Што уште сакаш да кажуваат коа кажаа локација на пресот? @emkaemka нема врска местото со Голиово. Ова е скроз доле кај јадранска магистрала- кај Стенковец.
Добро тука е тепан очигледно, 24 саати е на распит, нормално е вака да изгледа. Можеби не е толку тежок наркоман колку што е психопат очигледно. И наркоман во даден момент ќе остане прибран, ќе се предаде ако ништо друго. Овој 7 дена седи и глуми, дефиниција по книга. Лајк не даде за камера туку на некоја жена што му довикна Даре. Очигледно има поддржувачи што не мислат дека е крив.
Од Сител биле на местото каде е најдено телото на Вања денес, местото било обезбедено со полиција, не пуштаат пристап на никого.
Каква петиција за смртна казна бе, тоа е награда и спас за нив! Со секое ново инфо, уште повеќе ми се заледува крвта. Таткото е ГЛАВЕН УБИЕЦ, а другите се учесници, без разлика кој го повлекол пиштолот.
Значи тоа е непланираното што им тргнало наопаку и испаничиле... Ужас и хорор. Прежално и морбидно. Ден да не видат, да не ги раздени.
точно. и ова денес беше поради притисокот од јавноста. инаку дур не се заврши истрагата имаат право воопшто да не излезат на прес.
Jaс кога поминував саботата имаше и на наша и на грчка граница по еден, гледаа во колите внатре. Не многу детално, ама проверуваа, што не е случај друг пат кога одам.
Девојче, чукни си ја главата малце и разбери дека е јасно како ден дека неколку дена се молчело, а се знаело се, но поради Самитот се криело. Засрамете се сите вие што ги браните копилињава што по вторпат ја убиле Вања, а трети нема да ме чуди да бидат и овие од судството.
Не знам дали некој го има постирано ова https://alfa.mk/koj-e-lupcho-palevski-palcho-chovekot-vo-czentarot-na-grozomornoto-dvojno-ubistvo/ Сдсмовец, патриот, градежен претприемач, човек по кој во Хрватска е распишана потерница за долг од 2 и пол илјади евра...генијалец ќе да беше, да не беше толку глуп и јавен во своите криминали... ама како викаат-секоја птица со своето јато лета. Страшно е колку Палчовци на метар квадратен живеат.
Мораше да излезат. Да не биде психопата краде рендом деца по улици. Иако уште се вознемирени мислиш сите имаат поврзаноат ао мафиите. Па и ВМРО порталиѕе оставка да даде министер. Класика криминално дејство е што се дешва на 10 мин во свет они оставка. Мислиш Спасовски е супермен. И овие со Самитот па самитот. Јебал вас самит о све со него. И да имале сознанија, додека не се најде тело и истото не е идентификувано, не смеат да излезат со информација. Толку политиката ве има испрано што за се гледате политики. Ало, убиство е. УБИСТВО!
Доверба сега да се нема ни во мајка ни во татко, по новото? Натака е работава. Гнас ми е веќе од сите статуси на социјалните мрежи, зашто изнапишаа луѓе што знам дека мува не ги лази. Греота е најмногу за помалата сестра, мајката и не ја жалам сега после ова зашто сигурно си знаела/стравувала/не знам кој збор е соодветен дека нешто би се случило во некоја блиска иднина. Парите се отепувачка.
Ненормален еден, лајкови прави, додека ќерка му, златна, заради него 10 метра под земја ќе лежи. Не постои казна што би била доволно строга за ова ѓубре.
Да не мрсиме многу... Видовте некаде освен трите жални свеќички во Песталоци да се запалат свеќи за Вања?! Да се собере народ да покаже жал, почит и доблесност?! Се е залудно, ама да настоиме кога треба ... не нема. Нема да ја врати, ама почитта и сочувствието на народот да се случат... но нема. Затоа, залепи "Убија дете" на инста, помрси муда на нет... ќе помине. Лицемери. Така беше и за онкологија. Прво се силеа, кога се пазарија - мрак настана. Жените борци бараа од сите министри одговорност - и одеа. Секој ден. Мивки сме! Мивки! Не сме луѓе. Нема полицемерен, покористољубив и гнасен народ повеќе од нашиот. П.С. она Убија дете кога ќе го видам сфаќам колку ноторно неписмени сме, желни за поетичности, внимание, драма и еве вака, да се купчиме и да дробиме теории.