Затоа што не сум за смртна казна. Можам јас лично да сакам да се мртви, но не сум за смртна казна како законска казна и процедура и ми е многу глупо тоа да се коментира за се и сешто, уште протести сакавме за да се воведе смртна казна...
Искрено, повеќе од јасно е дека овој случај заврши многу многу трагично, ама пак на некој начин сум благодарна што брзо го разрешија случајот што можеше да трае со години. Камо среќа за секоја исчезната личност да се кренеше цела Македонија како за ова, верувам дека ќе се направеше нешто и за тие 70 лица што се водат како исчезнати на страната на Мвр. После ова верувам никогаш нема да бидеме исти, ама барем брзо заврши и ја дознавме вистината. Почивајте во мир Вањичка и Панче.
Значи и вчера повтори министерот и денес, побегнат е пред да стане осомничен. Читам темава и не ми се верува колку глупи се сите на сила правите... Или може па не се правите...
Кривичната пријава за случајов била изработена на 100 страници. @JuLleE ова многу е, значи нешто? Знам дека Србија се "воодушевуваа" кога кривичната за Рибникар беше околу 260 страни.
Кога некоја државна институција заслужува да се критикува за неуспешност и неажурност (многу често) во ред е, но овојпат тоа не е случај, навистина се претерува со глупи коментари некогаш. Ми делува ко да никако не може да се угоди на некои луѓе.
Истражувачите од Фемина многу помогнаа од темава за истрагата, обичуко заборави да ви се заблагодари.Сите можни теории за случајот, МВР од тука ги црпеше.
Даа, нормално да не се делат предвреме информации, само не бев сигурна дали јас сум пропуштила нешто или не сум сфатила. Тој детал уште да ми се разјасни чекам. Многу ми олесна дека го фатиле овој Палчо Малчо нз точно. Како да ми падна камен од срце, нека пукни од страв што го чека овде! Хахахаххахахаха Нели
По редослед Кирче Даневски-началник на СВР Скопје, Сашо Тасевски -директор на Биро за Јавна Безбедност, Спасовски и Рефик Ќерими -началник на Сектор за мегународна полициска соработка (Интерпол,Европол,Потраги).
И мене ова ме интересираше. На пресот Бубевски кажа дека тоа е од изјава на приведените, ним така им рекол Палчо. Значи други материјални докази засега, немаат. На Спасовски сега истото прашање му го поставија, рече одговорено е прашањето од Бубевски, и тоа е тоа засега. Само изјава од осомничените. Важно овде е веќе осуден, запален, и отиден по ѓаволите.
CSI Macedonia: Femina edition.. @orevokrsacka сите кажувања се поткрепени со материјални докази. На рекла казала нема да го соберат во притвор вервај ме.