Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исчезнати лица

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од friendy, 4 август 2017.

  1. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.602
    Допаѓања:
    48.967
    Пол:
    Женски
    Не сакав да навлагам у ситуацијата со дискусии, ама не можам да се воздржам.
    На пресот вчера се гледаше дека Теовел зборува со последните сили, изморен од ситуацијата и напорот да ја оправда довербата. Ем да одговори на глупите прашања, ем да не издаде нешто оти ќе ја загрози ситуацијата.
    Како да збори поинаку кога не смее да каже на јавноста се?
    Не го сакам, ама вчера навистина ме зачуди.

    Само се си мислам да не се крие нешто зад сето ова, некако многу наивни сите, со објавување на слики од возачот итн, уште да пишел, еве сме, најдете не.
     
    На Harper, VDT2906, Ahoy и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    А сегде се спомнуваше по интернет

    Нема нови моменти во истрагата што полицијата ја води од изминатиот петок кога во Сектор за внатрешни работи Велес беше пријавено исчезнувањето на 74 годишниот велешанец Панче Жежовски. Нему му се губи трагата на 24 ноември, годинава, кога за последен пат излегол од домот со лично возило марка „цитроен“ со велешки регистарски таблички коешто три дена потоа беше пронајдено целосно опожарено во скопското село Бразда.

    Семејството е во очекување на било каква нова информација поврзана со Жежовски за што е споделена фотографијата од Панче и во исто време ги моли граѓаните доколку го забележат, препознаат, да ги контактираат нив на телефонските броеви 078 446 222 и 078 324 291 или најблиската полициска станица, рече ќерката Македонка.

    ова е постирано 01.12 13:55ч


    -На 27.11.2023 било пријавено дека во 15.40 часот во с.Бразда, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Мирковци пронашле целосно опожарено патничко возило. До возилото била пронајдена регистарска табличка со велешка ознака, за која, по извршени проверки, било констатирано дека припаѓа на патничко возило „цитроен“, сопственост на П.Ж. од Велес, за кој на 24.11.2023 во СВР Велес беше пријавено дека се оддалечил од домот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот- информираат.



    https://fokus.mk/avtomobilot-na-isc...ajden-opozharen-vo-skopsko-od-nego-nema-trag/

    овие од МВР не знаат шо лажат или
    пошо ја за ситници многу памтам, и знам дека беше спомнато дека е изчезнат Панче со своето возило цитроен...

    кој сака нека чита кој неќе, не мора
    шо ми е чудното:
    Пначе го снемува уште 22ри така? Пријавен е тек на 24ти, со се колата
    Девојчево е пријавено 27.11 во 8:30
    Истиот ден 27.11 го наоѓаат возилото во Бразда.
    Таа била закопана во дупка а во непосредна близина бил пронајден и запалениот автомобил „Цитроен“ кој му припаѓал на Панче Жежовски од Велес.

    дента, 27.11 коа ја нашле колата, ако детево биле у близина, сериозно не ја провериле околината сакате да ми кажете?
    Они за дрога коа тресат, бараат сѐ во радиус од неколку М, а не па на место на злосторот
    не може некој да ме убеди, дека не прегледале околу, и не виделе тазе ископана дупка

    Оливер Спасовски вчера ја излажа македонската јавност, а МВР под негово раководство е испреплетено односно поврзано со криминогени структури. Имено, Оливер Спасовски кажа дека не трагале по возилото на киднапираниот Панче затоа што не знаеле дека истото е исчезнато заедно со лицето, а на 2 дена пред кобното грабнување на Вања, на 25-ти ноември, веб-портал објавува наслов и текст дека е исчезнат Панче со се неговиот автомобил, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

    Тој повтори дека иако веќе во јавност објавено неколку дена претходно, според Спасовски - полицијата НЕ знаела дека автомобилот на Панче е исчезнат и затоа истиот никој не го ни барал.

    - Доколку автомобилот бил предмет на потрага, истиот би бил идентификуван уште на самиот влез од системот „Сејф сити“ и од патролите на МВР во Скопје. И доколку автомобилот бил идентификуван на влез во Скопје, ќе се спречело барем киднапирањето и убиството на малолетното девојче. Па дури и да се случело киднапирањето, возејќи од центар до излезот на Скопје, возилото повторно можело да биде идентификувано и да се спречи убиството, истакна Ковачки.


    НАРАВОУЧЕНИЕ, ЗА ДРУГ ПАТ, ДА ФАЛИ И 99 ГОД ДЕДО, ТРЕБА ДА ГО БАРАТЕ КАКО ВАЊА, ПОШО МОЖЕ ДА Е ПОКАЗАТЕЛ ЗА НЕШТО. НЕ СЕКАД Е ТАКА, ДА, АМА ОВОЈПАТ БЕШЕ!!!!
    А НЕ САМО ЗА ОБСЕ ДА СЕ ТРЕСЕТЕ
     
    На Harper, VDT2906, DoubleK и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.324
    Допаѓања:
    170.715
    Пол:
    Женски
    Дури вчера ми текна дека Владо Штипјанецот работеше кај мене у ресторан 2009г.
    Не беше забеган бре тогаш , навидум нормален човек, ако ја тргнеме настрана желбата за пиење после работа .
    И по две смени идеше , стално збореше дека сака двата сина да му имаат се .
    Како ли се претвори во ваков звер :(

    До последниот ден од животот само мочката да си ја пиеш , простачиште едно !!
     
    На Curious cat, VDT2906, Konfetka и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.866
    Допаѓања:
    13.499
    Ај да бидеме реални дека по велешанецот не се трагаше толку. Испаѓа постар човек, па што? Или немал во фамилијата познати што работат во МВР. Знаеме како функционира кај нас се. Да потегнеле по него повеќе, може ќе се спречеше другото убиство.
     
    На Harper, VDT2906, anggell и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.802
    Пол:
    Женски
    Што ти смрди?
    Прво, не е на 27 познато и објавено дека го нема автомобилот туку на 24. И Панче и автомобилот.
    Второ, Фокус објавиле за Панче и автомобилот на денот кога исчезна Вања, да, и? Што лажел Спасовски? Не ти текнува дека не кажуваа информации заради истрагата? Се' е најдено, што сакаш уште? Сакаше во истата секунда кога ќе имаа сознанија да кажат?
    Не ми се верува за што се фаќате некои, стварно.
     
    На Stressed Out, IRBBB, Polyincognito и 5 други им се допаѓа ова.
  6. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.094
    Допаѓања:
    21.694
    Пол:
    Женски
    Пред 5-6 години бев последен пат кај нив, си даваше крипи вајбс човекот ама сметав дека е само чуден... Не психопат ебаго. Ама испрани им се мозоците во таа Десната... Може и до лани бил "нормален". Ми се згади сега ко прочитав у групата за поддршка на копилето го бранат луѓе што ги знам. Ugh :envy:
     
    На Konfetka и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    6.548
    Пол:
    Женски
    Не знам дали уште не води животинскиот инстинкт на експресивност или веке размислуваме со ладни глави.
    Ама овде нешто многу јако смрди.

    Жално за девојчето, ама ова со Плачо, татко и, и сите под ред, некако многу голема гомнарија.
    А министерот слободно може да си стави еден голем X на челото.
     
    На elenaklasik, mariz, Viveki и 4 други им се допаѓа ова.
  8. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.094
    Допаѓања:
    21.694
    Пол:
    Женски
    Како се праи репорт на групата, нека ми објасни некој. Скарана сум со фб
     
  9. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.954
    Дали сериозно вака мислиш или си и ти од некоја политичка партија па ги браниш :o

    Министерството за внатрешни работи демантира дека во едно основно училиште во Карбинци, имало обид за киднапирање на ученици. Како што информираат од СВР Штип, момче поканило во своето возило да влезе ученичка за да одат на кафе.

    „Денеска (05.12.2023) во 09.52 часот во СВР Штип од Основно училиште во Општина Карбинци е пријавено дека околу 09.30 часот во училишниот двор со патничко возило „голф“ дошло младо машко лице, кое според пријавеното, поканило ученичка да влезе во неговата кола за да одат на кафе, но таа веднаш се вратила во училиштето и пријавила кај директорката“, велат од МВР.


    @AngelOfArh , не дај боже на твое дете да го покани некој на кафе со непознат голф и онака ладно полицијата да изјави, де бе ништо не е, на кафе е покането детето , не знам дали ќе ги браниш и министерство и полиција.

    Не ми се верува какви луѓе има што поддржуваат полиција (facepalm)
     
    На Wideperpetual, Selest и ideniki1 им се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.375
    Допаѓања:
    103.131
    Пол:
    Женски
    Дете претеруваш, ама озбилно претеруваш.

    1. Не е дека рекоа дека не е пријавен, рекоа не барале автомобил, од друга страна ќерката објавила на интернет дека ја нема колата, ама па не мора да значи дека и во МВР пријавила. Значи игра голема улога што кажала во полиција. Исчезнал вечерта на 22ри, треба да поминат 24ч за да се пријави, како не сфати досега, сто пати тоа се кажа. Сега дека колата излезе предмет од значење сите ја зборат, а реално во тој момент веројатно значело Панче излезе од дома со автомобил и го нема да се врати, не можеме ни колата да ја најдеме и тоа е тоа. Од лоцирање на Сејф сити до наоѓање има неколку часа, да не ја најдеа до 2ри кога детето е најдено па да се збореше, истиот ден ја нашле, дента кога е лоцирана а до тогаш никаде ја немало.

    2. Детево не е на неколку метри закопано, според видеото на Телма е прилично далеку закопано, во отворено поле, бараат игла во плас сено, а да не збориме дека на крај и Панче и таа се закопани во џбун, како не би се видела тазе ископаната земја.

    Имај малце осет и премери што ќе напишеш оти пишуваш само глупости и упорно ја наметнуваш твојата историја како те треселе, демек ја сум манга голема, праам криминали ме тресат мене а Палчо никој не го чепкал. Дај малце симни се на земја. И ако најдеш во државава случај ваков расветлен за помалку од 10 дена да пишеш. Сите ни работат емоциите и со денови не сме спиени и ја мислиме ситуацијава, за разлика од тебе ние имаме деца нешто помали од Вања кои утре треба да ги пуштиме во градов и да не побудалиме од грижа, па не лупетаме овде без никаква врска.

    Извини вака, а кај виде дека напишав нешто друго освен за случајот? И тебе ќе те прашам, дали си видела друг расветлен случај толку брзо кај нас. И аманте престанете политика да мешате, ако ме веруваш не ни знам од која партија е Спасовски нит ме интересира.
     
    На Harper, *Amethyst*, Curious cat и 23 други им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.802
    Пол:
    Женски
    Чоек, што има во темава да се пишува на чие име бил станот? И останати приватни работи, за дедото, за мајката. Вања има помала сестра, треба да се заштити тоа дете! Нивниот живот не треба да е на тапет ставен, осет малку.
     
    На VDT2906, Amo.la.moda, BezglasnaBukva и 17 други им се допаѓа ова.
  12. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.954
    Немој молим те да ми кажеш дека мислиш дека готово се расчистил случајот, фала им многу на полицијата.

    Пак ќе се повторам : да не беше јавноста, тие споделувања по нетот, ич не им чуе на полицијава наша у Мк.

    Тројца членови од фамилија ми работат у полиција и тие сами ми велат убо што си иселена надвор од Мк оти тука секако фигуративно постоеме ние.

    Значи молим те немој да ми ги поддржуваш полицијата оти ништо не работат, само семки јадат додека се на работа.


    И сега ти ми ги фалиш браво успешно се изнаработеа , се расчистил случајот. Читам и се чудам што тоа читам 8-|
     
    На Harper, mama*rose, Bubish26 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Така и претходно викавте
    Дека паничам, ширам теории на заговор.
    А пак нешо шо кажав е точно
    Луѓе размислувам трезвено и логично. Поготово од кога ги најдоа
     
    На Tanjamm, Simon4e0507, Viveki и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Не знам што од ова се однесува на мене. :D да ме тагнеше:):)
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.954

    Не беше за тебе, извини , по грешка у сета манџа ти , ни крива ни должна.
     
    На Simon4e0507 и Mnik им се допаѓа ова.
  16. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Не се осеќам нападната. :Dисто мислење делиме на темава. :)
     
    На Simon4e0507, Mila_Mia, Black girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.063
    Допаѓања:
    268.813
    Извини пак те цитирам, пошто си од таму, а има шпекулации сега за сега само, дали е истата "улица" во прашање со возилото? На нечија рандом нива ја закопале?
     
  18. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.568
    Ги гледам профилите на гревовине осомничени во случајов, Палчо го тргам на страна: сите со фамилии, деца, работа, без досие, пријави и постапки против нив, се до сега. Навидум воделе нормален просечен живот, никој не се истакнувал со нешто невообичаено, посебно не нешто крипи.
    И наеднаш бум, киднапери и убијци! Што се случило? Зарем е можно вакви ликови после убиство мирно да си појдат дома и да си тераат животот? Епа јас мислам не! Вакви профили ако биле очевидци на свирепо убиство, мислам дека прво моментално ќе се покакаат во гаќи (буквално), до дома ќе добијат нервен слом, ќе кажат на домашните што се случило, и до вечер ќе пријават во полиција. А најмалку што би направиле е после првото убиство да продолжат со планот (ако им бил) да киднапираат дете за откуп да бараат. Абе усвет би фатиле, не па трезвено да планираат и второ злосторство.
    Чисто се сомневам дека биле сведоци на убиствата. А тоа што признале во полиција, хмм, после систематски полициски ќотек, веројатно проследен со закани и богзнае што, би признале без проблем и дека вчера вечерале суши со Елвис Присли. Не се овие луѓе психопати, туку се изманипулирани, злоупотребени и искористени во ова гнасно злосторство.
    И пак ќе кажам, ништо не им верувам што досега официјално кажаа. Знам со каква багра си имаме работа годиниве наназад.
     
    На mssuniquee, Konfetka, christinnn и 9 други им се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.375
    Допаѓања:
    103.131
    Пол:
    Женски
    Ама сеа не ми ставај зборови во пост што не сум ги пишала. Апсолутно не ја величам полицијата, чак што више велам дека имаме апсолутна оправдана недоверба во институциите, ама дека за ситуацијава дека се залагаат треба да си ептен инат да не се согласиш. Ниту па некаде спомнав во Карбинци што се дешавало. И јас имам дете кое иде во школо, зар сум малоумна да негирам нешто.
     
    На Stressed Out, Bitter-Sweet и Herrera им се допаѓа ова.
  20. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.818
    Допаѓања:
    3.886
    Пол:
    Женски
    Тој што го сторил ова не верувам дека му е прв пат...
     
    На Konfetka, bertold, Stressed Out и 3 други им се допаѓа ова.