Да не заборавиме дека многу работи што на нас ни се нелогични на убијците им се логични затоа што правиме муабет за психопати.
Да, ама сепак ќе може да дефинираш колку-толку кој профил на луѓе биле тие што си ги видела. Јас не мислам дека некој во моментот приметил дека било киднапирање, ама кога веќе излезе веста, ако некој видел нешто, сигурно му се споиле коцките.
Овде пиле не прелетува камера ако не го сними. Околу зградава има околу 20 ако не и повеќе камери. Кого лаже Проливер и остала багра корумпирана, кого прикриваат и што ни сервираат? Еве ја камерата од пред влез,ајде сега снимките да ги видиме
Можеби, како што кажаа може има сведоци. Ама зашттени и не се објавува за да се заштиттат луѓето. Пак ќе кажам, не очекувајте дека секој детал ќе го знаеме. Семејството може и да забрани да се кажува. Само да кажат мртва е, фатени се и толку. Така да малку распрашајте се како одат работите при истраги. @Selest кај мене во зграда имаме камера која не работи. И ? Ете така стои.
Па кажа дека е фатена на камера. Секако дека снимки од истрага тебе ќе ти ги покажат. Доста со заговорите и политичките препокувања. Не го злоупотребувајте случајот.
Мене некако не ми се верува таткото да бил наркоман, барем јас не би дозволила моите деца да бидат во негова близина. Што може да е уште пострашно зашто во тој случај интересот на таткото би бил чисто материјален на штета на детето. И муабетите, ‘може немал намера, може бил кафански муабет за ќерката кога искача, помалата ќерка губи прв час…’. Мислам кој нормален родител како прво седи со такви битанги и збори за децата, кој нормален човек воопшто има такви битанги во животот кога има деца да ги заштити. Тажно, но овој монструм го интересирале само пари, ништо друго.
Семејството има право да забрани било какви детали да се споделат. Се работи за дете. Ама народов наш учен недоучен, експертите, се знаат.
Таткото е наркоман регистриран и лечен и овде и во странство. Тоа е апсолвирано. Скопјево е мало се знае кои се тие ликови. @JuLleE народов заборава дека во светов се дешваат вакви случаи.. мислат серија е ова па се ќе гледаме во живо како се одвива.
Па не знам тогаш како ги гледал децата. Не знам каков е законот ама може требало тоа право да му биде скратено.
@Selest таман работа нас снимки да ни покажуваат. Искрено кој непочит кон жртвата и семејството би бил снимка од киднапирањето да се објави јавно. Таман траума уште една за сестричката, онлајн да гледа, за ние да сме среќни. Не ви се логични муабетите. Кое злосторство се прикажува јавно?
Не биди наивна Јуле, не се работи за политичко препукување не ги идеализирај и величи соучеснициве кои прикриваат убиства за да се одржи самит. Ова треба да се потенцира во сабота на протест да се видат камерите зошто ако не извршиме притисок масовно нема да ни бидат покажни.
Луѓе искрено мора да има промени во законот за поставување на камери.. Според закон не смееш да снимаш јавна површина, еве сега се докажува дека е добро да можеш да снимаш јавна површина... Исто така задолжително да биде камера во секој автомобил. според мене треба да се направе петиција и да се направе промена на законот
Ти разбираш дека никогаш нема да видиш таква снимка? Без оглед кој е на власт! Има нешто што се вика протокол на работа и заштита на приватност во вакви ситуации. Сеирџии едни. Како бе не ви е срам да барате вакви работи.
Уште не можам да се освестам што се случи. Никако не ми влага во глава дека може некој родител така ладнокрвно да си го фрли детето во смрт. За пари, за што и да е. Да не сме и во кожа на мајката. Што сега размислува, за што се кае, дали што ја пуштила сама, дали што ќе беше ако двете деца и ги снемаше... Дали што му верувала на татково и што ја лажел во очи дека и он не знае каде е, дали дека можеби пропуштила некој важен детал во моментите на изјава. Да не ја заборавиме и сестричката која не можеме да ја заштитиме, никако, од сите овие вести. Од стравот да не и се случи нешто. Од загубата на сестрата која никој не може да и ја надокнади. И сите други деца кои што колку и да сакаме ние да скриеме, зборуваат и слушаат различни приказни. Сфатете ме како сакате, ама не знам дали знаете што поминуваат децава од песталоци моментално. Детево од 6 год доаѓа вчера и вика, Вања ја однеле во Велес? Гледале свеќи и цвеќиња, новинари... Јас не знам како да се справам со ова, како нејзе да и објаснам. А не па таа јадна мајка, која треба сеа да бдее во секој момент над ова кутро дете што остана без сестра.
На што дроги сте вие? Сакаш на камера да видиш како го носат телото? Какви нагони имате бе луѓе? Тоа видео лесно може да стигне до очите на сестричката,на мајката ако сакала и ако има такво видео можеби ќе го покажат ама зошто нас? Што ќе ти смени тебе видеото? Или тоа што упорно тврдиш дека одма виделе на камера ама ќутеле за fucking самитот,отековте со тој самит веќе.
Добро бе во кој свет живеете кај што барате за случај кој што сеуште се расчистува и главниот осомничен го нема МВР да дојде и да ви ги пушти вас камерите? Кои сте вие? Како ќе ви придонесе лично вас тоа? Во која држава има ваква пракса?
Да се чудиш колку прост народ сме.. Замисли во една Америка каде на секои 10 мин се случува некое убиство, киднапирање да се реагира вака.. Господе боже. Дали е СДС, дали е ВМРо дали е партија Весели цветови на власт, никој не може да предвиди убиство бе луѓе. Што ви е вас?
Така де,па сите срцепарајучи статуси на фб како не сме ја заштитиле,никаде никој не е сигурен,никаде! Во случајов од татково требало да ја сочуваат,нема да ме чуди како што одминува време да и се фрлат на мајката каква немајка е што не ја заштитила од татково,се е полудено скроз!