свето е ојден во куршлуз... МКД е мала држава и со промени може да биде многу добро место за живеење. Почни од тоа дека секој праве што сака.. Кога ќе се има ред и дисциплина, малку потешко ќе биде за вакви немили настани.
И јас мислам дека мајката да го заштитела детето на време немало да дојде до ова.. Како имала врски во суд да земе старателство одма, а во социјално или полиција немала да извади забрана за приближување знаејќи дека е тежок наркоман и коцкар.. Можела и требала да го стори тоа, за доброто на децата.. Таа и клуч од дома му дала наместо да не дозволи да им се приближи..
Ај на таа у залез и е сонцето, ама што им е бе. Ако некој е убиен шо купил од Чифлиганец, а Чифлиганец е осомничен, сигурно е ради нерасчистени сметки за станот. Свашта.
И јас тоа помислив. На таа пара што ја имаат и со тој створ во животот дете само не пуштам никаде, а бе обезбедување ќе му пуштам секаде со нив да идат.
Епа чим е фатена на камера зошто не е фатен Палчо? Што чекале? Еве ти си правно лице, колку време се чека одобрение за прегледување камери? Или во вакви случаеви не мора дозвола? Јас сум свесна дека не треба да се каже на јавносѕа све и да ќутеа за тоа дека имаат докази од електронските уреди што ги поседувало семејството ќе беше скроз нормално за да не киднат и другиве, мене муабетот ми е дека Палчо не е сам во ова. Тргнуваш да бараш докази од дома и ти даваш простор некој да избега иако на камера фино лепо ти се покажува што правел и кој е сторител. Не треба човек да е професионалец за да му текне од каде истрагата треба да почне нели? Толку ако е прост случајов, нема ни потреба телефони да проверуваш, све ти е снимено. Сам Палчо во ова не е. Колку што приметив тој Бубевски рече дека осомничените им кажале како се се одвивало или грешам? Точак да се украдеше со онолку камери ќе се фатеше одма крадецот не киднапери ајдее бе
Моево,4 годишно слушна на вести првите денови и праша што се случило ,му реков едно девојче се изгубило. Вчера гледа пак девојчето на вести(слика покажуваат) ми вика уште не го најдоа девојчето? Изгасив тв.
Претеравте! Зошто мајката ова, зошто мајката она? Зошто пријавила по еден час, зошто давала вакви изјави, зошто давала такви изјави, зошто дозволила "таткото" да се доближи... Не се чукајте во гради колку сте храбри, демек вие ќе чекавте до вечер да пријавите во полиција. Ете се докажа дека мајката едноставно си го познавала своето дете и не е дете кое што би скршнало од патот. Можеби па и се заканувал таткото или некој друг? На неколку објави наназад упорно потенцирав да не се обрнува внимание на порталите и тоа што го објавуваат. Се фативте за тоа што изјавила мајката дека "таткото" не бил таков, дека односите им се добри, а не знаеме ни дали навистина изјавила, ни дали така го изјавила тоа. Зошто па тој пријавил во 11? А да ми кажете вие зошто тој воопшто ова го организирал? Не гледате дека е умоболен човеков? Или за да се заштити, или за да има алиби, да се прикаже како грижлив татко. Или видел дека планот пропаднал, овие или не му се јавувале или му кажале што направиле. Друга работа, може не се ни официјално разведени, можеби се само разделени, според презимето. Можеби не бил насилен, не се однесувал така спрема децата. Најчесто од таков аспект, зошто децата да страдаат, родителите може да останат во ОК односи, иако меѓусебно не се сложувале, но грижата за децата да биде взаемна.
Како прво и мене може да ме снимат таму а јас да не сум поврзана со случај. За да се осомничи некој мора да има основа бе луѓе. Не е така едноставно. Се работи за јавен простор. Секој може да паркира, секој може да стои пред зграда, ама ако нема докази не може да бие осомничен за било какво злосторство.
И како се толку сигурни Бубевски и Оливер дека осомничените ја кажуваат вистината? Дали тоа што тие го изјавиле се поклопува со тоа што е видено на камерите и со доказите? Обдукција направија ли на телото? Ќерката на Панче имаше изјава дека ги викнале од судска медицина. За Вања ништо не кажаа. Зошто се толку сигурни дека баш во 10:00 е почината Вања?
сега и мајката е крива?! многу знаеме дали вистина така било. Така беше кажано, позадината не ја знаеме и нема да ја знаеме. Вие сериозно мислите дека некој е должен вас да ви дава извештај за сѐ?! Божеее
Не само тој, 30 проценти од "машките" (машко сум и срам ме фаќа....) се умоболни, се коцкари, криминалци, џанкери, насилници, курвари. Секогаш и насекаде ќе кажувам: гонете ги у три лепе "фраерите", игнорирајте ги исфрустеираните auu toj e najsgaj свезнајки од женски род и ако нешто започнете, нека биде тоа навистина најс гај. Возраст нација вера не се важни воопшто, најбитно е да е нормален, да нема кретени дебили идиоти во друштво, да нема пороци. Бирајте со кого или со која ќе си основате семејство.
Пробувал да потплати да добие старателство кога се разведувале Ама не го добил. И затоа мајката има кажано, ако закаснат и 5 мин во школо, да ѝ ѕвонат
Сериозно? Ти фали дете, прегледуваш камери и се што е сомнително провериваш, па макар и некој скоз невин ако ти изгледа сумливо. Мајката вели излегла во 7:30, од 7 враќаш камери и чекаш Вања да излезе од зградата, примеќаш ја нема на камери излезена, враќаш пак на наназад, детално гледаш што е највпечатливо, во овој случај огромна вреќа како ја вадат од влез во 7:35. Шо повеќе?
Нема што да се дискутира повеќе неговата вмешаност во ситуацијава, мислам на "таткото". Во најмала, значи најмала рака, да ја довериш ќерката своја на 3-4 старци е трауматично искуство. Јас сум возрасна, па да седам со тие особи во иста кола или соба, ќе имам трауматично искуство. Па да ја врзат, стават во вреќа, уште потрауматично... Да не ја убиеле, еве не очекувал да ја убијат можеби. Сериозно не очекувал дека може да ја малтретираат, да се изживуваат, да ја тепаат, силуваат? Што да се коментира за него повеќе...многу внимание му се посвети