Се согласувам во целост. Ве молам не ме разбирајте погрешно,немам партиски возвишувања и понижувања, но морам да кажам,тоа е мој став според многу што сум видела. Најголемите патриоти,вмровци…нели они се патриотите во нашата држава,ама и истите тое се најголемите насилници до смрт
Никој не ја нападна мајката, чисто ме интересираше кој кажал дека е детето видено на пат кон училиште..
Сериозни сте? Очекувате се да кажат? А бре не е ова Criminal minds серијата. Ова е живот ало. И пазете што пишувате ова сум слушнала она сум слушнала. Имајте инсаф.
Нели имаше една тетка што викаше дека ја видела Вања како се упатила во друга насока, не накај школо, дента кога исчезна. Па дури и рече дека ја поздравила..Не можам да го најдам постот..
Почекајте и ќе дознаете најверојатно? Пишување на тешки гомнарии на интернет никому не помагаат. Особено од типот на Кјуриос Кет... Вас не Ви ни реплицирав, така што не се чуствувајте повикано.
На прес кажаа дека ќе има информации, и да јавноста треба да знае како умрело девојчето, дали било малтретирано, задушено, точно време на смртта... А за ова што ме опоменуваш, ова сум слушнала, она сум слушнала не знам од каде јас се најдов позвана со ова прашање??? Нит сум пишала, нит па сум слушнала вас ве читам овде. Инсаф??? Што толку те испровоцирав за да имам инсаф?
Јас сум уште во шок луѓе. Денес на работа од раце ствари ми паѓаа, ко удрена со мокра чорапа бев. Не можам уште да напишам ништо за тој некрофилот со звање татко, не ми е процесирана информацијата во мозокот. Знаев дека постојат луѓе на светов кои по своето чедо би посегнале, ама ми беа далеку, во други земји, не кај нас. Солзи сами ми течат, ни се собра на сите некако се. Иначе прв пат на форумов читам дека ќе се палеле свеќи или дека ќе се прави нешто за Вања. Ако се организира таков собир повторно ве молам да ме тагнете, читам растревожено, може и да сум прочитала а не сум исперцепирала.
Како мислиш дека внесување на таблички ќе ти даде на кои камери прошла колата? Тие кутрите од полиција да им кажам во што кола сум ќе им треба 2 дена да проверат дали ги лажам, не па да видат накај одам...
Ќути, го мислам и тоа девојче. Искочија информации кај живеат, колку станови имала мајката, колку наследство, се претера со издавање на такви лични податоци. Гледаме дека има ненормални луѓе, се надевам полиција ги има заштитено, оти вакви некрофили ко овие испрдоциве ги има повеќе. Нека ги чува полиција цело време, никако да не ги остават сами.
Зависи за шо им треба. Кога ќе тргнеш од Охрид да речеме, до Скопје и по мостовите од Гостивар до Тетово ќе ги видиш како стојат со радарчињата и одма на адреса ќе ти дојде писмо изненадување. За така ептен знаат. Опасна полиција имаме, ептен.
Луѓе, а дали татково до толку е малоумен да си го продаде чедото... Се прашувам самата, од аспект наркоман, коцкар...лесно е да му натовариш обвиненија... Од негови блиски муабет дека се грижел за децата, иако разведени со мајката бил присутен постојано во нивните животи, а и децата го сакале многу....
Уште не ми се верува. Да му наштети на сопственото чедо? А и мајката изјави дека се во добри односи. Трагедија.
Не знам дали свати шо значеше коментарот мој. Чим снимките мвр ги имало ( во ред е да не кажат на јавност додека не се фатени сторителите, тоа е исправно) ама чим они внатре веќе ги прегледале, значи од прв ден имет знаено се, даено простор на П да избега, сите знаеме кој му помагаше на П порано, дека е остаен сам на себе немојте ве молам наивно. Дај Боже да грешам. Ама не се прегледуваат снимки од Броз само, чим се прегледани од влез и околу зграда, тие на изволте со фаците, требеа одма да се фатени . Или приказната е сосем различна или штитат некого или се пролонгира сево ова зарад нешто трето. Едниот чувал стража, ма немој, а во во влез додека паковаа какво сценарио ќе имаше ако излезеше некој по леб? Дечиња би изиграле попаметно. Последна опција да мвр не знаеле кај тераат и овие им одкриле се, само тоа мало морген.
Добро дотолку ли немате способност за распознавање на бесмислени шпекулации, прво братучед ја качил во кола, сега тетка ја видела па и ја поздравила. Што е следно? За жал, најтешката дијагноза ја имаат личности со вакви профили. Искуство од прва рака. Многу е можно, не се чудете.