Плус за исчезнат возрасен човек се чека 24 часа па потоа се бара. Секогаш прво се мисли доброволно да не е заминат некаде.
Се трга во потрага со мисла дека лицето е живо. За возрасни и се чека. Кога не сфатиле одма за колата, што можеле...
Никој не вели дека таткото е нормален. Но никој не може ни да каже дека МВР не се криви за ништо! Патем, не зборуваме само за случајот за Вања, туку и за дедото. Основниот мотив како што велат е користољубие, така да девијантните појави се ставаат под контрола превентивно или репресивно, но за жал кај нас и двата вида на контрола се ендемски.
Никој не негира вината на сите учесници. Само од помислата дека едни монструми првен еден човек отапале а после неколку денови слободно шетале и киднапирале и убиле дете…
А бе, телефонските интеракции само на Панче да ги провереле, ќе знаеле на што се. Кога веќе нели го нема, по службен налог да се види со кого последно комуницирал. Исто и на родителите на Вања.
A ti ne sfakjas deka teloto bilo daleku zakopano od kolata? Ne go prebarale celo mesto mozebi, tuku okolu prebarale, bila zakopana Vanja, ne ocekuvale deka e Panco zakopan, ocekuvale da go najdat zapalen ili do kolata ili vo blizina na mestoto, nemale vrska ovie dva slucaevi.
Да да Тексас. Па ќе бидеме тексас кога се први на ќебапи у кафана, на кафе у дебар маало и во кладилници на апарати. Не заебавај, во секој еден пост креваш и шириш паника помеѓу останатите што читаат тука. Со нож ќе шетала, пепер спреј - извини Раде Штекли ти ли си. Ти си небитна во ова општество (исто како и јас што сум небитен) така да не си давај на значење дека тебе некој нешто ќе ти направи. Се додека не се плеткаш со сомнителни фаци (политичари, криминалци и наркомани), верувај ми дека си побезбедна од било кое девојче што живее во Виена, Брисел, Франкфурт, Берлин, Стокхолм и останати градови. Никој, ама баш никој во МК нема киднапирано рандом човек, од забава. Тоа е се ради откуп, наплата на долгови и слично. Плус гледаш дека било договорено. Да бил татко и уште поблесав, ќе се качеле до горе да ги киднапираат и малтретираат сите. Плус овие што го направиле делото ниту се некои познати криминалци, ниту се некои професионалци, туку се глуп и поглуп ситуација. Убиство во паника, што резултира со еден куп уништени животи. Фамилиите на осомничените се оцрнети засекогаш, фамилијата на девојчето е психички уништена. За пусти пари... Никој не те тера да се задолжуваш на лихвари, а ако си коцкар, сноси си ги последиците. Подалеку и понастрана од такви луѓе, не треба ни да познаваш такви, затоа што ќе бидеш некогаш колатерална штета на истите. Само те молам смири се, и не шири паника во секој еден пост кој што го пишуваш на форумов. За рецепти да збориме, ќе испаничиш. Оние од другата страна на Вардар што се пукаат меѓу себе, и тоа е однапред испланирано. Ова со Штекли беше исто така испланирано, инаку ништо не го спречуваше сторителот да земе да пука во рандом посетители на трговскиот. Колку и да се болни во паметот, колку и да им се парите битни за да ги земат, верувајте дека ако веќе лежат затвор, не би сакале тоа да биде за рандом минувачи.
Се исплашиле дека има докази и ја убиле? Ма немој. Пушти ја, фати пустина, не ја убивај! Татково психопат поголем не може да биде, па и да знаеш влакно дека нема да му фали, каков човек треба да си да прифатиш таква траума на дете? Еееј.. Туку, мислам дека немал појма оти е убиено, мислам дека не ни знаел каде е после тоа однесена т.е мислам дека мислел дека ја киднапирале и од него, затоа и пријавата. Не ми оди во глава дека тоа му било глумење. Не очекувале дека мајката толку брзо ќе пријави во полиција, немале време да бараат пари, се надевале дека ќе им ги даде и ќе остане без полиција. Немале информација дека класната брзо прави контрола кај родител ако некое дете фали, нели некои не ни се јавуваат воопшто бараат само оправдание следен ден. Замисли ваков злочин правиш, одиш дома кај своите деца, жена, ручаш со нив, спиеш мирно, тераш како ништо да не било. Да сум ќерка или жена на таков монструм, ќе го отрујам при прва посета.
Ти ги читам мислењата, секое ти е во ЦРНА ХРОНИКА, со паничење за сопствениот живот, па од друга страна како си храбра и со сите ќе си се тепала, за после да викаш дека не сме безбедни. Ќути си, трај си, не им боди очи на другите, и ќе станеш комплетно небитна.
Во ниедна смисла не би требало да се прости нешто вакво кое што сите помислуваме дека многу лесно и брзо ќе се заборави. Толку ми е неверно дека ќе се превземе нешто соодветно, со оглед на тоа што на пресконференцијата Оливер Спасовски и тој од МВР едвај склопуваа една реченица. А таткото е дно дна, да го створиш и да си го киднапираш детето е тешко пореметување коа заедно со сите што ја киднапирале Вања и постариот господин во ниеден случај не би го простила. Џабе се зборови.. 14 годишен живот згасна, допрва требала да ужива во животот. Многу жално..
Значи овој велешанецов Панче што е убиен бил во контакт со Палевски кој го убил. Пред тоа барале и злато. Палевски е добро познат на полицијата затоа што против него има поднесено доста кривични пријави, еднаш веќе иима лежено... Тоа зборам и јас цело време, малку да се посветеле посериосно на исчезнувањето на велешанецов, пронаоѓањето на неговиот автомобил да го земале малку поозбилно многу поскоро би било се решено. А овака испаѓа дека го нашле автомобилот ама не им било битно да пребараат околина пошто они не барале тело. Го барале Панче жив. Мислам брука.
А ти мислиш комуницираат на телефон? Ма неее... Јавна тајна е дека не комуницираат на телефонска мрежа туку на Телеграф, ВатсАп и слични.
Јас, како и сите, сеуште сум во шок. Не можам да поверувам дека живеам во свет каде што родител ќе си убие дете. НЕ МОЖАМ. Сите шпекулации и цела позадина сега е небитна, исходот е трагичен и можеби никогаш нема да дознаеме што точно се случило. Не можам да се совземам. УБИЈА ДЕТЕ.
Да ти кажам, ми се повраќа од кладилници и казина на секој чекор... ама... верувај, тој што сака да се коцка, ќе најде начин. Прадедо ми уште кога немало коцкарници пред 100 години, коцкар бил тежок. Се коцкале со зарови и карти по кафани, по улици, по домови, губеле огромни пари, куќи и фамилии. И тогаш за пари се убивале, се криеле, пребегувале. Абе тој што е расипан во срж, расипан е. Мене пример и на секој чекор што има казина не ми менува, јас секако не ги ни регистрирам. А тој што сака, и една да е на крај света, таму ќе оди. До човекот е... психопати се!