Нормалнп, секое чудо е за три дена.. така се полемизираше и за тетовската, така онко битно е што муабех ќе имаш, што ќе дознаеш да раскажеш, детаљи ситници се да се дознае … а не да се дискутира за некаков си бојкот нешто , нешто со што ќе се може да се помогне..
Не ги заборавај и есеите секој втор што ги пишува и на крај Прости ни. Што да ви прости, кој, кога татко и ја уби. Драми прават за лајкови. А оние штапските глувци на Вмро цел ден на сметка на случајот споделуваат постови за Инфомакс, Сдсм и Палчо. Земав напишав постви го избришав. Бездушни. Грам човечност да се нема. Прва би плукала и по Спасовски и по компанија, ама денес нема простор и нема зошто политика секаде да се меша. Закоравени и задоени, не се поразлични од партијата на Палчо.
Затоа се сите - Вања душичке, Вања ангелче, Вања, Вања, Вања... стискајќи ги своите велејќи си - ќути не се моите. Да излезеш, да направиш светилиште, да оддадеш почит и да покажеш вистинско сочувствие. На кралицана Елизабета недела дена и се клањаа... ова кутро дете остана само до крај и тоа е најтажното од се. Па толку е нивото Јуле... тоа е тоа - личниот интерес па се друго. За Вања им дошло...
Полицијата вели го привеле таткото. ТАТКОТО. Не очувот. Официјално, замисли пред Истражен судија е. Може па згрешиле, очувот е. Не бе, дали сте нормални? Сериозно.
Најверојатно беше за жената која го довикна. Пошто во позадина се слуша нејзиниот коментар со загрижен глас: ооо Господе, удрен е... https://glamur.mk/што-сакаше-да-каже-таткото-на-вања-со-ов/
Ама обдукцијата не е завршена, телото нели било закопано 5-6 дена, како она знае дека умрела од задушување? Наоди од обдукцијата ќе добие обвинителството и семејството, Ременски од каде би знаела?
Ќе си дозволам како магистер по криминологија да кажам мое мислење врз основа на ова што го слушнав од нашите официјални лица : 1. Ова убиството нема форми на "користољубие" 2. Не постои конкретно дејство на уцена и изнуда. 3. Девојчето е киднапирано за да биде егзекутирано. 4. Причината за тоа може да биде, дека таа нешто знаела, била сведок на нешто што можело да упропасти нечија кариера бизнис или живот, можеби сакала да обзнани нешто, можеби била злоупотребена од некоја битна (моќна) фаца или сл. 5. Телото мора да биде на детална и професионална обдукција под независен и сигурен надзор од повеќе лица, за да не се остави простор дека ќе се прикрие нешто што може да даде вистински показатели за причините за убиството. 6. Признанијата на учесниците не смеат веднаш да се земат здраво за готово без разлика колку и да соодветсвуваат со некакви материјални докази зошто истите можеби да се и така наместени да изгледаат баш така. Нивните искази во побитниот дел се сведуваат дека така им кажал егзекуторот (планерот) , а тоа никако не мора да значи дека тој им ја кажувал вистината. 7. Не е ништо толку едноставно, ниту лесно и наивно, да се убиваат луѓе , а извршителот првото убиство многу повеќе денови , а второво (малолетно девојче) три дена откога е егзекутирана, убиецот да функционира нормално и мува да не го лази. Тој се чувствувал многу сигурен и доволно безбеден и си функционира како и секој друг ден, а таков може да биде само и само ако нарачателот или оној за кого работи е многу моќен за да му ја обезбеди таа комоција. 8. Да имате храброст да егзекутирате втора жртва со возило кое е сопственост на веќе убиено лице по кое полицијата трага мора да произлегува од висока моќ. 9. Да вмешаш толку сведоци (непрофесионалци) кои брзо ќе "пропеат" и да оставиш толку видливи траги (пред камери и сл.) мора да си сигурен дека тоа никој нема да го гледа. 10. Треба да се бара нарачателот, тој е најбитниот во овој случај, актерите се повеќе или помалку ете сите тука. Има уште многу прашања , има уште многу за докажување и ова не смее да заврши само на исказите на двајца учесници кој очигледно се најмени и не биле и сеуште не се ни свесни самите во што се сплеткани и за што точно ќе бидат употребени. Јас кажав ! Ленин
Обдукцијата може и за еден ден да е готова, обично знаат како е починато лицето. Токсиколошките наоди се чекаат. Плус може и овие кажале. А и држи место ова и тоа разјаснува зошто не е побаран откуп.
Твое е мислењето? Јас како магистер по кривично право одма ќе кажам на колегата дека е под импресии од некоја крими серија. Девојчето не знае ништо, киднапирано е за да извлечат пари, ама еве се задушила и планот се расипува. Толку. Мотивот е пари. Делото ЈО ќе го преквалификува.