Ништо чудно и да има индиректни сведоци од типот виделе/ слушнале кога ја грабнувале, ама се плашеле да споделат. Тоа не е реткост во вакви случаи, посебно ако се свесни дека може да обвинат познати и опасни фаци. А и постојат заштитени сведоци, анонимни сведоци, може некој нешто и пријавил во полиција. Може некој го опишал возилото во кој е грабната, па затоа и повеќе се ангажирале во однос на негово пронаоѓање - се совпаднало. Ама секако, никогаш нема да дознаеме за вакви сведоци ако постојат. И не треба!
На колешка сопругот е полицаец. Само ми рече дека биле познати поради дрога и претходно. Не препрашував дополнително.
Има многу работи во позадина, јасно е тоа. Полека се одмотува клопчето и испливуваат на површина прљави игри. Мноооогу работи не знаеме очигледно. Хорор. Секогаш недолжни страдаат. Бел ден да не видат и мир никад да не најдат сите кои се инволвирани и кои придонеле да се случи ова. Страшно, што може најблиските да ти направат.
Морам да посочам на некои нелогичности у целава приказна 1. Ако им требало возило попрво ќе украле место да убијат човек и со кола на убиен да се возиш сто пати има поголема шанса да те фатат. Плус, го убиле во петок, па чекале два дена за у понеделник да се возат до Скопје, уште повеќе можност да ги фатат. 2. Двете сестри иделе заедно во школо, но едната губела час па Вања одела сама во школо, дали планот бил киднапирање на две деца во 7 ипол у сред центар на паркинг што гледа на партизанска. 3. Како тоа девојче од 1.75 го носеле во вреќа за спиење? На рамо ја носеле како? Никој не ги виде? (имаше информација дека колите биле паркирани од спроти кај градски парк, значи и булевар преминале на пешачки со дете во вреќа? 4. Мајката има објавено на фб во 12 ч и се дигнаа социјалните мрежи после тоа, Вања е убиена во 10 саат, што знаци од киднапирањето до 12 саат немале никакви притисоци и паника. - ако ете биле во паника, пологично е дека ќе го пуштиш детето место да го убиеш бидејќи ако таткото е замешан и ти дал информација кога да ја киднапираш тој веќе знае дека си ти. 5. Дали ако некој им пренел на извршителите дека има пријава,( таа од 8 саат сабајле од мајката пред да напише на фб ) значи е некој од полицијата што значи знаел кој го направил киднапирањето и се јавил да му помогне. 6. Спасовски кажа дека не знаеле за колата на исчезнатиот, а ќерката има објавено слика и регистарски таблици уште дента на исчезнувањето. Што значи дека колата 2 дена не е барана, стигнале до Скопје со неа, и потоа е најдена попладне во понеделникот кога е киднапирана и убиена Вања. Телото и се наоѓало на 10 метри од колата . Ако ги гледале камерите во понеделник сигурно ја виделе колата и ја нашле потоа, што значи дека знаеле кои се возеле во колата како што спомнаа од камерите на булеварите. Ова све се случува во ПОНЕДЕЛНИК максумум ВТОРНИК.... ШТО ЧЕКАЛЕ ДО ПЕТОК? ПАЛЧО БЕГА ДУРИ ВО СРЕДА....... СМРДИ КОРНЕ!
Дали го приметувате физичкиот изглед на монструмите? Навидум ист изглед сите. Иста форма тркалезна на очите,испакнати ококорени,јаболчници испакнати….ова прво го забележав.
Или па ако таткото должел пари, па им ја дал ќерката, или они ја киднапирале за овој да даде пари ама не дал и ја убиле.... Не сум во тек, неам прочитано шо се пише, како е убиена?
И сите стари со манијачки фаци, стереотипичен изглед имаат за хардкор патриотска група. Не сум видела еден патриот кој не мрази жени, така ќе ви кажам.. Ништо не се сврзува како што треба, тек ќе ја добиеме целата приказна за неколку месеци во целост, од прв план до последен.
Зошто мајката во постот на фејс имаше напишано дека последно била ВИДЕНА на пат кон Песталоци, кога од влез ја грабнале. Од каде, кој кажал дека ја видел на пат кон школо?
Толку е се заплеткано и замешано, се надевам сестричката е на безбедно, под полициски надзор оти ова некако не знам шо ќе испадни. Да се заштити барем таа.
Од старт ситуацијава ми беше сомнителна, ама не очекував ваков исход. Дете плати со животот за грешката на родителот.