Па си викам завалканиве да не му рекле на фризеров да иде со нив, се знаеле, човеков да одбил, па го убиле. Не дека амебиве со многу памет па за 500 евра не би убиле човек… Колана чудо на пат како не ги оставила
Го прочитав, па прашав близок кој е познавач на пазарот на коли во Македонија. Не е точно дека е ретка кола кај нас.
Па не може да не е важно дали е редок модел или не ако следиш камери... Проблемот е што не се активирале доволно да истражат пошто нели возрасен е во прашање и негов живот не е толку битен. Јас низ град коа и да одам ќе видам 500 голфа така да да барам еден голф низ 500 ќе ми е потешко, али ваква распадната кола низ 500 голфа, bmw-иња, опели, шкоди и што уште не, да ја бараш има многу полесно да ја воочиш.
Не верглајте напразно и не земајте здраво за готово се што Били ќе пише. Не е ретка кола кај нас и мене исто ми кажа човек кој има авто плац кај нас. За најнебитното се фаќате. Овој што детето му е мртво и ги дигнал палците нагоре е за зборење, а не колата.
Шерлоци, ок е. Сите знаете како најдобро се води случај. Да станат инспекторите да седнете вие, може? Глупо е да раскажувате како требало. Вакви работи не се случуваат праволиниски, како што сега на нас на тацна ни изгледа. МВР си ја одработи сериозно работата, можда за прв пат. Колата та колата. Жално е што исходот е трагичен. Вања ја нема... тоа е болен факт... се друго е неважно. Таткото бил наркоман. Се ни е јасно. Да ја оставиме да почива во мир.
Кажаа дека ги фатиле на камерите околу зградата на Вања. Таа зграда е обезбедена со камери, околу има камери. Тука ја гледаат дека е земена со кола. Од тука почнува истрагата.
Можеби таткото должел пари и овие му се заканувале дека ако не ги врати парите пример до толку и толку часот ќе ја земат Вања.. затоа таткото побарал од мајката ама таа не му дала пари а сигурен бил дека ке му даде затоа им ги дал информациите во колку часот излегува од дома