Зашо се аматери шо се мислат мафијаши, детево умре од ДЕБИЛНОСТ. Зашо се упрпале кога дознале дека се пријавени во полиција (не очекувале дека ќе биде толку експресно пријавено) и дека не им оди баш по планот замисленото. А и не ни можело да им оди, тоа што го намислиле немало ебани шанси да им успее, таман Зорица да им дадела пари, девојчето ги видело, ама не мислеле нели, што после откако ќе ги добијат парите. Јас само едно се надевам, дека малата до последен здив не дознала дека и татко ѝ е вмешан, срце ми се крши од помислата. Инаку, мајката не се сомневала на него, знаела дека е во матни води, ама дека сопственото дете ќе си го предаде, еве која мајка овде може на крај памет за маж/бивш маж да каже дека би го направил ова? Па најголемите криминалци и убијци и педофили свое чедо жалат, чедоморство вакво нема ни кај најголемите сериски убијци, најголемите психопати. Тоа што е криминалец не значи дека е насилен или потенцијален предатор према сопственото дете, а фактот што доаѓал, имал клуч од станот, мене ми кажува дека Зорица не мислела дека може да ги повреди девојчињата. Со други зборови, мислете кому деца раѓате, што држи оваа планета, оваа издркотина од суштество, оваа грешка на природата, го нема во ниеден животински вид.
Сите сме против коцкарници, ама тој што сака да се коцка и табла и џандар збира ќе му завршат работа, ако игра со влог. Не мора ни да влезе во казино. Не можеме секогаш за нечии постапки, вината да ја бараме во општеството, во казината, во државата итн. Држаавата не може да заштити човек од сам себе.
Палевски мислам беше оној пред некоја година ако ви текнува што си маваа шамари со некој новинар и ги имаше на видеа...
Па, не знам сега Панче, човек од 74 години колку баратал со модерниве апликации. За кои исто мислам дека има начин да се открие како е што е. Само ангажираност треба од соодветниве наши.
Ако мислиш дека некој седи 24/7 и баш секоја кола ја гледа што поминува патарина, или низ Скопје, се лажеш, а не само овде, никаде на планетава не верувам дека нечија работа е 24/7 да гледа илјадници коли. Не знаеле они дали е колата во Скопје, човекот во Велес е исчезнат, може да е во Скопје, а може и во Охрид или Делчево, нели? Може од Велес не излегол и се крие. За возрасен човек ти може да мислиш дека исчезнал, ама тој може и намерно и свесно да се крие и затоа ретко постои толку голема алармантност кога возрасен човек снемува. Пошто многумина ги снемува зошто сакаат да ги снема. И има такви случаеви и ден денес, од за нив лични причини. Колата е најдена на камери на патарина према Скопје, најдена е на камери на 27ми низ Скопје (кога е и побарано да се прегледаат снимките за девојчето), на 27ми во Бразда е најдена (сигурно по нечија пријава во најмала рака за пожар/чад). Не се возеле они по Скопје три дена (провериле на камери) туку колата во Скопје прв пат се забележува на 27ми, што значи некаде стоела во место 3 дена, од 24ти. И на крај, кога ја нашле колата, вештачењето не трае 5 саати, туку трае со денови, да не пропееа можеби уште тела ќе се бараа, ќе имаше потрага околу колата - барем за девојчето ќе имаше потрага оти закопано тело во толкав простор не е баш карпа па најди ја. Истиот ден се најдени двете тела затоа што истиот ден некој од нив кажал точно каде се. А индикација за копање на терен дали има или нема тело (пак, може дедото намерно сакал да се отараси од колата, нели?) се добива ПОСЛЕ вештачење на колата, што не трае 2 саати. Ниту МВР смее без конкретни докази да кажува што било, и да се сомневале дека е убиена, без тело и докази НЕ СМЕАТ да зборуваат јавно. И за крај, на МВР работа е да ги најде убијците, телата, а за осуда постои друг орган на власта кој со Устав е одделен од полиција, а тоа е судство. Не одлучува полицијата дали ќе ги осудат, колку итн. Нивно е да предадат се што ќе истражат на јавен обвинител, понатаму немаат ингеренции.
И не мора да се користат ни повици, ни апликации. Такви шејди луѓе со крими минато попрво договараат средби лице в лице со други.
Има начин секако. Ама дали тој баратал, охооо, ако тој му е газот прљав, а му е штом се фатил на оро со монструмов, тогаш знае убаво што и како прави. Ама затоа фб експерти, форумски експерти, во еден ден ќе решат убиство. Од прв ден бев убедена дека таткото е виновен, ама тоа не ми дава за право да кажам Како ним не им беше верно?!
Па и да ги провереле повиците на Панче,ќе виделе контакт со пријателите,комшијата,луѓе со кои што се дружи и му се блиски,не им се придава значење,секојдневие му било.
Во истиот ден кога е најдена колата е веднаш докажано дека се работи за колата на Панче. Така да вештачењето и чекањето на резултатите од истото не ми играат улога. Телото го пронаоѓаат откако овие пропеале. А не после резултати од вештачење. Не не мора 24 часа да ја следат СЕКОЈА кола. Само колата која е исчезната заедно со газдата, кои се пријавени во полиција. Колата дошла од Велес до Скопје а овие не ни укапирале. Зашто? Затоа што е на возрасен човек? После тоа на 27ми ја возеле украдената кола низ Карпош и од таму стигнале до Бразда пред овие да укапираат дека тоа е колата што ја бараат.
Мене друго не ми е јасно...ако било за пари зашто баш ја чекаат Вања и моментот кога ке е сама? А ја избегнуваат сестра и?
Баш. Големата работа, овој Палчо бил во контакт со којзнае колку луѓе чим тргнал организација и партија да прави, поткаст имал батката. Они ја сфатиле поврзаноста оној момент кога и ги земале телефоните и другите уреди и од родителите и од девојчињата, меѓутоа само контакт меѓу луѓе ама баш ништо не мора да значи. А и не дека дедово ги чекал, колку што сфатив тие ненајавени него го пречекале и убиле, не дека баш у кафана се договориле да се видат.
Без разлика кога се бара, семејството ти кажува дека човеков со колава го снемало, логички јавуваш во сите станици, на сите наплатни бла бла бла дека се бара човек исчезнат со ВЕ ХХХХ ХХ табличка, тој и тој модел кола. Истава кола си се вози и никој не ја приметува. Уште те прават улави, "ние баравме човек, не кола". Кој е улавиот само не знам.
Ја гледав пресконференцијата, читав овде, може некоја информација ми се има промакнато, не знам, но една клучна работа уште не ми е јасна. Знаел или не знаел таткото дека планираат да ја киднапираат? Дал информации со умисла или случајно нешто спомнал дека бившата жена продала стан, а појма немал дека овие тоа ќе го искористат за да го киднапираат детето? Исто, не знаеме дали дознал од нив дека е киднапирана и дали знаел дека е убиена? Велат дал самиот информации кога тргнува во школо и дека ќе е сама. Пак се поставува прашањето дали сосема случајно спомнал нешто или бил соучесник во намерата? Не е воопшто тешко да дознаеш кога ќе оди дете на училиште, вкупно има две опции. Или е прва, или втора смена. Ако решиле да ја следат, не е тешко ни сама да ја начекаат, ако не денес, утре, ако не сега, покасно. Затоа, ме интересира дали некаде има за тоа инфо? Дека таткото свесно им дал информации, за сите заедно да ја уценуваат мајката или уз разговор спомнал нешто кое овие го искористиле.
Па вештачење не трае 2 саати чоек. Трае со денови. Токсиколошки анализи на пример, може со месеци да траат. Резултати од аутопсија исто така. Да биле овие малце поискусни со убиства (или да имале малце поеќе ајкју) полицијата уште тела ќе бараше. Среќа во несреќа е што сторителите се дебили тешки. Убиство од ваков тип не се решава баш толку експресно, ни во земји со многу повеќе обучени полицијаци, опрема, искуство, искрено немам тука што да критикувам, а ако за нешто можам во врска со овој случај да ги критикувам е тоа што нема реакции за минатите дејствија на Палчо. Односно на толку пријави, тој слободен, да, за критика е. А да не бил Палчо, ќе бил Трпе, тоа е таа багра и профил на луѓе. И Пино колку време го бараа, се сеќаваш? Дури тој не беше ни закопан ако се сеќавам, телото беше фрлено во некаква провалија. Тело на човек и плиток гроб не е баш наједноставно за наоѓање, игла во сено е ако немаш индикации каде да копаш.
Не, не, не постојат насилства, грабежи, обиди за силувања освен ако не си Џеј Ло. Еве кај нас пред неколку години нашле тело на 10 годишно девојче кое бил КИДНАПИРАНО, силувано и искасапено, од обични родители, "смртници" по твое. На нивните родители ти што би им кажал? Се читате ли бе? Ако некој забеган ти силува и ограби некоја блиска особа, значи она е незнам, жена на Мијалков? Боже Боже.
Го постави новинар ова прашање ама не дадоа конкретен одговор. Сеуште се истражува. Беше кажано само дека информацијата во колку часот излегува од дома и дека ќе е сама е добиена од таткото.
Леле јас се те разбирам што збориш. Значи знам дека не трае 2 часа аман. Ама по некоја логика они мора да го обезбедат местото и околината каде што е запалена колата штом дознале дека се работи за колата на исчезнат граѓанин (а дознале истиот ден, не чекале со денови да се вештачи дали е тоа кола на велешанецот што е исчезнат или не). И да ја пребараат околината да видат дали и телото на велешанецов е некаде во близина. Ова нема никаква врска со резултати од вештачењето.
Јас само читам и ми идат слики во глава... Возрасни остварени луѓе со деца со внуци сигурно, како и со која совест убиваат дете НЕВИНО ДЕТЕ а при тоа го закопуваат и заминуваат од местото како ништо да не се случило. Небитно се ми е како што, тоа ќе се докаже ама оваа, овој момент од глава не ми излегува... Невино, женско дете, лежи безживотно и фрлаш земја го закопуваш... хорор невиден е ова.
Ве молам не се чудете зошто коцкар е способен да си го убие детето за пари, директно или индиректно сосема небитно. Што знае коцкар за фамилија и љубов, за емпатија или чувство на вина... Во однос на прес конференцијата, повеќе прашања отворија отколку што затворија. Клучната грешка на МВР која што се провлече низ одговорот поточно немањето одговор на Спасовски, зошто не е барана и колата од почеток туку само Панче? Каков бесмислен одговор е тоа дека не била пријавена? Кој правел записник???