Крајно неписмени се, никакво познавање немаат од ниедна постапка, прашуваат глупости. Не знам кој е овој десно од министеров, ама кога прашаа дали станува збор за секта, фацата му беше баш како ова емоџи Ништо битно не го прашуваат, само ГЛУПОСТИ А вие слушајте подобро, не само да пишите овде ко навиени. Кога го прашаа дали се задушила при киднапирањето, министеров кажа дека причината за смртта на Вања е прострелна рана и дека обдукцијата понатака ќе даде подетално инфо, и дека не е со сигурност дека има вмешано и други лица туку допрва треба да се утврди тоа. Штом Александар е уште во притвор, значи уште детали фалат и нема се кажано. Да видиме дали палчо ќе стигне до овде, или ќе скине конци пред екстрадиција
Ироничен бев Ау новинариве, остај што се пролив, очекуваат министер за внатрешни работи да шпекулира.
Кога прашаа како е убиена, во смисла дали е стварно угушена, Спасовски рече дека чекаат резултати од обдукцијата, ама имало прострелна рана. Така кажа.
Сумирање Министерот се заблагодарува на регионот за соработката. Колегите направиле детална проверка. МВР чекало и добило официјална потврда. Палевски е во екстрадиционен притвор. Ќе биде спроведен во државава. Адвокатот го однел, па другото лице го презело. Завршил во Баликесир, Турција. Денес попладне е фатен. Според изворот на МВР, Палевски сакал да симулира одење во Истанбул земајќи такси, па се вратил во Баликесир, по што е фатен. Се очекува да го донесат откако ќе заврши постапката. Кажаното од вчера продолжува да важи. Уапсените се монструми. Оружјето ќе треба да се вештачи. Не може премногу да се споделува. Не смее да се добиваат политички поени преку мртви души! Ќе има дополнителни информации кога ќе дојде моментот! Треба да се утврдат факти и докази за да се пише кривична пријава. МВР работи и споделува колку што може со новинарите и јавноста. Не се исклучува можноста да има уште некој инволвиран. Има постапка за потерница. Тоа не може да се заврши за 5 минути. Дополнителни информации ќе има подоцно.
И новинариве неспособни, и министриве леле... 2-3 конференции дали сум гледала во мојот живот почнувајќи со Филипче за корона, немаме еден политичар што може самоуверено и јасно да зборува за работите за кои е МИНИСТЕР. Овој Спасовски сере од страв додека да го слушне наредното прашање пошто знае дека нема да знае што да одговори...
Da se pozamaraa na vreme, so prviot isceznat moze ke gi sprecea vo ponatamosnite nameri, a baska so I kidna kako osomnicen
Не, нашите се ептен способни бидејќи успеаа осомничен да задржат на своја територија. ОСОМНИЧЕН ЗА УБИСТВО НА ДВЕ ЛИЦА МЕЃУ КОИ И МАЛОЛЕТНО ЛИЦЕ
Вака да работеше МВР на сите случаи, државата ќе ни цветаше. Значи можеле. Се прашувам само дали таткото станал свесен дека си го убил детето?
Се думам дали јас имам пропуштено нешто или не е јасно одговорено дали конкретно се знај дека таткото монструм делел информации со убијциве или као го искористиле него за да добијат информации за Вања??
Јакиот мочко што имаше храброст да убие дете, а бега ко пи.ка... Е толку ќе кажам... Пресов ми беше добар. Иако никого од овие политичари не милувам, се ми беше на место овој пат. Луѓе, ништо во државава не ни е решено вака брзо, ни една обична сообраќајка да не заборавиме. Впрочем, ова не треба да не чуди. Ова е нешто што вака мора да биде!!!