Еве читав Ременски кажала дека девојчето било земено како заложник, се угушило па ја пукале... Нека не нѐ мафтаат! Ако била земена како заложник аматериве: Или ќе носеле маски Или ќе ја зеле од друго место Друго, ќе ги препознаела дури и ако била заложник, по што ќе ги кажела покасно. Не знам, ама официјалната верзија на "чесните челници од мевере" мене не може да ме убеди.
Во тој момент, односно приближен час на исчезнување на малолетно лице апсолутно секој е сомнителен фатен на камера. Елем, моронот за кој претходно има 15262716 обвиненија и докази за ретардирано однесување. Мене ме плаши дека го имаат видено, ама нели идиотов се пикал сегде и политички и со полиции од многу порано, па да не му дојавил некој до каде е работава, па затоа киднал.
Доста со тој самит, посебен оддел го обезбедува, плус сигурно е имало и луѓе од надвор, нема врска со случајот. Кој вака ги испера мозок? Никаде во Европа не е дозволено снимање на јавна површина без да е наведено, и на кола ско ставеш камера не смее да фаќа јавна површина. Од кај ви доаѓаат идеите? Девојчето е убиено од сопствениот татко. Престанете веќе да барате заговори, прикривања и слично. Деталите од истрагата ќе се прецизираат и тоа е тоа. Нема што повеќе јавноста да знае и да гледа снимки. Палчо не ни бил да ја грабне. Он е нарачателот и он наводно пукал. Преглед на камери не оди така брзо, плус додека да ги лоцираат им треба време. Па докази. Еве приведени се. Палчо бега кога се дигна цела јавност и им е влезено во трага. Не е глупав да сфати дека ќе откријат, а овие неговите глупаци ќе пропеат. Башка таткото. Нормално е да очекува во секој момент да каже. Како бре ви текнуваат вакви работи? Го расветлија случајот и пак копате. Темава стана напорна и тешка за читање.
Така е. Ќе им веруваме на чесните и без скандали и криминали челници на неколку институции. Машки и женски Славици се тоа. Ич не лажат еј.
Ако имал помошни простории или станови типов Љ.П., или можеби дуќани, тоа камерчето што се гледа во влезот, не мислите дека може да најде начин да не работи? Или некои околни во истата зграда? Премногу прашања на кои не можеме и нема да добиеме одговори. Единствено се надевам ќе се задоволи на некој начин правдата и ќе се сподели со јавноста доволно информации за колку толку да можеме да продолжиме со секојдневнието.
Пропустот кој што може да се тражи во МВР е дека вакви гниди психопатски се оставени да хараат и рекетираат слободно во државава. Од друга страна се глорификуваат пропалици, пази "таткото" бил познат како скопски наркоман мангуп, каков е тој наркоман мангуп обичен пропалитет, гнила гнида!
Нема зашто да не продолжиме со секојдневието. Жално е, трагедија е да, ама да не се прави премногу патетика од сево ова. Да бидеме реални вознемирени сме ама на никој не може да му биде како на мајка и , сестрата и блиските. Утре друго нешто ќе излезе ова ќе се заборави. Си жалат блиските.
Па во Европа се снима секоја уличка со државни камери... Друго во Русија е задолжително да имаш камера во колата и додека возиш снима... Дојде до несреќа, според камерите одма се реше случајот... За ваква држава треба да се измисле и рентген-сателитско снимање
Дај бе прекинете со обвинување на мајката, не е така лесно да оттргниш родител од дете, не е лесно да се бориш со суд за да татко не си го гледа детето кога знаеме дека се можи да се купи, да дури и судија. Не е лесно во оваа држава да се заштитиш, каде полиција не реагира на пријава имате примери. Сигурно она не сакала ова да се случи, сигурно не ни очекувала дека татко можи да наштети на ќерка
Aма затоа јас, ти и останативе ќе ја оправиме... само камери нека ни пуштат на тик ток, и се средиме одма.
Ова има голема зднина и мора да излезе на виделина ако ние како народ мора да извршиме притисок во сабота, а не како и за се "секое чудо за 3 дена" и да ојде у заборав. Тоа всушност и ми беше поентата на постов ама од многу гледање турски серии и звезде шљајма ви се исушиле мозочните клетки. Ова не е случајно убиство, тука се работи за некаква изнуда,уцена или закана. Дедото на покојната е баш претепан на 27 ноември 2002 год. од братот на Филип Петровски кој работел исто како цариник. Егзекуцијата на Вања се повеќе наликува на некалва одмазда од ненормален психопат. Вклучете мозок дека се прикриваат многу други ситуации. Дај Боже да се најде монструмов и да биде измачуван, ако воопшто е жив и не го кокнале за да не се дознаат многу заташкани работи. А сите сторители и соучесници да не видат бел ден!
Не можам сега да го враќам пресот да го гледам пак,некој стриктно го постави тоа прашање,дали го има грабнувањето на камера,мислам дека рекоа не,едно што било внатре,друго изгледа не ни има камера на влезот од зградата,олабавете.
На народов му фали општа информираност. Во идеален нормален свет нормално би било родителот да не му наштети на детето но у светов каков што е има монструми од родители, колку само вакви ситуации има во светов и колку монструми од родители малтретираат деца секојдневно а јавноста не е ни свесна за тоа. Прв суспект ми беше дека е поврзан барем еден од родителите.
Премногу коментари и страници сте испишале, ги читам сите со ред и овде, 166 страна само ќе застанам да пишам нешто. Луѓе, значи не се фаќајте за ситници и сенешто, полека малку. И на 27 ноември кога почна се', се пишуваа теории и чуда, мислев сега ќе престанете ама сега бетер. Значи уште не ни кажуваат се', уште се прибираат докази и сознанија, уште се поврзуваат работи. Барате дупки и вие се ставате на место на инспектори?! Сериозни сте? Мислите вие сте покомпетентни и поспособни да решите случај од човек со школо и со работно искуство, стаж? Смешни сте. Имаше коментари на кои сакав да реплицирам ама ќе реплицирам, засега, само на ова. Оти не е разглабање туку просто прашање. Затоа што девојчето се упатило кон училиштето. Требало мајката да биде буквалист и да бира зборови очигледно. Еден збор на Фемина ќе отвори 100 прашања.
Палчо бил во една од колите две паркирани пред зградата. Веројатно прво ги прегледале камерите, ги идентификувале тие двајца што го извршиле грабнувањето па после нивното приведување тие го имаат посочено Палчо кој веќе дувнал од Македонија. Полицијата да дојде до камерите си постои процедура која секако може да се убрза. Иначе, кога мене ме нападна манијак, прво пријавив во полиција и од таму ме промафтаа за надзорните камери околу, ваљда толку им се работеше, ама ми рекоа сама да си проверам. Па така брат ми со другар по трасата каде се движев и имаше камери лично ги замолија газдите дали може да погледнат. Памтам пред да да влезам во сокаче и да го приметам дека е зад мене и ми се приближува, бев во жито маркет се шлаев низ рафтови 10-15 минути и без проблем во жито маркет дозволија да ги ѕирнат камерите. Од друг објект исто ама немаше прегледност до влезот на мојата зграда, од молот до нас не успеавме да земеме снимки, а баш на тие можеби и ќе се видеше. Кога се дешава нешто такво луѓето излагаат во пресрет.
Камери имало наоколу, снимки мевере даваат од акции и упади а од ова не објавуваат. Зошто? Ај нека објават дел. Со оглед на тоа што сѐ се случува и какви не скандали имаат зад нив ИЧ им немам доверба.
Најжално од се ми е што овие од партиите одма се закошкаа, излегување на телевизии во костумчиња, со преписки, со вперување прст. Лешинари невидени ми се, не дочекаа ни да се закопа девојчето за да почнат да собираат политички поени. Ма последно да ви е
https://mkd.mk/node/531181 Иначе тоа дека ги фатило паника врска нема. Пошо како очекуваат да извлечат пари, а е почината? Секој ќе рече дај да ја чујам ќерка ми за да знам дека е жива. Ама и зошто би ја пукале ако веќе е почината од задушување?? Морони