Не се најдени после една недела!!! Претходно беа приведени а сигурно ден два пред тоа им влегле во трага,требаше тебе да ти пишат приватна порака за мирна да си,дека работат нешто де....
Ако е во Турција избеган, ние имаме меморандум со Турција потпишан уште во 1997, ќе ни го пратат назат одма.. Мислам дека и Русија истото би го направила..
Абе прво мислење и одма напад таков, повеќе од јасно е дека станува збор за член од негова фамилија, некој што му е близок и сега ќе се посветат на агендата Бившата жена вештерка, од мака со неа почнал да се дрогира. Колку пати сме го гледале тој филм, досадно е веќе.
Зарем е можно тек во средата да се побарани околните камери и тоа самоиницијативно од страна на мајката?!? Ако ова е навистина точно, тогаш да не се чудиме зошто моронот имал време да избега...
И Панче бил член на таа партија, одел на состаноци. Се познавале добро со Палевски, заедно барале и злато. Не, не лежи тука зајакот. Дедото нема никаква врска туку татково што сакал да дојде до пари. Познато е на јавноста дека барал пари од мајката, затоа таа и се посомневала на киднапирање и брзо пријавила. Во темава многумина или се лошо информирани или воопшто не се информирани па шпекулираат. Вања го сакала, напишала писмо за него за денот на благодарноста. Значи бил добар со неа, бил добар како татко, имале добар однос. Иако некаде во себе бил забеган и психо. Да бил насилен, ќе имал забрана за приближување. Дедото на покојната нема врска и не си правете веќе сензација од случајов.
Да да, од тоа сигурно им влегле во трага организаторот и извршителот го оставија да му ја кидне а ги затворија ретардираните кои чувале стража Голем успех за професионалците во МВР
Да, ама да речеш некој наркоман по улица кризира па ајде несакајќи ќе утепа некого да му земе 500 денари. Овие не се таква ситна боранија па да си ја ставаат главата во торба за 500 евра. Па и кола да му крадат. Па и Вања... Нема логика. Не правам теории, којзнае што се случило, не сакам ни да мислам низ што поминале жртвите, само кажувам дека нема логика во све ова и многу глупости се изнесоа во јавност.
И јас помислив на ова. Некои профили се со малку мислења што се бројат. Значи, специјално најавени за темава.
Обид за киднапирање на две деца во Карбинци, штипско. Од школски двор. Луѓе, МОРА ДА СЕ ПРЕВЗЕМЕ НЕШТО!
Ма кој близок од неговата фамилија ја тој би го мачела 20 години сите да го гледаат, само викам дека не е логично кога знаеш со каков човек си си имала работа да не посочиш накај него. Најмалце што правам е да ја обвинам мајката на Вања, само она си знае како и е, за таа жена животот е завршен, никој никогаш да не е и е во кожа.
Точно е, кружат муабети и за црно комбе... Некни градов Штип вриел од полиција... Психопатите како да земаат сила и замав од случајот со Вања.. Од локалната телевизија ТВ Стар имаше офијално известување. Еве сега и изјава од градоначалникот на о. Карбинци даваат... Сакале со сила две деца да внесат во кола... 6 и 9 одделение...
Не било точно тоа со црното комбе. На колешката сестра ѝ е полицајка, од неа ми е информацијата. Што се случува бе со народот? Што лошо направиле децата за да ги грабаат така
Зошто и кој организира протест па и слика на Вања направиле? Дали се нормални. Овој протест полицијата не смее да го дозволи. Будали.
А чекајте, знае ли некоја ова во Карбинци што точно било? Имало физички контакт, пробале да ги стават во кола или само стоела кола на улица? Многу штура изјава од директорката некако, како неписмена.