Кажувам бидејќи напнаа чудно како не отишла накај школото,чудно ова чудно она. Никој нема излезено со доказ за нејзиното движење. Затоа и кажав да престанат со шпекулации, варијанти има многу! Ако можеме да помогнеме, супер. Ако не, најдобро да се помолиме и да не се шират рекла-казала.
Да, и јас не знам дали може да вратат избришани пораки, ама мислам може по специјално барање од полиција. Ама да знаеш јас кога бев тинејџерка како бев "креативна", 300 ујдурми сме правеле со другарки, па од кај нив сум пишувала на фб, сум ѕвонела или порака на телефон ќе пратам, или ќе речам кога ќе го видите тој и тој пренесете му тоа и тоа, на тие години триста глупости ќе ти истекнат да направиш и начини да се скриеш од родителите да не те откријат... На 12 години инат ме фати зошто моите ме казнија да не излегувам од дома не знам колку време и јас се договорив со еден багабонт, 15 години имаше тогаш да се најдеме на шини и ме немаше со саати дома, во меѓувреме телефонот ми се изгаси, моите 20 пати ме барале. Ама ете, јас сум имала среќа у гз, и не појдов плус сама па еве ме денес здрава и права... ама не сите за жал ја имаат таа среќа.
Летово читав за исчезнатите деца во Америка кои сеуште не се пронајдени. Поарно да не пишувам што прочитав. Затоа пишувам дека сето ова е однапред испланирано. Ја следат жртвата подолго време. Дај Боже да не е тоа, туку да е отидена со некој дечко. Да не знаеш на кого да веруваш. Секакви манијаци има.
Мајката работи на висока позиција во А1. Сигурно сите броеви и се проверени одма. Тешко на родителите. Јас не знам дсли би преживеала вакво нешто, да ми го снема детето.
И јас имам гледано. Луѓево мислат кај нас такви работи нема. Страшно е општо (не зборам за случајов) што Скопје е одма до Косовска граница, дур се крене полиција одма се префрла граница, оди после најди го. Или ене ја Албанија, кај Дебар буквално покрај автопат е границата, има пат низ шумата што поминува, значи се гледа патот неасфалтиран и демек тука местото ептен "обезбедено" е. Од Америка до Мексико како пренесуваат деца? Гледав еден случај ич поубаво да не пишам, мајката 6 години веќе поминале, уште не беше соземена во документарецот. Подобро да сме со очи отворени што се случува, одколку да си викаме тоа кај нас го нема.
А сериозно очекувате полиција се да даде во јавност? Не смеат заради истрага, си постојат правила. Не знаеме ни кои се нејзинитез ни нивно минато, ни зашто мајката одма рекла киднапирана е! Може има нешто во позадина. Нека се најде девојчево здраво и живо па нека си брка полиција работа.
Или можи полицијата ништо нема за случајов, никаква трага ни ништо, до сега ќе се кажеше нешто, ќе се пушташе снимка кај шо се движи. Дај боже своеволно да е замината и да и дојди памет да се врати дома, можи е исплашена или можи некој ја држи не ја пушта му е страв од полиција, ќе го казнат така ако е своеволно замината, дечко некој ако е постар?
Срамота е ова што се прави на социјални мрежи,луѓе со многу следачи цело време со статуси,па хект кон МВР,хејт кон телевизиите,па во коментари бљувотини дека да се викала Ваљбона повеќе ќе биле заинтересирани бла бла....резил!!! Зошто мора да се плука по некого,верувам дека даваат се од себе сите,во цел свет има нерешени случаи,толку многу се одвратни луѓево за лајкови! Па уште да излезело МВР до кај била истрагата,нас баш ќе ни кажат обавезно,никаде тоа го нема,се води истрага и тоа е тоа. Да беше избегана со некого досега ќе најдеа а и ќе се вратеше сама,навистина преголема паника ме фаќа.
Мислам дека да. И да не е држена со сила, може да одговара што не кажува дека е кај него лице што се бара. Иначе ако е дечко или живее со родители, или е полнолетен и живее сам. И во двата случаи би одговарале.
Не знам на кој начин барале по социјални мрежи, ама во вакви ситуации само симнување дата на податоци. Се надевам знаат од Мвр што прават кога станува збор за ова. Мене освен што ми е жал, ситуацијава буди нервоза во мене. Девојчево губи траг во најразвиениот дел на Скопје, каде што на секој чекор има кафичи, продавници и фирми. Мислам, во најмала рака, треба да се знае во што кола влегло и на каде се упатиле. Ако во овие услови се има толку малку информации, што останува за други средини?
Смешни сте со тоа што требало полицијата да направи со нејзините профили и со лаптопот. Или пак што пишуваа да се проверат камерите во таа област. Еве они од вас чекаа да им кажете што да прават во ваков случај. И на фб и овде иста слика.
Во тоа време од денот секој брза за на работа и напротив во гужва е полесно колку и да звучи глупаво,хаос е и никој никого не гледа,смислено им е се тоа.
Да, нас специјално да ни кажат. МВР не смее јавно да споделува детали кои би ја загрозиле истрагата, а со тоа и животот на девојчето.
Мвр кажува дека ваков случај до сега немале.Испитани се еден куп блиски нивни луѓе и по тоа проценуваат за каков профил на особа се работи.Несакам ни да замислам како им е на родителите. Највеќе мака ми е што баш во овој момент се случува самитот па сите расположливи сили таму се насочуваат.А верувам дека даваат се од себе да се пронајде.Прпверено е во компјутерот и телефонот,не им дало никаква трага.Барем така изјавила мајката за веснициве.
Какво МВР, ФБ и Фемина детективите знаат подобро... Некој се едуцирал за тоа, ама не, Трајанка од Коњари ќе му кажува што да прави.
Јас прво помислив дека има нешто во позадина. За време од 50/60мин мајката пишува добро скоцкан статус на фејсбук ќерка и киднапирана и одма пријавила во полиција. Како за време на школски час, она се сомнева дека ќерка и е киднапирана? Зошто би ја барала телефонски за време на школски час? Како може толку прецизно,јасно и кратко да ја опишува секоја минута од моментот кога ќерка и тргнува од дома? Како тоа веднаш се обратила во полиција? Во таа потресна состојба….многу рационален однос и прецизен…..хммм чудно…. Не судам, само имам многу неразјаснети прашања и неразјаснет однос од мајката….целата ситуација е малку нејасна….
Овај одма политика да измеша. И шо дека јавно пишува таму не знаат дека има начин да се дознае за телефонот зад затворени врати, шо јавно. Ако се киднапери мобилниот ќе биди исфрлен уште одма. Барем тоа нека го проверат ако имаат таква технологија.