Обиџуко изгледаше како да нема една недела спиено, со подочњаци до нос, не му е и него сеедно, родител е, за дете се работи. Никогаш не посакувам лошо, но на монструмиве им посакувам да бидат мачени до неиздржлива болка, и да горат во пеколот
Срцето на место ми дојде кога слушнав дека е уапсен палецов. Позитивно сум изненадена од брзата разрешница на МВР. Турција се знае дека брзо ги решаваат ваквите монструми. И аман, прекинете со таа смртна казна уште колку пати да ви се каже дека нема фајде од тоа, само спас е за нив!
Знаеш дека државата е отидена во неповрат кога народот се буни оти е уапсен еден од најголемите криминалци во нејзиното постоење, нарачател и извршител, да не речам CEO, на можеби најстрашното криминално дело кое се случило во државава во овие 30 години нејзино постоење. До тука ли паднавме?
Нема никаква врски децата си го сакале таткото, и обратно нормално семејство биле… Да не мешаме баби и жаби, е што се случувало помеѓу мајката и таткото си е нивно.. Тука треба да се концентрираме на тоа сите да добијат највизоки казни и без ден да не видат
Така би се вадела и јас главниот виновник да ми има побегнато. Кој доказ го имаш дека побегнал пред да стане осомничен? Изјавата? Едит: и без да стане осомничен, како што имале назнаки за останатите, особено да него знаеле и требале да се користат со различни тактики и мерки превентивни. Патем, многу е јасно дека уште пред да кажат, знаеле се но само ги таеле информациите поради самитот. Нека ве прават на овци, ако ви е
Како било, за тие работи они си знаат. Сега бар имаат завршница.. во мисла ми е сестричката. Душа мила.
На партијашите и политикантите кои се против Спасовски ко да им е криво што толку брзо го фатија. Настрана нивните глупости,факт е дека полицијата ја одработи ефикасно работата, сега е на ред обвинителство.
Можеби тоа што пред 2ри декември немаше тело ниту пронајдено возило и немало за што да биде осомничен?
Кога ги видов, искрено така жал ми падна за нив. Жал во смисла, наместо луѓе стабилни, успешни, прибрани да бидат, тие еве кај се. Жал во смисла колку малоумни а пред се' бездушни можеа да бидат. Апсолутно заслужуваат максимална казна и ваков третман, само ете си викам како можеа да се осмелат да го сторат тоа што го сторија, што мислеа дека прават? Мислеа немаше да бидат фатени и казнети? Така е тоа, ќе киднапираш и убиеш и ќе си продолжиш како ништо да не било... Од глупост и бездушност си пресудија и себеси и на своите семејства, засекогаш обележани. Жално е кога човек ќе се претвори во ѕвер. Жално е кога човек ќе го изгуби здравиот разум. Жално е што човек е во состојба да одземе живот на друг човек. Се' си има своја цена, сега нека си го сркаат тоа што го дробеле...
Мислам дека стварно заслужуваме еден специјален оддел. Сите не читаат и не пратат 24/7, не е фер да останеме само на форумов.