Така да "татичко" ќе го наградат со казна во Бардовци?! Само умоболен,човек со дијагноза може да направи вакво нешто.
И која е логиката да му е дадено простор да избега кога ќе го фатат сеедно? Меѓународна потерница има.
Јасно, сите сме. Само што ваква шпекулација нема да го врати девојчето, ама може да наштети на жената и другото невино дете. Многу работи не кажаа (И НЕ ТРЕБА дур немаат цврсти докази и во тек е истрагата) ама за едно нешто беа сигурни и упорни - дека мајката НЕ е вмешана.
И шо ако има? Знаеш ли колку не се фатени со меѓународна потерница? Бугарија негира дека е таму, шо сакаш повеќе? Ако има Бг пасош, имаат право да го штитат.
Мене најмутно ми е дека Палчо некако 'на време' фати магла,и дека никогаш нема да биде фатен. Како поминува времево се полуди сценарија испливаа на површина... Колку и да ни звучи лудо и невозможно.
Оти мафијашки филм ги удрило на 60 години и ларповат гангстери. Ако е точна верзијата дека Вања се задушила дури била врзана во вреќата, им тргнал грешно плано очигледно и напрајле од играчка плачка. Пукале во безживотното тело за да делува ко убиство на друг начин. Оттука според план(најверојатно) на Палчо кој заминва за Србија и поминва низ Косово, и додека е таму користи лажен Facebook профил со албанско име и пишува коментари во објавата од мајката на Вања, како Вања е убиена. Шо му била целта со ова? Најверојатно да создај конфузија и тензија кај јавноста, а и полицијата. Можеби се надевал за народо да се крени на протести и со то би се отежнала работата на полицијата.
И Мвр и обвинителството ќе треба да расчисти сега до крај зошто со нивните '' официјални'' изјави ја дозамрсија работата. Случајот го водат како користољубие а киднапираната девојка ја убиваат уште од старт. Муабетот дека на мртво дете чекале исплата паѓа во вода зошто единствената причина да добиеш пари е да го чуваш залогот здравв и жив. Ги фатило паника се изјавите на обвинителите. Да ги фатило паника нема да се возат 5 дена во украдена кола од лице кое го убиле од Велес а притоа и девојката. Дедото бил убиен за 500 евра. Во тоа незнам кој би поверувал. Овие лихвари се занимаваат со стотици илјади евра па за 500 незнам кој би си ја ставил главата во торба. Тоа е како да играш покер со влог од 200 евра да ризикуваш да земиш 1 евро и тука единствениот извор на пари го убиваат. Се надевам се ќе се расчисти како што треба а не како што му одговара на МВР, сами влегоа во блатото. Нека почиваат во мир двајцата.
Прв пат коментирам во темава, но морам да го кажам ова што имам да го кажам затоа што сметам дека е многу важно. Можеби е зборено околу ова, не можам да ги прочитам сите коментари тука така што извинете ако се повторувам, но случајно ги прочитав овие мислења и сакам да се надоврзам на нив. @BraBru, Не мислам дека @Feminka22 крева беспотребно паника. Да, конкретно овој случај е со умисла и конкретно таргетирање но што е со останатите случаи? Од јануари 2010 па наваму во Македонија има најмалку 93 исчезнати лица, од сите возрасти. Сите тие се со умисла и ниедно не е рандом? Можеби. И да, знам дека е ова мала бројка во однос на бројот на население и години изминати но сепак е крајно језиво и страшно. Друго, можеби некој се сеќава но имало случај на девојче Билјана Србиновска во 1989г која исто така исчезнала и била подоцна најдена убиена во Бразда. Убиецот никогаш не бил најден/откриен. Не знам дали сите убијци во нашава држава своите жртви во Бразда ги носат но со оглед на тоа дека е истото место, можеби треба да се поврзе да не е истата личност како и убиецот на Вања. Има логика. Прочитајте ги и овие https://fokus.mk/sluchajot-so-vana-...-beshe-skrieno-vo-selo-brazda-pred-33-godini/ https://news1.mk/archives/142138 Над 100 неразрешени убиства: https://press24.mk/node/4549 Јас искрено не бев ни свесна дека има толку многу неразрешени случаи. Зар убијци живеат меѓу нас? Жално е што до сега не се откриле сторителите на сите тие жртви, искрено се надевам ќе се најдат без разлика што поминало толку време.
https://vecer.mk/makedonija/ekskluz...a-i-sdsm-e788ad96-7307-4a93-81e4-57d69339c2b1 Искрено се надевам дека ќе го уапсат ама дека е сам без помош.. стварно се надевам дека грешам.
Кој знае каде е. Не верувам да е во Бугарија. На крај ич нема да се зачудам ако излезе дека цело време не е ни излезен од границиве.
Немаат во моментот инфо дека е на нивна територија ама тоа не значи дека ќе го штитат. Да го штитат за убиство на дете?! Зошто имал бугарски пасош? Ќе го фатат ко врапче ако сакаат.
Користољубие е зошто ЦЕЛТА на куднапирањето биле пари,тоа што планот се изјаловил е друго. Толку непотребно се полни темава со едно те исто,сфаќам дека има многу мислења не можете да ги дочитате,барем пресот да го гледавте. Не се возеле низ град 5 дена со украдената кола,како прво 3 дена ја немаше колата,како второ не ја возеле. Едно те исто се пишува цело време.