Јас искрено детево си го гледам и понекогаш си викам ако ни се случи нас вакво нешто што би правела. Моите ме држеле строго, излегува дека какво време иде, ние ќе треба уште построго. Па слушам родители демек детево 3то одделение овие уште со кола го носат и земаат. Ма убаво си прават. Дур се тресам поарно ќе го носам.
Не може. Ајде сега без филмови. Секаде бараат документи. Умреа времиња каде с епродаваа за 10 еур. Плус за дете треба пасош. Пријавено е веднаш,прво граници проверуваат.
Па по мое ако излезат на море после кај сакаат ќе одат. Ако го немате гледано Sound of freedom гледајте го. Се убив од плачење. Според вистинска приказна е. Трговијава со органи на светско ниво е. Ако се случуваат такви работи и кај нас, сигурно дека се поврзани со некои организации многу поголеми од нас. Не сакам да мислам дека е така во случајов. Језа ми е. Ама јас ти кажувам мој прв братучед што направи, јас и закажав за вадење лична карта после тоа. Сега не е исти случај, нормално, ама имам пример дека може. А има мајкава изјавено дали и го нема пасошот пример? Ние овде со претпоставки одиме, што ако имала пасош пример?
Леле постојано ми е во мисли девојчево, кога и да отворам фејзбук само слики споделувани ми излегуваат.
Не сакам да верувам дека така лесно може да пренесат некој без документи. Пример Хрватска има строги контроли на гранични премини нема шанси без никаков документ да ја пренесат до таму.
Јас за сегде верувам дека ако сакаш да пренесеш може. Било што. Толку мигранти со потплаќање поминаа граници не па еден човек да го префрлиш. Само да се надеваме дека не е такво нешто во прашање.
Хрватска е влез во ЕУ па затоа е и строго. После Хр нема граници. Т.е. има, односно само се обележани ама нема контроли. Да не се лажеме. Може многу лесно да заврши на Косово преку планина. Ама да се надеваме дека ниедно од овие сценарија не е вистина и дека се заљубила и избегала со некој дечко, дека е добра и веќе утре ќе биде дома.
Колку и да сакаме да е кај дечко, девојка, другарка, таа теорија според мене држи вода првите неколку часа, еве 12 часа нека се, ама сигурно не речиси 40. И да е така, личноста каде што е веќе може да се смета како киднапер. Дај Боже да грешам, но оваа теорија сè помалку ми губи на веродостојност. Инаку преку граница може, преку граничен премин не може . Се надевам не се работи за такво нешто. Нека ноќва заврши среќно со позитивен исход на случајов!
И да го лоцирале телефонот намерно го оставиле таму, сигурно не е со неа. И тие се паметни, ако навистина е киднапирана не им е прв пат.
Незнам кој пушта туку така без документ на граница, велиш во Албанија биле и л.карта и била истечена и ги пуштиле за пари, ама оди во други земји каде што се патува со пасоши дали туку така ќе те пуштат на одмор, а тука се работи за исчезнување на дете каде што сите граници се известени. Не мешајте киднапирање/исчезнување со одење на одмор, не е темата тоа.
Мене друго нешто ми падна во очи. Велат постојано иделе со сестра ѝ, ама дента сестрава губела час и девојчево отишла сама и ја снемува. Ако е недајбоже некој вмешан, може уште претходно да ги демнел или било каков контакт да имал со неа, не да е некој рандом непознат. Неќам теории да ширам ниту јас ама не знам, језива ми е целава работа. За преку граница...поправете ме ама малолетна личност може само старател да ја пренесе или друг ама со претходно потпишана согласност од старателот.
Yara https://g.co/kgs/79hMKQ Филмов го гледав викендов,и се дешава ова вчера и ми доаѓа нешто како reality check,желудник ми се превртува,убаво пиша некој погоре секаде со кола ќе ја носам,престрашни времиња живееме.
Со самото тоа што не влегла во училиште него продолжила по патот е јасно дека не планирала да оде на школо и знаела дека некој во извесно време ке ја чека кај што биле договорени Некој ја чекал на место кај што мислел дека нема камера или дека има ам ане го фака тој агол Постар дечко може да е во прашање е сега пошто одма е настаната хајка верувам страв и е да се врати дома бидејки ке ја ;сокршат; ова во наводници Живо е девојчето верувам и ке се појави утре
И мене повеќе ми оди на тоа дека намерно е избегано отколку киднапирано.Школото го одминала тоа се видело на камери.И дај боже да е вака па да се врати.Сега може се плаши знае ја бара цела Македонија.Колку и да мислат дека се во коректни односи не знаеш што и се вртело во глава.Имаше ваков случај во Србија,била во стан кај некој дечко и ја најдоа после месец дена ја познал некој граѓанин и пријавил.
А вие волку ли лесно верувате во невиноста на светов? Демек киднапер неможе лесно да помине граница? Погледни на МВР што имаат споделено колку луѓе се исчезнати и се водела истрага за нив, еве "уште се води", зарем мислиш дека ниеден од тие луѓе не го имаат пренесено преку граница? Иначе и мене не ми се веруваше дека ја пуштиле, све дур не ми рече аман закажи ми преку мајка ти за личнава карта и нов пасош да земам. Значи муабетов ми е чим еден обичен небитен смртник може да помине така граница, зошто не би можел некој што е дел од уиграна банда? Што ако е ете пример целта да се однесе Албанија некое киднапирано лице? Демек нашиве граничари ќе им речат не, не, или и кај нив нема корумпирани? Или па диви премини ич не постојат, тие се ептен јако обезбедени? И дали мислиш дека ако некое лице така треба да се пренесе преку граница овие од другава страна немаат појма и никој не ги чека?
Под полицајци , мислев и на нив и на сите шо се од таму. Не се они некои господа ко шо ги правиш ти, туку се обични луѓе, македонци. А ние се знаеме какви сме.
Абе на прсти се бројат таму тие што си ја работат токму работата. И нив алал да им е. За другиве немам што да речам, они се едни од причините поради кои се случуваат вакви работи и луѓе имаат изгубено верба во цела полиција.
На фб прочитав дека не е точна информацијата дека се качила во автомобил. Ова е однапред испланирано. https://newz24live.com/toa-ne-e-vis...KLuKaHduAuSzj5pkZSchC5xMmHB6xAU6xaX8NAbK48rRs