Читам за децата на обвинетите (не знаеме дали се виновни сеуште) пишувате цело време. Оставете ги нив не се ни криви ни должни, оти родителите не може да се бираат. Колку што Вања е виновна за татко и, толку и овие се виновни за постапките на своите. Крушата под круша паѓа, но често знае и да се истркала. Си ги знаете ли вашите родители 100% какви се? Колку од нив имаат сомнително минато? Ќе ви биде ли убаво да ве осудат само заради постапките на вашиот родител. Арно рече една членка попрво ќе се осуди, отколку да се постави прашање. Друго што ме интересира е каде во прикаската се вметнува објавата од профилот Џамија кој тврдеше дека Вања е убиена т.е во неа е пукано? Доколку обдукцијата покаже дека навистина е пукано треба убаво да се провери кој стои за тој профил и со која намера е напишано?! Доколку се уапси и овој, тогаш случајот ќе добие уште поголема слика.
Васко ефтов демек имал ексклузива Денес 22:30 на јутуб, проталашкајте на неговиот фб профил има кратко клипче
Палчо тргнал со такси за Истанбул ама со цел да направи симулација дека ќе биде таму. На некој излез од тоа градот Баликешир мислам беше, се симнува и се враќа назад демек отишол за Истанбул ама се враќал накај Баликешир како крајна дестинација, а не Истанбул демек ве заебав. Тогаш го фаќаат.
Видеото на Ефтов беше пуштено синоќа пред пресот на Спасовски, го гледав. Детално објаснува што и како се дешавало, вреди да се погледне за да ви се разјасни целата слика. Палчо најверојатно има и нарцисоидно пореметување плус шизофренски елементи.
Колку сте чудни сите што велите готово ги фатија убијците расчистен е случајот. НЕ. Случајов го потресе цел Балкан, огромен злочин и трагедија кој допрва ќе се расветлува и не смее да се заборави! Не смее да се остане рамнодушен на вакво злодело.
Ај сега полека, бавно, ти и тие што те лајкнале, отворете кај напатената жена и прочитајте ја последната објава. После тоа демантирај ме пак.
Јас на целиот случај гледам со резерва и немам никаква доверба во изјавите. Им се чудам на оние кои коментирале дека МВР и полицијата се покажале у топ форма ефикасно работеле. Од една страна секој ден на нетов читам критики дека во Македонија не фукнционира ниту образование, ниту здравство, корумпирана полиција, се е партиски измешано и ненормално многу се краде. Од друга страна ги читам оние наивните кои слепо веруваат дека полицијата се покажала во одлично светло за случајот, некако ептен наивни ми стојат и како дува ветерот и тие така. Нетов е бомбардиран со вакви коментари,,,момент да прикачам слика ... Ако претпоставиме дека е точно тогаш целиот случај иде во друга насока. На твстаници онлајн вчера пуштив да ги гледам вестите на МТВ и конкретно за случајов велат : мајката го пријавува киднапирањето , после од полиција му се јавуваат телефонски на убијциве и ги известуваат дека е поднесено пријава за исчезнувањето на детето и тек тогаш се одлучува тој еден да пука и да го убие детето. А тек после мајката пишува статус на фејсбук. Буквално на МТВ вестите со тие зборови е опишано. И пак некој ќе го прочитам на нет : браво за полицијата, златен медал ќе им дадеме, супер работат . И затоа не можам да им верувам на сите во изјавите , не е баш се така површински лесно како што изгледа.
Да си ми жива здрава! А овие на пресови викаат земена е од зграда. Ако е видена, кој ја видел и дали има снимки од објектите? Е заради вакви нецелосни изјави на мевере бара народот снимки!
Мајката во својата фб објава кажува која траекторија ОЧЕКУВА да ја помине девојчето, ја има видено кога излегувала од дома, и толку. Никаде нема кажано дека таа или кој било друг ја ВИДЕЛ како оди кон училиштето. Мајка и' не е министер за да бира зборови, посебно во таква паника. Да не беа толку глупи овие, а да се мислат паметни, немаше ни детево да умре без врска. Глава сечам дека од што се глупи ја убиле.
Држи вода, не викам не. И јас помислив на тоа дека го има пишано во смисол дека она ја видела .. дека она ја испратила од дома.
Така и има напишано. И јас така би се изразила ако не се трудам да објаснам дека до врата сум видела некого како излегува.
@LiquidLuna значи читај полека. 1. Видена е во Дебар Маало - ја видела мајката пред Вања да излезе од дома. 2. На пат кон Песталоци - да, на пат затоа што мајката може само да каже каде се упатило детето, значи на пат кон училиште дека таму требало да оди и натаму тргнала сабајлето откога излегла од станот. Јасно ви е сега? Да се врати смајлито што се крсти.
Полека де.. реков дека држи вода. Кажав што пишува у објавата. Не реков никаде дека не се согласувам. Смајлито што се крстело, нека се врати