Исчезнува човек, му ја крадат колата во Велес, после 3 дена се појавува во Скопје, киднапираат на сред бел ден девојче ги убиваат двајцата. Се ова во време на најголеми полициски контроли, ОБСЕ самити итн. Ги наоѓаат тек после 1 недела веројатно поради големиот притисок од јавноста бидејќи се работи за мало девојче, да беше друг профил на жртва ништо чудно ова да поминеше без поголема врева. Ако МВР постапело и се заангажирало уште на 24ти кога е исчезнат човекот во Велес второто дело воопшто немало да се случи. Е затоа се неспособни МВР.
Ок, тоа за Вања е дел од нелогичностите. Ама, зошто ви е тешко на некои да поверувате дека некој може да убие човек за 500 евра? Ненормален се води од гневот, не мери.
На твитер се шири инфо дека фризерот од Велес имал мапи за злато, останати од турско време. Не знам дали ми е верно баш. Вчера исто тука пишав, значи вакви ликови како Палчо убиваат и за репутација дека ако им пререче некој нема да остане жив! За закана. Мислам стварно фатете си ја темата со ред назад или ич не читајте! Само туку некој паметњакович ќе се најде ќе се избаци со нешто кога веќе некои работи се утврдени.
Затоа што така треба... Што требаше да каже бившиов пропалица и наркоман е. ( не дека не е) ама народов и онака зборува сите притискаа за таткото каде е каков е мораше некаква изјава да даде.
Не знам, чудно и нелогично. Полиција, институции, со капацитет и интелигенција потпросечни, ама криминалците не може да се морони. Не може ние да знаеме (и нејќам да знам) каков ,,бизнис,, модел имале, очигледно не се во ,,бизнисот,, од вчера, можда лопата им е професионален дел од багажникот. Сега све е одамна познато- и дека рекетирал/е и дека матни биле, ама сега, до вчера сите глуви и слепи. Багра
Луѓе... Сабота кој е во можност нека дојде. Не знам дали е протест или е сочувство ама да се собереме. Вања е наша сограѓанка и сестричка, на сите нас и мора сериозно да се превземе нешто за во иднина. Еве им идеја на мевере "чесните" челници: апсење на сите со нелегално оружје дома и со криминали зад нив, а оние од соц.работи сериозно да поработат... Наше е од сега натаму да бегаме како од огин од сѐ што е со нарко и коцка пороци.
Да прашам тие што ке одат на протест? За што ќе идете ,? Имате некоја јасна цел? На пример да донесат нов закон за убијците на деца како Законот на Тијана,да воведат Амбер? Или така ке одите без цел? Не е само да се оди...треба јасна цел....!!!!
да баш така ќе каже дека има дома говедо, очигледно се што се збореше за таткото искочи вистина. Скопје е мало, особено лошите муабети се дознаваат за секунда. Да не ја известиш полицијата да гледа и во таа насока, да им плакнеш очи и да глумите хепи фемили мене не ми е нормално искрено. Ај што на народ му се плакнат очи, ама на полицијата??? Ништо не ми е нормално ама баш ништо
Полицијата оддамна знае кој е дебилон познат е кај нив. Од полицијата добила насоки што да каже и си има причина за тоа.
Од кај знаеш дека не ѝ кажала на полицијата? Или дека не добила таква насока од полицијата онака да збори ? Доста ја набедувате жената.
Озбилна си? Како да ви се каже дека жената си кажала се таму кај што треба па заради тоа и толку брзо реагираше полицијата. Значи ти да не беше во соба со неа па знаеш дека не кажала? И јас да сум на нејзино место нема да се правдам пред јавност, ниту има точни извори каде таа кажала дека се среќна фамилија. Не само полицијата, очигледно и класната знаела каков е таткото или и било кажано за да реагира уште одма.
Исто и ние кога бевме на обдукција, уште кога го отворија, ја утврдија причината. Не се чека за тоа многу, обично се знае истиот ден, има како да утврдат од каде е пукано, на кој начин и како настанала смртта. Тоа се знае веќе.
На едната од снимките се слуша жена која загрижена вели "леле го удриле". Нека го утепаат смрдеж, син да ми е утробава што сум го носела има да си ја откорнам. Ќе жалат таков шлајм.
Еве на вести имаше дека има појачан надзор на сите гранични премини во Србија. Ајде аман нека се најде некој човек некорумпиран да го приведат овој Палчо, да го заклучат еднаш засекогаш! За Александар да, една жена вели удрен е или го удриле така нешто. Може мајка му, љубовница, не знам. Јас да сум му мајка, како сум го родила така ќе му пресудам, а после и на себе оти страшно сум потфрлила..
Кај Ременски читај Гахаха леле го тепале? После ќе биде леле го ебеле А тепаат иначе за да пропееш Тоа за дрога тепаат не па за ова