Pak se vrakame na moeto Koa ja nasle kolata ja nasle i nea Kao inace imaa 5 Osomniceni i kola? Renoto ustv tamu go ostaile i Pance. Palco go znae toj del. Se vrakaat kaj so e Palco, ja ubivaat i nejze Ja zakopuvaat i ja palat Kolata I bas da sve treba okolu da se istrazi Mene koa me tresela policija, bara se u radius do 5m A ne pa na crime scene.
Не знам зошто мислите дека МВР треба јавно да кажува инфо за истрага во тек. Исто беше и со други случаеви. Со причина не се кажуваат сите информации јавно, не треба да се кажуваат. Се кажува кога истрагата ќе заврши. Со причина уште од МВР со иницијали ги кажуваат осомничените, не смеат да ги кажат со име и презиме. За што се за критика се, ама да очекувате МВР да ве известува за секој детал во тек на истрага, е нереално. И тотално непрофесионално исто така.
Дали можеби според ова се прислушкувани телефоните на родителите и децата, па така имбецилов добил информации за девојчето? Срцето не ми дава да верувам дека татко и ја наместил, разумот сепак ми вика дека е можно...
Што има да сфаќаш? Може само жал да ни е 5%, да сфаќа треба мајката која душата и е одлепена и фрлена во истата дупка со неа ,додека плачела и ја барала да ја спаси, солзи додека ронела во багажот … да се погрижиме бел ден да не видат да бидат со шипка е***** во газ
За жал девојчето е многу брзо по киднапирањето убиено. МВР секако има направено пропуст со фризерот да ги фатеа за тие три дена немаше девојчето да настрада. А дали е потврдено дека околу 10 час истиот ден ја убиле? Или само така они изјавиле?
Не, туку ги поврзале пред се преку колата, а потоа и преку уредите и комуникацијата. Односно со камерите е видено дека девојчето воопшто не излегува од зградата, па ги провериле сите коли во тој период што биле таму. Така и е направена корелација меѓу двете коли (едната што вози напред и покажува пат на цитроенот). Следени се до излез на Скопје, каде што повеќе не ни има камери на Сејф Сити. А во станица почнале, еден или повеќе, да пеат и раскажале што се случило. И допрва ќе се дознава, тек вчера дојдоа до признание и тела. Може (и веројатно е така) сите да си ја префрлаат вината еден на друг за да спасат газ. Најверојатно самите така изјавиле, се уште нема резултати од аутопсија, која би кажала и попрецизно што се случувало со девојчето и дедото пред и по смртта. Добро е (ако е соодветен збор ова...) што се доста брзо најдени и сочувани телата, па и сите повреди (пред и после смрт) ќе бидат присутни.
На велешанецот колата била Citroen ZX или AX. Ова е ZX. Ова е AX. Знаете ли овие колку се ретки? Плус пошто се стари и имаат уникатен изглед, лесно се воочливи. Колку може да има овакви во Велес? Неколку? Како не може овие од МВР, откога веќе се трага по неа, на патарини и низ Скопје да ја забележат колата 3 дена како се вози низ град, и тоа, во период на зголемено присуство на полиција? Убијциве имале толку низок IQ што ниту табличките не ги промениле на колата. Се што требале МВР да направат е секој Цитроен ZX со велешки таблички и темно зелена боја да биде сопрен и претресен И ќе се спречело убиството на Вања.
Не е потврдено, тоа обдукцијата ќе каже. Дека околу 10 е убиена изјавиле имбециливе што биле на местото на настанот.
За другото си во право, ама немало да се спречи убиството на Вања... за жал не мислам дека имало простор за било што од тоа. Мастермајндот не е тој што го возел возилово...
Оделе преку стариот пат велес-скопје, нема патарина, запустен е патот, речиси никој не го користи. Возилото откако било извршено убиството на Панче не било никаде регистрирано дека се движи, го нема никаде на снимки се до моментот на грабнувањето на Вања. Нека почиваат во мир и Панче и Вања. Нашите полемики нема да ги вратат назад, мислам дека може да се повлечеме од завери и теории. Ќе излезе код или ирл за некој ден ќе ги дознаете сите детали.
И воедно да ја загрозат истрагата, затоа што некои изнесени информации утре може да бидат невалидни пред суд, па ќе се чудиме зошто добиле 4-5 години наместо 40.
Јас прочитав дека поминале патарина и искрено многу чудно ми падна, па последно што ќе решам да правам е по автопат да возам украдено возило и тоа од личност која се води како исчезната (макар веројатно возилото е однесено во Скопје пред воопшто да го пријават за исчезнат).
Друго што се кажуваше на пресот освен дека таткото им дал информации и дека ја врзале пред зграда како и дека ќе барале откуп од мајката?
Не, мислам дека спомнаа на пресот за споредниот пат. А исто така мислам и дека од рудник не може да се излезе на автопат туку само преку стариот пат се враќаш до велес или скопје.
Знаеш колку камери има таму од Катланово до Дебар Маало? Имаше некаде изјавено и дека биле фатени на некоја камера. Значи, уште откога беше пријавено за Панче дека е исчезнат, од ќерка му, било кажано дека е исчезнат со возилото. Значи, регистрирано во полиција и во потрага. Се работи за редок модел на Цитроен. Нема овакви многу во цела Македонија. Во Велес, сигурно на прсти се бројат. Може и единствена била оваа, не би ме чудело. Од километар се забележува. Се што требало е некоја патрола, покрај која нема шанси да не поминале во тие 3 дена пред киднапирањето на Вања, да ги сопрела.
Спасовски на првата изјава од Куманово нели кажа дека имаат викнато на изјава 5 лица? Таа изјава нели беше после самитот? Како тоа викнато 5 лица а овој во средата избегал?
Сигурно некаде се фатени, ама на пресот спомнаа дека кога од семејството пријавиле дека го нема не пријавиле дека и возилото го нема, затоа не му влегле во траг одма на возилото. Голем пропуст, дојде до голема трагедија, ама не сметам дека тоа возило било клучно за Вања, повеќе за Панче, а за неа ако биле решени ќе нашле начин, им била единствена шанса кога е сама.
Ќе го решат, нормално е да трае долго. Имаат физички докази дека е тој убиецот, натегање наваму натаму и ќе бидне. Од друга страна Кејси Ентони не само што си ја уби ќерката, туку и да дојдат до нови докази не ни можат од ново да ја судат.... невина си е жената, ене ја живот живее на најјако