Се случува и таков криминал, меѓутоа суштински кај нас ако погледнеш, секогаш сторителите се семејство или многу блиски на семејство. Сега беше скоро тоа мајка и очув мислам што ја проституирале малолетната ќерка? И многу слични случаеви, најчесто жртвата и сторителот се знаат, а насилство над жени и девојчиња е најчесто исто или од партнер (дечко, маж) или од друг член на потесно семејство. Рандом убиства и киднапирања и нема баш, што е реално добро. Јас лично не се осеќам безбедна во Скопје, но секако статистички немаме насумични акти на насилство и убиства, односно жртвата да е рандом, да нема претходен контакт со сторителот.
Го виде ли ти тој Влатко? На фаца му се гледа дека е психопата. Плус рачунај дека се нискоинтелигентни особи на кои им бил испран мозокот од страна на Палевски. Оваквите и за помалку би убиле. Сеа читам дека се закануваат на синовите на овој Влатко. Истите ги има на фб профилот на Влатко. Не би ме чудело некој нив да ги реши како одмазда.
Се обединивме вчера сите заедно кога ја дознавме веста, и еве денеска повторно - се контрира, се расправа кој кажува глупости, кој е просветлен. Зашто не смее секој поединец овде да си го изнесе мислењето без да биде нападнат? На крај краева, овие "бесрамните" што коментираа за Александар, испадна дека не треселе зелени за џабе. Верувам дека сите сме шокирани и бараме начини да си ја разјасниме целата ситуација како знаеме и умееме, дали според лични искуства, дали од рекла казала муабети, небитно.
Никаде не постоеше информација дека таткото е наркоман/коцкар. Секаде се пишуваше дека биле сосема просечно семејство кога се финансиите во прашање. Плус се пишуваше дека мајкава кога јавила телефонски дека Вања е исчезната било побарано во подрачната единица да се поднесе пријава во станица. Затоа татко и отишол покасно да даде писмена изјава дека му ја нема ќерката..... Плус ова.
И Телма ете ја најдоа локацијата на опожарената кола, ами оти не го најдоа и гробот кај бил? Земјата и те како е уште раскопана, можеби и ленти и останато од полиција уште да има. Да била одма до колата, ќе ја виделе и од Телма нели, па не го најдоа гробот, туку само опожареното место кај што ја запалиле колата.
За жал, штипјани на еден или на друг начин ќе му пресудат на Влатко. Пак ќе кажам за жал, оти лично ги знам децата. Многу лоши муабети има во Штип од вчера... И се надевам дека ќе останат само муабети кажани во нервоза и бес...
Па како знаеш дека не виделе? Пишале дека на исто место кај колата била закопана. Ако е местото обезбедено од полиција претпоставувам дека нема да смеат да сликаат и јавно да шират фотографии низ сите социјални мрежи. Збориме за место на убиство.
Да му ги убијат децата на тој штипјанецот, ни криви ни должни се надевам никој нема да го направи тоа, затоа што така замина Вања, што би било поинаку ако невино семејство замине заради ненормален татко?
Барем би напишале дека е забележано. Не смеат да им забранат надвор од лента да сликаат (низ лента не смеат да поминат). Надвор од тоа смеат. И не само што смеат, кога се знае местото на настанот, постојано има слики, баш отвори наназад по црна хроника на било кој портал, ќе видиш дека сликаат и местото, и полицајците, имаат новинарите право да сликаат и пишуваат. Единствено не смеат полициската лента да ја поминат.
Пишале дека е “некаде во близина“ Местото не го опишале, не го сликале, ниту напишале дека они го виделе. Го имаат пренесено тоа што МВР самите го кажаа. А не дека они го виделе гробот, како што опожареното место го виделе. Верувам дека го побарале, а уште повеќе верувам дека не е на 5 метри од колата.
Еве на тв 24 штотуку имаше прилог на новинар буквално до работ на дупката кај што бил закопан велешанецот. Никакви ленти ни обележја
Значи Бразда и Стенковец заедно со местото што го опишуваат каде што е телотo знаеш ли колкава површина имаат? Воопшто не се работи за толку големо место колку што мислите. Плус тоа тој дел тука се ниви и рамниште кое го користат за слетување со падобрани.
Може да се тргнати ако завршиле со прибирање докази од местото, не ни треба да останат лентите кога ќе завршат. Поентата ми е дека Телма не дадоа слики, ниту напишаа дека нејзиниот гроб го нашле (а верувам го побарале), што ми кажува дека не е баш на 5 метри од колата па да е очигледно. Макар и на 5м од колата да е може да не е очигледно. Ако пратите криминал по светов, Крис Ватс што си ги уби трудната жена и двете ќерки, самиот им опишуваше точно каде ја закопал жена му, ако беше на некои 20-30 метри од резервоарите за нафта кај што беа девојчињата. И тоа знаеа дека е закопана таму, само не одиш пространства да копаш по сомнение. И тој случај траеше дефинитивно подолго од 6 дена, а ете, Америка е, и навикнати се на вакви лудории, и неспоредливо поспремна полиција и опрема имаат.
Влатко јесте е крив, ама зошто по неговите деца се удира? Срамота и безобразно. Ние сме амеба народ, толку имам да кажам.
Значи знам, затоа зборувам. Не е мала површина воопшто, освен ако не мислиш дека земале со багер да копаат па да е баш очигледно. Пронаоѓање на кола не е индикација за копање на терен едноставно, тоа што тебе не ти се допаѓа тоа, не знам што да ти кажам. Ниту е па вообичаено да закопаш жртва во близина на колата наменета за криминалот.
Можеби има побарај,јас гледав на вести во живо. Новинарот рече дека денес требало повторно да доаѓаат мвр да собираат докази. Дупката е совршено кружно копана, под претпоставка со некаква машинерија. Значи се спремало ова подолго време. А истрагата ќе покаже за кого или за што била наменета.