Кој сака нека прочита какви огромни пропусти се направени. Не е проблем зошто не ја нашле колата на Жежо на време, може немаше да биде Вања ама ќе било некое друго дете/возрасен, било кој човек. Страшно кои се луѓе го спасувале, колку му се плашеле, вмешани големи политички имиња, Катица Јанева, тајни служби. Сериозен психијатриски случај со доушници секаде, мачка со девет животи. Тибам државата скапана. https://irl.mk/visokata-cena-na-nek...YIv0XT-WeGNVwaGlH3-sNsKwYhfXASeW1vzadBQt54Rk4 Бтв, после се, сигурна сум дека не му е прво убиство.
Тоа сакав да кажам. Јас предлагам пред се' од темава, па и да се прошири, да направиме vigil или "бдеење", односно да се собереме и да оддадме почит на девојчето и поддршка на нејзиното семејство. Не може повеќе да се зборува кој е Палчо, не е вреден. Нека има која е Вања, младо девојче, паметно, надежно. Ни земаа на сите дел од иднината. Ако сте за, јас мислам дека е тоа ок. Не знам за што да протестирам во случајов. А за ова на @Biljarkata линкот не знам ни кога ни каде ни против кого да протестирам, можам само да се иселам од државава.
Истово го зборев и јас! Алал за напишаново од почеток до крај! Мивки буквално!!! Јаки на тастатура, пишување поезија па слики п не знам што. А кога треба да се излезе како за ова така и за модуларната, дурмо, смилковско, онкологија , тогаш сите ,,хехе па не бе шо ќе се протестира хехе исто ќе биде” . Ајде бре ... почивај во мир ангелче...
Не смениле, барем така се збори... Да замислиме јас исчезнувам. Киднапиран или сам си бегам некаде. Со мене земам автомобил кој што има бр.на шасија и рег.таблички и оружје кое има име и сериски број. И тие со тоа сејф сити, да ме бараат само мене но не и мојот автомобил и оружјето. Каде е тука безбедноста? Ако се сакало, се можело. Но мислам не е дека не сакале или дека не можеле. Нешто поголемо има овде. Од вечерва сум убеден дека има нешто повеќе од 500 евра кај велешанецот и изнуда кај мајка ѝ на Вањичка. Има многу сомнежи: земање во вреќа за спиење од пред зграда во 7 наутро, возење украден автомобил, и сето тоа незабележано. Сејф сити. Жими ушиве.
Мене луѓе нешо многу ми смрди целава приказна. Одма ќе биде теории не знам шо ама седам сега и размислувам, чисто не ѓи делува. Замислете еден да е малоумен ама 5? Одиш со намисла да киднапираш во 7:30 на утро, толку многу си самоуверен дека ама баш никој тоа време нема да помине, имаш време да ја врзиш, спаковаш, 175цм висока девојка довлечкаш до в гепек, без да помислиш дека некој ќе оди на работа, некои си иде од ноќна смена, некој излегува леб да купи? А згора на се има камера во влез, околу згради? Толку да си малоумен да велиш на изволте, видите шо правиме и кој сме? Не е еден, 5 мина се и да не очекуваш дека ќе те фатат? Од друга страна, мвр прегледува снимки, од каде дечки? Логично е да се тргне од снимките близу домот, па да се продолжи според движењето на изчезнатиот се додека не се примети каде и како го снемува. А Вања ја нема на ниту една снимка? Кој лаже? Шо мајка бараш од Броз и Силбо снимки, а пред нос ти се психопатите како ја влечкаат? На тој паника го фатило и затоа ја убил, велат соучеснициве, а паника не го фати следните 3 дена кога шеташе слободно дека сниман е како ја граба од дома? Не знам луѓе што ќе излезе на крај ама ваквава приказна за сега не ми е баш јасна. кој знае што е позадински и кој стои вистина зад сево ова, само размислувам.. така наивно не ќе да е.
Не ти треба повеќе од тоа да му ги отвориш фб профилите на просјациве за да се увериш во нивната малоумност. Ко од ист калап. Абе луѓе, можно е и многу веројатно дека намерно ја имаат така насочено истрагата ВО ЈАВНОСТА. Кој би сакал киднаперот да знае РЕАЛНО што прави полицијата, во чиј интерес би било тоа, освен на киднаперот? Внатре во МВР, сигурно знаеле што прават, затоа имаме вака, реално и објективно гледано, брз епилог.
За чудо не ги смениле. Така и опожареното возило го идентификувале, испаднала едната таблица и не изгорела. Ова од пресот на мвр е
Уште во првите 24 часа испрдоков од татко бил сомнителен...секако нема да ни кажат ништо без конктетен доказ на празно. Изјавата на мајката дека испрдокон е добар човек, татко е само маска за овој да не се посомнева дека се сомневаат и да не избега. Во меѓувреме му се прислушкуваат тел и следи. Затоа што овој и се има заканувано на бившата сопруга за пари.
Типичен коцкар и социопат.... Да не одам офтопик ама таквите ко психото треба да бидат игнорирани а не деца да им се родат ама ај....
Не знам за нив ама во таа зграда ако се направи детален претрес од подруми до кров, ќе излезат многу нови "чуда", неповрзани со злосторот...