Абре луѓе што е битно како се десило? Факт е дека девојчето е мртво - убиено и дека треба најстрого да одговараат инволвираните!!! Ако е помала монструозноста да не треба да им се скрати случајно казната? Дајте ве молам, барате само да го задоволите љубопитното око. Којзнае што се случува(ло) во позадина, џабе се паламуди тука.
Ќе се сретнат во Идризово сигурно...Шутка е кривичен затвор таму ќе се се до крај на расчистување и одредување казна. После во Идризово ги чекаат..
Некои викаат дека го прашале дали е добро од позадина, и затоа биле палчињата... Демек Јас сепак мислам дека е психо.
Не се сигурни, а за резултати од обдукција е рано, точно обдукцијата ќе каже и како починала, и дали имала други повреди, и се останато. МВР бар за тоа беа јасни дека осомничените кажуваат тоа што се поклопува со материјални докази, но ИСТРАГАТА Е ВО ТЕК, што буквално подразбира меѓу другото, обдукција. Секако дека не се сигурни, во притвор се сите осомничени, уште колку што знам нема покренато обвинение, дур не се затвори истрагата нема ни да има.
Само болен и гнасен ум може да биде добро после тоа што го направи на сопственото чедо. Психопат, бел ден да не види.
Може и веќе имаат резултати од обдукцијата, не им треба долго време, знаат истиот ден кога е извршена. Кога бев на вежби на судска медицина, на телото на дечкото што му правевме обдукција одма за неколку саати утврдија причина за смрт, сите органи детално ги поминаа.. повеќе се чека за токсиколошкиот наод, ама тој не е толку релевантен во случајов. Зборот ми беше и да им се готови резултатите, не се должни да ги објават во јавност одма.
Зошто мајката 3 дена по ред фава изјава дека се нормално семејство кога очигледно знаела што животиња чува дома? (Мислам на таткото) Зошто даваш таква изјава????
Апсолутно ништо ми нема логика, после пресот па ич. Повеќе прашалници отколку одговори.И ништо не ми е за верба во овој момент. Ни дека велешанецот е убиен за 500 евра, ни дека киднапериве се до толку морони безгрижно да се шврчкаат со возило на исчезнато лице кое во меѓувреме го убиле, ниту дека безгрижно чекале во влезот спремни со јажиња и вреќи во време кога сите одат на работа, училиште, бабите по леб... И она, ги фатило паника па ја убиле и закопале?! А со што копале, со голи раце? Позајмиле лопати од мештаните? Или си носеле со себе прибор за секој случај ако „ги фати паника“? Потресена сум и револтирана. И имам право ништо да не им верувам на Оливер и компанија, зошто немаат кредибилитет и капацитет за човек да им верува за било што, посебно за ваков Твин Пикс случај.
Милијарда пати ви се кажа дека не смее да се споделува сè со јавноста бидејќи може да се загрози истрагата. И упорно продолжувате како да сте паднати од Марс.
А зошто на сите ви е тешко да верувате дека во Македонија има способни лица што знаат да си ја вршат работата и дека во случајов стварно беше така,дека МВР не се толку неспособни,зошто упорно барате проблем каде што го нема?
Тогаш нека не споделуваат ништо. Нека тераат како што тераат. А не да споделуваат глупоштини дека човеков е убиен за 500 евра, и дека Вања е убиена зашто паника ги фатила.
Ама проблемот го има. Од 24 до 27.11 има исчезнат човек во Велес сосе автомобил. Плус, осомничениве имале низа криминали низ години наназад, како го нема проблемот? И после зошто сме се сомневале ние граѓаните и зошто сме биле уплашени. Ама ете погоре се најде една членка да тресне дека тоа било правење паметни на сметка на жртвите, а жртви има поради некои неспособници од институциите.... Илјадници криминалци има низ Македонија, мвр знае сѐ за нив ама не ги чепка! Што е следно, нова трагедија? И нови трескања зелени? Двесте пати се расплакав овие три дена за девојчето, аер да не видат!
Јавноста е доволно што знае дека не е нарушена општата безбедност и дека е изолиран случај. Дополнително, пресот беше КРИСТАЛНО ЈАСЕН, без простор за сомнеж. Не им е јасно зошто бил убиен за 500 евра, а луѓе убиваат и за помалце. Плус не се знаат детали можеби им го открил планот, сакал да ги пријави, имале конфликт и за др итн итн. Кажав и вчера, не треба да кажат се детално во јавност затоа што после ништо од тоа нема да биде валидно на суд и ќе се чудат зошто добиле мали казни. Чим во некоја ситуација има фигура адвокат, веќе информациите се ограничени.
Сликата кај Палчо на фб од пред 8 месеци каде што со позадина се сликал со внукот на Панче е малку морбидна што можеби била порака до Панче за некоја работа или нешто знаел од претходно за што морал да молчи. Дека можело во влез да ја онесвестат можело, со оглед на тоа што во зградата Палчо имал во сопственост помошни простории може да ја пикнат внатре и за 2 до 3 минути да ја внесат во таа вреќа. И да ја има нормално е со оглед на сензитивноста да не ја покажат таа снимка јавно не правете одма теории. На суд секако ќе се изведат сите докази. И во врска со тоа зошто ја убиле не барале пари имало нешто друго... Не стигнале луѓе, мислеле дека имаат неколку часа додека не завршат часовите за остварување на планот. Ама мајката пребрзо сватила, таа кога не можела да ја добие околу 7 и 40 сигурно прво се јавила кај дрогираниов вол, ако овој им се јавил на киднаперите тие уште ни во Влае не биле стигнати ги фатило паника.