде забележано.
    Јас се надевав дека сама заминала и ќе се врати, ама надвор е ладно, а веќе доста време помина.

    Да се врати дома здрава и жива само. :(

    Мене па чудно ми е шо зачестија исчезнувањата, ден-два и ги наоѓаат. Се надевам дека некој се интересира за децава и после пронаоѓањето, треба да се разговара кај биле и зошто заминале.
     
    На sunshinebabe, Limpan, Skorpija25 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    7.973
    Пол:
    Женски
    Имате осет малку?
    Бидете внимателни што пишувате.
    Дете е исчезнато!
    Не мешајте политики ниту пак да правите психолошки профили на родителите!
     
    На sunshinebabe, Amelia., *Amethyst* и 10 други им се допаѓа ова.
  16. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.761
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    А не можи некако да се влези на инста и фб профилите, да се прочачка по пораките? Најчесто таму лежат сите одговори.
    Не мислам дека е киднапирање класично, туку девојчето доброволно заминало со некој. Е сега, за каков човек се работи…
     
    На *Amethyst* и Spicy Senorita им се допаѓа ова.
  17. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.249
    Допаѓања:
    50.834
    Пол:
    Женски
    Сигурно е киднапирана друго ми нема смисла да е.
    Да побегне кај ќе оди на ова ладно, да побегне да ама тоа би било на неколку часа, а е поминато доста време.
    Да е побегнала ќе талка некаде низ улиците некој ќе ја забележи, а сега како в земја да пропаднала никаква трага нема.
    Се што пиша Јованти се согласувам.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    6.904
    Допаѓања:
    11.297
    Пол:
    Женски
    За ова ни е потребно Amber alert, таткото на девојчето од Србија, Тијана Јуриќ, кое беше киндапирано, силувано и за жал на крај убиено, после толку време се избори да го усвојат законот и во Србија. Се надевам девојчето е здраво и живо и дека ќе се најде побрзо.
     
    На tanjita, SummerGirl и st-el им се допаѓа ова.
  19. CherryBerry

    CherryBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    132
    И мене ништо од изнесеното не ми е чудно, сите постапки од вклучените ми се на место. Телефонот полицијата или го лоцирала, што значи дека може бил фрлен некаде или пак е уништен. Нешто што може ние да направиме сега е да внимаваме на некои чудни детали, како ете пример фрлен ранец или облека што е опишана дека ја носела, доколку имаме некој сосед што претходно се врткал околу деца и сега сомнително се однесува, некој ако сподели детали за исчезнувањето кои не се јавно познати... искрено ако е киднапирање не знам колку и нејзината слика ќе ни помогне. За жал потрага да се организира во голем град е тешко, не е отворена локација каде немаш каде да се криеш.
     
    На Amelia., LiquidLuna, Снегулк@23 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.434
    Допаѓања:
    183.398
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека нема таква снимка. Веројатно се работи за заштитена информација. Дури и најдобри професионалци бидуваат забележани некаде. Некои информации не се откриваат оти имаат своја цел.
     
    На sunshinebabe, Harper, Amelia. и 13 други им се допаѓа ова.